Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово со демант за објавите во врска со чествувањето на 19 Ноември – Денот на ослободувањето на Тетово
2Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово со демант за објавите во врска со чествувањето на 19 Ноември – Денот на ослободувањето на Тетово
МакедонијаМЗШВ: Во декември нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизнисиРокот за поднесување барања ќе изнесува најмалку 45 дена од објавувањето на повикот во дневните весници. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој вчера, 23 ноември, ја објави претходната најава за декемврискиот јавен повик 01/2026 од ИПАРД III, кој опфаќа три мерки за кофинансирање на инвестиции во земјоделски стопанства, преработувачки капацитети и рурални бизниси. Надлежните институции направија проверки и постапија по сите препораки кои беа дадени од страна на Европската комисија. Притоа се пристапи и кон интензивно спроведување Акцискиот план за зајакнување на системите за управување и контрола на ИПАРД структурата, со кој, меѓу другото, се предвидува и дигитално следење на проектите од одобрувањето до исплатата, вклучувајќи ги и контролите на терен, како и рано предупредување при идентификуван ризик од доцнење на исплатите. „Ја обновивме довербата во ИПАРД и продолжуваме да ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред Европската комисија. Во рамки на спроведувањето на Акцискиот план го зајакнуваме Телото за управување со програмата и поставивме прецизни разграничувања на надлежностите, а во насока на јасно институционално нијансирање на тоа кој е одговорен за носење на секоја одлука и кој ќе ја проверува. Успеавме да ги идентификуваме и надминеме причините кои претставуваат ризик фактор за појава на слабости во процесот на спроведување на ИПАРД, односно ги зацврстивме европските стандарди во системот“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски. Мерката 1 поддржува вложувања во земјоделските стопанства за попродуктивно и одржливо производство, вклучително и набавка на механизација. Мерката 3 опфаќа инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, а мерката 7 е наменета за дополнителни дејности на фармите и развој на рурални бизниси. Од мерката 7 на овој повик се изземени производството и продажбата на енергија од обновливи извори. Рокот за поднесување барања ќе изнесува најмалку 45 дена од објавувањето на повикот во дневните весници. Пред отворањето на повикот, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги објави ажурираните упатства и потребната документација на својата веб-страница. Бесплатни совети за подготовка на барањата се достапни во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет-Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот.Одлучивме Македонија да ја развиваме, да ја движиме напред и мора да ги прифатиме предизвиците на новото време, а тоа се дигитализацијата и вештачката интелигенција, порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на конференција на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) за дигитална трансформација, која денеска се одржува во Скопје. Николоски истакна дека дигиталната ера и забрзаниот технолошки развој веќе суштински го менуваат начинот на функционирање на бизнисот, општеството и институциите, посочувајќи ги конкретните проекти на кои се работи, меѓу кои изградбата на национален податочен центар, воспоставувањето национален едношалтерски систем, воведувањето дигитална наплата на патарините и интелигентни транспортни системи за модернизација и поголема безбедност на сообраќајот. -Овие промени отвораат огромни можности во секое поле на дејствување, покрај во економијата, во здравството, во транспортните системи и речиси во секој сегмент на општеството, истакна Николоски. Тој посочи дека Владата веќе работи на реализација на стратегијата „Смарт Македонија 2030“, а еден од клучните проекти на кои се работи е изградбата на првиот државен национален податочен центар. -Со Министерството за дигитална трансформација веќе работиме на развој на првиот државен национален податочен центар. Интензивно работиме на таа тема. Истиот треба да почне со градба веќе следната година. Во моментов се работат сите процедури коишто се поврзани со урбанизација и со сета потребна документација со цел да може да почне изградбата. Идејата е овој податочен центар да ѝ служи на државата и државните институции, на едно место да се соберат сите државни институции. Сега имаме еден систем којшто е раштркан, неорганизиран, секоја институција води сметка сама за себе, најави Николоски. -Во напредна фаза сме на креирање на национален едношалтерски систем, којшто е замислен како централизирана платформа којашто ќе овозможи сите релевантни институции да работат во заедничка дигитална платформа, додаде вицепремиерот Николоски. Во своето обраќање, тој го најави и воведувањето на новиот систем за електронска наплата на патарини. Не зборуваме за отворен или затворен систем на патарини, туку воопшто нема да има патарини на патот и начинот на којшто ќе се наплаќа користењето на автопатот ќе биде по изминат километар, што е далеку, далеку поправедно од системот којшто го имаме сега, појасни Николоски.Првата примена на овој систем е планирана на автопатот Охрид – Кичево, чија изградба треба да заврши до крајот на мај 2027 година, истакна вицепремиерот Николоски. Во делот на транспортот, Николоски најави и воведување интелигентни транспортни системи. -Во финална фаза сме на промена на легислативата со цел воведување на интелигентни транспортни системи. Се работи за пет закони, три во надлежност на Министерството за транспорт, еден во надлежност на Министерството за внатрешни работи и еден во надлежност на Министерството за локална самоуправа, потенцираше Николоски. Тој потврди дека со поддршка на Светската банка веќе е потпишан договор за воведување интелигентни транспортни системи на Коридорот 10, на делницата од Табановце до Гевгелија, а нивната примена се очекува кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.Тагови: Александра Николовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаСојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово со демант за објавите во врска со чествувањето на 19 Ноември – Денот на ослободувањето на Тетово Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово упатува јавна реакција, ги демантира и ги осудува како тенденциозна и злонамерна манипулација сите објави на медиумите на албански јазик во врска со чествувањето на 19 Ноември.Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово упатува јавна реакција, ги демантира и ги осудува како тенденциозна и злонамерна манипулација сите објави на медиумите на албански јазик во врска со чествувањето на 19 Ноември – Денот на ослободувањето на Тетово на 19.11.2026 година пред споменикот „Победа“ лоциран на булеварот „Маршал Тито“ пред Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ Тетово. Имено, истите тврдат дека учениците во униформи и со импровизирани оружја го славеле Денот на ослободувањето. Тоа е ноторна лага. Чествувањето има официјален карактер, се организира во соработка со државните институции и сите општествени организации, започнува со интонирање на државната химна и на истото учествуваат припадниците на Армијата кои се подредени од двете страни на споменикот. На настанот се чита историски реферат и бројни делегации положуваат свежо цвеќе. На достоинствен начин, се одбележува денот на победата над фашизмот, окупаторот и неговите слуги, се слави победата и националното ослободување. Ученици од сите училишта и деца од повеќе детски градинки оранизирано присуствуваат на настанот. По завршувањето учениците од ОУ „Гоце Делчев“ Тетово ја исполнија детската песна „Тетово граду мил“ приготвена во чест на 82 годишнината од ослободувањето на градот. Колку и да е некој злонамерен нема да успее да повлече никаква паралела и да најде сличност со настан во село Челопек случен неодамна во кој ученици при приредба биле облечени во униформи на паравоени терористички организации со пластични пушки во училишни простории. Значајно е да се акцентираат две работи. Најпрво грубата повреда на стандардите на новинарството. Прво, ваквите објави во кои свесно се прикажува невистина значат и целосно прекршување на новинарската етика, но и злоупотреба на професијата за ширење на говор на омраза и продуцирање на меѓунационални поделби. Второ, вистинското прашање од кое не може да се избега е следното: Зошто Општина Тетово не го слави Денот на ослободувањето, како и зошто Општината не ги афирмира и негува антифашистичките вредности ? Во оваа прилика Сојузот на борците од НОАВМ уште еднаш јавно им честита и се поклонува на сите училишта, просветни работници, општествени организации, клубови и друштва кои масовно се вклучуваат во одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот. Ние се гордееме со нашата историја, ние секогаш сме биле на вистинската страна, горди сме на нашата држава, химна и знаме, горди сме на нашата Армија и сплотени ќе продолжиме соборно и заедно да ги одбележуваме значајните национални денови. Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи ТетовоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаБитиќи: Власта ги одби сите амандмани на СДСМ за подобар живот на граѓанитеВласта ги одби сите амандмани на СДСМ во досегашните три дена од амандманската расправа за буџетот, меѓу кои и предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра.Власта ги одби сите амандмани на СДСМ во досегашните три дена од амандманската расправа за буџетот, меѓу кои и предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, и покрај тоа што тие се однесуваат на подобрување на животниот стандард на граѓаните и унапредување на повеќе важни области, посочи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, оценувајќи дека предложениот буџет има сериозни недостатоци и не нуди развојна перспектива. „Да не заборавиме, имавме предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра. Иако имаме некакво убедување дека тие самите тоа ќе го направат некако, ќе видиме во наредниот период. Но, изгледа во оваа држава предлозите кога доаѓаат од опозицијата не чинат за граѓаните, туку парите од владејачкото мнозинство се подобри за граѓаните“, изјави Битиќи. Тој посочи дека власта не покажа подготвеност да прифати ниту еден од предложените амандмани, иако, како што рече, станува збор за сериозни предлози кои би го подобриле квалитетот на живот на граѓаните. „Во трите дена амандманска расправа од страна на владејачкото мнозинство не е покажан слух за ниту еден амандман, иако има сериозни и добри амандмани кои би требало да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Ние како опозиција до крај ќе се бориме да ја покажеме другата страна на медалјата, односно вистината дека зад ова не се крие развоен проект, дека има сериозни недостатоци и дека државата не оди во добар правец, особено во управувањето со јавните финансии“, порача Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00