Ангеловска-Бежоска: Од утре детални информации за кредитите и депозитите за граѓаните - Канал 5

Ангеловска-Бежоска: Од утре детални информации за кредитите и депозитите за граѓаните

Во првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија, којашто беше донесена неодамна, се предвидени повеќе активности за олеснување на пристапот на граѓаните до финансиите.

Ангеловска-Бежоска: Од утре детални информации за кредитите и депозитите за граѓаните

„Овие активности и мерки се насочени кон: носење сеопфатна регулатива за заштита на потрошувачите во областа на финансиите, согласно со добрите практики на ЕУ; зајакнување на комуникацијата со потрошувачите заради подобро согледување на нивните потреби и реакција на нивните поплаки; финансиска едукација на потрошувачите за подобро разбирање на нивните права; разгледување на правните можности за разрешување на споровите, како и анализа на можностите за воведување финансиски правобранител", посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за веб-порталот „Пари".

Една од активностите за подобра комуникација и поголема транспарентност е воведувањето на новиот дел на веб-страницата на Народната банка, каде што граѓаните ќе можат да најдат подетални информации за банкарските производи, но и за заштитата на потрошувачите. Во иднина, овој дел на веб-страницата ќе се надградува, паралелно со активностите коишто ќе се спроведуваат.

На веб-страницата, меѓу другото, ќе се објавуваат најрепрезентативните банкарски производи на банките и штедилниците, согласно со Насоките коишто кон крајот на минатиот месец ги донесоа Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА). Ова е прв и многу важен чекор од остварувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, документ изработен од Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, а под водство на Народната банка.

„Од понеделник, сите граѓани ќе имаат унифициран пристап, на едно место, до најважните информации за потрошувачките и станбените кредити на целиот банкарски систем. Најголемиот број банки и штедилници го објавуваа најголемиот дел од информациите и до сега, но не унифицирано, не на ист начин, не во иста табела. Од понеделник, за секој граѓанин, овие информации ќе бидат достапни на ист начин, кај секоја банка и секоја штедилница. Значајно е да се истакне дека МБА и банките покажаа големо разбирање и целосно ја поддржаа оваа активност, со која настојуваме секоја банка и секоја штедилница да објавува избрана група информации што се од значење за формирање целосна слика за производот што се нуди, што понатаму треба да овозможи носење издржана одлука за производот од страна на клиентот. Со ова всушност ги насочуваме клиентите кон најзначајните аспекти коишто треба да ги имаат предвид при разгледувањето одделни кредити и депозити, заради избор на соодветен производ, истовремено водејќи сметка и за можните ризици", посочува Ангеловска-Бежоска.

Стандардизираните податоци севкупно ќе бидат достапни на веб-страницата на Народната банка, како и одделно, на јасно назначено место на веб-страниците на сите банки и штедилници. Објавата ќе ги опфати најрепрезентативните видови потрошувачки и станбени кредити за населението, како и најрепрезентативните видови депозити за населението кај банките и штедилниците. Покрај основните информации за банкарските производи, како рочноста, валутата и каматната стапка, предвидено е објавите да вклучуваат и дополнителни подетални информации, како што се висината на стапката на вкупните трошоци кај потрошувачките кредити и трошоците коишто не влегуваат во оваа стапка, видот на обезбедувањето и минималниот сооднос обезбедување / кредит кај станбените кредити, можноста за предвремено разрочување кај депозитите и други, се наведува во соопштението од Народната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Кралот Џејмс“ се збогуваше со Лејкерси

Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата, 42 годишниот Леброн Џејмс одлучи да го напушти тимот на ЛА Лејкерс по осум години. 

„Кралот Џејмс“ се збогуваше со Лејкерси

Четирикратниот НБА-шампион и најдобар стрелец во историјата на лигата, Леброн Џејмс, го заврши своето поглавје во Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони поминати во дресот на славниот клуб.

Џејмс остави длабока трага во Лејкерс, а врвот беше достигнат во 2020 година, кога го предводеше тимот до шампионската титула во специфичните услови на „балон“ за време на пандемијата на коронавирусот.

Пред да дојде во Лос Анџелес, тој го носеше дресот на Кливленд Кавалирс два мандата, додека играше и за Мајами Хит четири сезони, каде што освои и титули во НБА и изгради статус на една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката.

Клубот од Лос Анџелес набрзо излезе и му се заблагодари на својот долгогодишен лидер, истакнувајќи го неговиот огромен придонес, шампионската титула и влијанието врз генерации навивачи, со порака дека неговото име засекогаш ќе остане дел од историјата на франшизата.

Откако беше објавено дека неговата ера со Лејкерси завршува, Леброн се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака:

„Не, благодарам! Беше вистинска чест да го носам виолетово-златниот дрес и да се обидам да ја продолжам традицијата на величина и наследство на сите оние што дојдоа пред мене. Се надевам дека во текот на мојот мандат направив барем некои од навивачите горди.“

Заминувањето на Леброн означува крај на една од највлијателните епохи во модерната НБА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп пријавил приход од повеќе од 1,4 милијарди долари од вложувања во крипто-проекти

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто-инвестиции на неговото семејство.

Трамп пријавил приход од повеќе од 1,4 милијарди долари од вложувања во крипто-проекти

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто-инвестиции на неговото семејство, што покажува дека поголемиот дел од својот приход тој го остварува од дигитални валути кои имале корист од неговите политики.

Финансиските извештаи за минатата година поднесени до Канцеларијата за владина етика откриле дека неговите компании добиле речиси 800 милиони долари само од „Ворлд либерти фајненшл“, крипто-проект што американскиот претседател го започнал со своите синови.

Според американските медиуми, приходите од криптовалути биле убедливо најголемиот извор на заработка на претседателот.

Тие значително ги надминуваат 77-те милиони долари приходи од неговото одморалиште Мар-А-Лаго, како и 25-те милиони од неговиот голф-клуб во Северна Вирџинија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери.

 Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери, и да можат потребните документи да ги добијат на брз начин без чекање по институции, а развојот на порталот се гледа преку бројот на поднесени барања и бројот на услуги побарани од страна на граѓаните.

Владата работи на усогласување на домашната законодавна рамка со европските регулативи и директиви па така ,,Роаминг како дома“, ќе биде достапен за македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите од ЕУ, по цени како дома, и така ќе можат да користат интернет, повици и СМС.

Приоритет е Реформската агенда, а во рамки на истата донесен е најголем пакет на закони во 2025 година, а истата тенденција продолжува и годинава.

Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот по спроведување на реформите, а ќе се донесат и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда. Досега Македонија има добиено 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација.

Оттука, бројот на центрите за услуги е зголемен од 5 од 2024 година до 16 годинава, за да државата биде поблиску до граѓаните на кои им е потребна поддршка.

Дополнително, со Националниот центар за вештачка интелигенција ,,Везилка“, најзначајниот приоритет е јазикот и културата, системски развој на македонските јазични модели и дигитална заштита на културното наследство.

Владата, универзитетите и индустријата пак градат систем за вештачка интелегенција, а Македонија станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција, со што се работи на национален екосистем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, применувајќи го нашиот јазик.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ како за време на овие две години, така и во наредниот период ќе работи да им овозможи на граѓаните полесен пристап, што значи брзо добивање на лични документи, а воедно со тоа ќе им се намалуваат и трошоците, а во иднина доследно ќе работиме на развивање на дигитализацијата, и нејзино вклучување во сите области.

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер