3Претрес во виничко, лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка, поднесена кривична пријава и одреден притвор
3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
Шоу бизАнџелина Џоли го посети граничниот премин Рафа кон Појасот ГазаАмериканската актерка Анџелина Џоли ја посети египетската страна од граничниот премин Рафа кон Појасот Газа.Џоли го посети египетското Здружение на Црвената полумесечина за да добие увид во хуманитарните напори кон блокираниот крајбрежен појас, соопштија извори од организацијата. Регионалниот гувернер ја прими Џоли и ја придружуваше за време на нејзината посета на премиенот. Арапските медиуми објавија дека присутен бил и претставник на американскиот Стејт департмент. View on Threads Џоли, потоа со симболичен гест помогна во пакувањето хуманитарни материјали за Газа и ја изрази својата благодарност за напорите на Египет. Таа, исто така, ја пофали клучната улога што ја играат волонтерите и персоналот во ефикасната дистрибуција на хуманитарни материјали и покрај бројните предизвици. Таа се појави и во блиската болница Ал-Ариш. Џоли пред повеќе години беше специјален пратеник на агенцијата за бегалци на ОН -УНХЦР, а и денеска продолжува да посетува воени и кризни региони низ целиот свет за да го привлече вниманието кон страдањето на цивилите. Рафа е единствениот граничен премин во Појасот Газа што не води директно до Израел. Преминот беше затворен за време на војната во Газа. Хуманитарните организации веќе долго време бараат преминот да биде отворен.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на РЦУК Свети Николе за заштита од пожариАктивностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари.Во насока на намалување на ризикот од пожари на отворен простор, тим составен од претставници на Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи (ПО на РЦУК) Свети Николе, ОВР – Полициска станица Свети Николе, ТППЕ Свети Николе и ПШС „Шумарство“ Свети Николе спроведува заедничка координативна превентивна акција за заштита од пожари на територијата на општините Свети Николе и Лозово. Во рамките на акцијата се посетуваат населени места, каде на средбите со граѓаните се укажува на опасностите и последиците од предизвикување пожари, а се дистрибуира и промотивно-едукативен материјал со препораки за превенција. Паралелно, се вршат контроли во шумските подрачја со цел да се утврди дали се почитува забраната за движење во шумите. Активностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари, во соработка со општините Свети Николе и Лозово, со цел подигнување на јавната свест и намалување на ризикот од појава на пожари.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДевет пријави за семејно насилствоСедум лица лишени од слобода, едно пренесено во здравствена установа, вкупно девет пријави за семејно насилствоНа 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.С.(18) од Радовиш. Според пријавеното тој околу 19:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(54) од Скопје, по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 48-годишна сопруга и нивните деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид од слобода се лишени А.Д.(59) од Струга и Ж.С.(62) од Охрид. Тие претходно, во домот на нивните родители, предизвикале вербална расправија, по што Ж.С. физички нападнала членови на семејството. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од штипско, дека околу 00:05 часот физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во ОВР Македонски Брод е пријавено дека во село во општина Македонски Брод, М.М.(45) физички ја нападнал неговата 50-годишна сестра. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во 18:45 часот во СВР Битола Т.Ч.(59) и Л.Ч.(52), двајцата од Битола пријавија дека од страна на И.Ч., кој е брат на Т.Ч., им биле упатувани закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 12.07.2026 во 22:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.А.(38) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговиот татко дека во домот агресивно се однесувал и фрлал предмети. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 12.07.2026 во СВР Куманово, 55-годишна жена од Куманово пријави дека подолг временски период таа и нејзините деца биле физички и психички малтретирани од нејзиниот сопруг П.Ц., кој често бил под дејство на алкохол. П.Ц. е спроведен во Психијатриската болница Демир Хисар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во виничко, лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка, поднесена кривична пријава и одреден притворНа 11.07.2026 во 23:20 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница во содејство со полициски службеници од ОВР Виница ги лишија од слобода К.С.(28) и М.С.(31), двајцата од с.Јакимовo.При преземање марки и активности по претходно изготвен план, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, кое К.С го управувал, а М.С. бил сопатник, при што од возилото бил фрлен кокаин. На 12.07.2026 во 07:10 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од НККР Виница, врз основа на наредба од Основен суд Виница, извршиле претрес во домот и простории што ги користеле К.С. и М.С., при што биле пронајдени и одземени кокаин, канабис, дробилка со остатоци од канабис, пушка „валтер“ со калибар 4,5 мм, пари и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Против лицата е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по што се спроведени пред на судија на претходна постапка во Основен суд Кочани, кој им изрекол мерка притвор.Тагови: претреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook