Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли повторно има ново име - Канал 5

Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли повторно има ново име

Шајло Џоли, 19-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, тивко, но моќно блесна на еден од најголемите настани во Лос Анџелес овој викенд.

Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли повторно има ново име

На приватна вечера одржана во познатата куќа „Оливер Хаус“ во Силвер Лејк - архитектонски бисер од 1930-тите - модни инсајдери, актери и модели се собраа за лансирањето на капсулната колекција на Изабел Марант во соработка со Net-A-Porter.

Вистинската ѕвезда на вечерта не беше модната писта, туку Шајло, која кореографира посебен танцов настап, но исто така го претстави и новото име. Кореографијата, заедно со настапот во живо на кантавторката Луела и нејзината нова песна „Наив“, ја изведоа танчерките Кеони Роуз и Тако Сузуки. Емотивната рутина комбинираше елегантно раскажување приказни и смели движења, откривајќи поинтимна страна на инаку повлечената Шајло.

Од Шајло до Ши

Настанот, исто така, откри дека Шајло сега е позната како Ши. Откако официјално побара да се отстрани презимето на нејзиниот татко на нејзиниот 18-ти роденден, што не е изненадувачки со оглед на тоа што не е видена јавно со Бред Пит од 2014 година, Ши одлучи да го промени и своето име. Бред, патем, призна во шоуто на Опра Винфри во 2008 година дека Шајло сакала сите да ја викаат Џон или Питер, што го нарече „синдром на Петар Пан“.

Шајло продолжува да води многу приватен живот. Минатата година, Анџелина Џоли откри во „The Tonight Show with Jimmy Fallon“ дека нејзините деца генерално не сакаат да бидат пред камерата. „Мислам дека некои би сакале да бидат зад сцената. Но, тие навистина, навистина сакаат - особено Шајло - приватност. Само приватност. Таа ја цени приватноста повеќе од сè“, рече таа во тоа време.

YouTube video

Шајло последен пат се појави јавно со својот татко Бред на американската премиера на филмот „Unbroken“ во декември 2014 година, заедно со постарите браќа Пакс и Медокс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!

Млад човек од Србија е пронајден мртов на врвот на Јулиските алпи, Триглав, во Словенија.

На Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!

Словенечката служба за спасување во планина соопшти дека е завршена повеќeдневната потрага по млад планинар (19) од Србија, кој исчезна во областа на Триглав.

Планинарот е пронајден мртов, а службата изрази сочувство до неговото семејство и роднините.

Во неделата, на 1 ноември, планинарот останал заробен ноќно време, во областа Племенице поради густа магла и ветер .

Во потрагата учествувале планински спасувачи од Бовец и Мојстрана, а во понеделникот, на 2 ноември, пронашле неколку негови лични предмети.

Потрагата продолжила и во наредните денови, при што во акцијата биле вклучени хеликоптерски екипи од Брник, како и хеликоптери на словенечката војска и полиција.

Интервенцијата се одвивала на исклучително тежок терен и во многу тешки временски услови, проследени со снег, мраз, дожд, ветер и магла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. 

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија.

- Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини. Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него. Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека обврска на Град Скопје е да им обезбеди услови на младите со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат, бидејќи најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија.

- Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Фризерско-козметичкиот салон за учениците од „Димитар Влахов“ се наоѓа на булеварот Партизански одреди во Лептокарија во непосредна близина на Универзитет Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи

Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи

„Добар ден и од мене,

Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните.

Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ситуација се соочивме и што се наследивме, разурната држава, уништени институции, систем којшто не постоеше, но се трудиме приоритет по приоритет, еден по еден да ги решаваме проблемите и се надевам дека успеваме во најголема мера да ги решиме тие проблеми.

Што се однесува до самиот проект, слушнавте и од самите говорници за каков сложен проект станува збор.

Но, она коешто е поважно е дека со овој проект ќе се овозможи земјоделците коишто ќе ги обработуваат своите ниви да имаат повеќе достап до вода, односно ќе имаат можност да имаат достап до вода тогаш кога таа им е потребна.

Ќе има можност за повеќе реколта, повеќе земјоделско производство и конечно на крај повеќе приходи за самите земјоделци и на тој начин се надеваме дека голем број од жителите во овој крај ќе се вратат повторно на нивите, ќе го заживееме земјоделството и ќе имаме поголемо производство на земјоделски производи што претставува една од основните цели на работењето на оваа влада.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од владата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за посветената работа на луѓето од институциите во рамките на самото министерство коешто навистина со својата енергија, со својата напорна работа допринесува за овој проект денеска повторно се рестартира или отпочне со работа, на општината којашто дава своја поддршка се разбира секогаш кога е потребно за ваков тип на проекти, на пратениците од овој дел во македонското собрание коишто го поддржуваат реализирањето на ваквите проекти.

И остануваме ние како влада да решиме што повеќе проблеми, нешто коешто веќе го кажав на почетокот од моето денешно излагање и конечно на крај да се заблагодарам на нашите партнери од банката KfW коишто ги пратат овие проекти.

Се надевам дека уште многу вакви и слични проекти ќе решиме во иднина.

Нека е аирлија.“изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер