Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
МакедонијаАнтикорупциска: Градоначалникот Мерко го штителе Обвинителството, судот, Судскиот совет, ВладаНиту Обвинителството ниту Судскиот совет ажурно постапил по иницијативата на антикорупционерите во незаконска набавка на луксузно возило на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во 2019. Предметот од струшкото обвинителство бил испратен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги известиле две години подоцна. Дали и што е сработено по случајот, од обвинителството до сега не им одговориле. Ивановска рече дека сознанијата за струшкиот градоначалник ги имале, во форма на иницијативи и претставки ги доставиле до надлежните органи но не добиле фидбек дека по нив се постапувало, што според неа, укажува на спреги кои не им дозволуваат на институциите да функционираат како што треба. Набавката на неколку возила за потребите на општината, меѓу кои и луксузното ауди, според Антикорупциска била спроведена во 2018 без расправа на општински совет во период кога Струга десетина години е со блокирана сметка. Судија од струшкиот суд на барање на Мерко, одобрил зголемувањето на минимумот основни средства за трошење на општината, што отворило сомнеж кај антикорупционерите за политичко влијание на тогашниот претседател на судот. Пријавата до Судскиот совет ја доставиле во 2019, по нивна ургенција две години подоцна од Советот им одговориле дека немаат таква пријава. -Еве ја претставката што сме ја доставиле, со доставница дека е примена во Судски совет. Ние имаме доказ дека предметот, претставката во Судски совет е примена. Во одговорот се вели дека по извршените проверки во електронската архива таков предмет не е пронајден. Што се однесува до наводите за претседателот на судот во конкретниот случај предметот е застарен, кажуваат од Судскиот совет. Во времето кога ние сме го доставиле предметот не бил застарен затоа што не биле поминати три години, потоа предметот исчезнува иако имаме доставница дека сме го доставиле, но во меѓувреме кога треба да ни одговорат по ургенцијата велат дека предметот е застарен.-изјави – Билјана Ивановска – Претседател на ДКСК. Предметот што го отвориле во ДКСК не се наоѓа помеѓу оние шест за кои вчера информираше обвинителството дека се постапува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МетеоУтре променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дождВремето утре променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе превртел преполн траект во Зимбабве, има 44 мртвиНајмалку 44 лица загинаа откако преоптоварен траект се превртел на езерото Кариба во Зимбабве, потврди полицијата. Бродот бил регистриран за 90 лица, но според продажбата на билети, превезувал 114 патници и пет члена на екипажот, со непознат број деца на бродот, објавува „The Guardian“. Иако официјалните бројки покажуваат дека бројот на лица на бродот е 119, не вклучувајќи ги децата, член на екипажот изјави за националниот радиодифузер „ZBC“ дека во времето на несреќата имало вкупно „153“ лица на бродот. Тој рече дека траектот се превртел вчера поради високите бранови. Еден од преживеаните патници изјави за „ZBC“ дека водата почнала да влегува во бродот околу триесет минути откако отпловил од градот Кариба кон островите и рибарските кампови. Единицата за цивилна заштита на Зимбабве (ЕЗЗ) соопшти дека специјализиран нуркачки тим е испратен на местото на настанот и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува. Во претходните извештаи, ЕЗЗ наведе 15 мртви и 27 исчезнати. Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен Полицијата на Зимбабве го ажурираше бројот на жртви попладнево преку две објави на платформата „X“, објавени со разлика од 32 минути. Тие прво објавија 38 мртви. „Телата се извлечени од езерото“, напишаа тие. Набргу потоа, бројот на потврдени жртви се искачи на 44. Телевизијата „ZBC“ вчера објави видео на кое се гледаат неколку преживеани како седат на превртениот труп на траектот. Најмалку четири моторни чамци им доаѓаат на помош, додека хеликоптер лета над областа. Макстон Канхема Пејџ, медиумскиот работник кој прв го објави видеото, исто така сподели видео од брегот на својот Фејсбук профил. Во објавата, тој напиша дека езерото е „луто“. „Неколку моменти подоцна добив повеќе од 200 повици за потонувањето на траектот. Навистина тажен ден“, додаде тој. Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен. Се протега на околу 240 километри по границата помеѓу Зимбабве и Замбија. Ова не е првата несреќа на езерото. Беше создадено во 1950-тите со изградба на брана на реката Замбези, британски колонијален проект кој расели околу 57.000 луѓе. Браната Кариба сега ги снабдува двете земји со најмалку една третина од нивната електрична енергија. Несреќите на езерото не се невообичаени. На замбиската страна во 2014 година, 26 лица, меѓу кои 24 деца, се удавија кога се преврте брод што ги превезуваше на прослава на Денот на независноста. На зимбабвеската страна, пет лица загинаа во несреќа во 2021 година, а во октомври 2023 година, три лица исчезнаа откако се преврте брод. Еден месец пред тоа, се преврте и полициски брод, но тогаш немаше жртви.Тагови: траект Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша!Денес, во голема и координирана акција, се отстранува површинскиот отпад од долгогодишната депонија во Радуша, локација околу која изминативе денови се создаде непотребна паника и се пласираа тврдења дека наводно е загрозена водата од изворот „РашчеУште еднаш јасно да потенцирам: депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот „Рашче“ и не претставува основа за тврдењата што се ширеа во јавноста. Но, кога станува збор за здравјето, сигурноста и спокојството на граѓаните, за нас нема „туѓа надлежност“. Иако чистењето на оваа локација не е обврска на Град Скопје, денес сме на терен и ја чистиме. Истовремено, сакам уште еднаш да бидам целосно јасен: водата во Скопје е безбедна за пиење! Секојдневно се вршат детални анализи во една од најсовремените лаборатории со која располага ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Резултатите се јасни и нема простор за паника, шпекулации или ширење страв меѓу граѓаните. Оние случаи кои во текот на вчерашниот и денешниот ден создадоа вознемиреност и паника меѓу скопјани, веќе разговараат со надлежните органи. Скопје е безбедно и така ќе остане. Никогаш нема да дозволиме неодговорност, негрижа или нечии манипулации да го загрозат здравјето и безбедноста на нашите сограѓани. Ќе реагираме секогаш, навреме и одговорно. Затоа што кога станува збор за Скопје и за луѓето кои живеат во него, нема компромиси. Скопје го чуваме. Скопје го штитиме. Заедно!- објави на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook