Александар Ристевски и Благојче Атанасовски во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Благојче Атанасовски и Александар Ристевски.

Грција и Бугарија го вклучија алармот во Брисел за спроведување на договорите од страна на новата македонска влада, следува ли нов заплет на евроинтегративниот пат на земјава?

Ќе дочека ли Мицкоски стабилна политичка Влада во Софија која ќе прифати измена на преговарачката рамка?

Има ли волја во Собранието за коренити измени кои ги вети ВМРО-ДПМНЕ во владината програма?

Ќе ја прифатат ли опозициските СДСМ и ДУИ подадената рака од власта за клучните државни прашања?

Ивана Стојановска со Благојче Атанасовски и Александар Ристевски вечерва веднаш по вестите во 18 часот !

Ѓорѓиевски: Реконструираме улици во Пинтија кои биле заборавени три децении

Во рамки на роденденската седмица што се одвива во Општина Кисела Вода и во која синоќа беше затворено четиридневното Културно лето, секојдневно се реализираат и поголеми инфраструктурни проекти. 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја посети населбата Пинтија каде започнува реконструкција на патна инфраструктура на површина од преку 5000 квадратни метри.

Како што соопштија од Општината, станува збор за улиците "Саса 12" и „Јабланица“ со сите нивни краци, улици кои што не биле обновени триесет години.

-Започнуваме со еден поголем проект за реконструкција на улици во Пинтија кои биле заборавени повеќе од три децении. Во периодот што е пред нас ќе работиме на улиците "Саса 12" со сите нејзини краци и на сите краци на улицата "Јабланица". Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5000 квадратни метри. Како што ветив, патната инфраструктура низ целата општина, до крајот на мојот мандат, а и порано од тоа, ќе биде обновена со што ќе овозможиме одлични услови за одвивање на сообраќајот и ќе го унапредиме квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Берил прогласен за ураган од трета категорија

 Берил е прогласен за ураган од трета категорија кога помина над Антилите, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на американскиот Национален центар за урагани, со седиште во Мајами.

Според центарот, ветровите на ураганот се потенцијално опасни.

Берил се наоѓа на околу 675 километри југоисточно од Барбадос со ветрови од 155 километри на час. /МИА

Арапската лига престана да го означува Хезболах како „терористичка организација“

Помошникот генерален секретар на Арапската лига, Хосам Заки, соопшти дека Лигата престанала да го означува Хезболах како „терористичка организација“, пренесува Анадолија.

„Во претходните одлуки на Арапската лига, Хезболах беше означен како терористичка организација, а таа ознака беше одразена во резолуциите, што доведе до прекин на комуникацијата врз основа на тие одлуки. Државите членки на Лигата се согласија дека ознаката на Хезболах како терористичка организација повеќе не треба да се користи“, изјави синоќа Заки за египетскиот канал „Ал-Кахера Њуз“, ден по неговата посета на Бејрут.

Тој рече дека „означувањето на Хезболах како терористичка организација повеќе не се применува“, истакнувајќи дека „Арапската лига не води списоци на терористи и не настојува активно да ги одреди ентитетите на таков начин“.

Арапската лига на 11 март 2016 година го класифицираше Хезболах како „терористичка организација“, со резервации од Либан и Ирак, и повика „да престане да го промовира екстремизмот и секташтво, да се воздржи од мешање во внатрешните работи на земјите и да ускрати каква било поддршка на тероризмот и терористите во регионот.“

Класификацијата беше направена набрзо откако земјите од Советот за соработка на Персискиот Залив го прогласија либанскиот Хезболах за терористичка организација на 2 март 2016 година.

Во петокот, либанскиот дневен весник „Ал-Ахбар“ објави дека Заки го посетил Бејрут и одржал состанок со Мухамед Раад, шеф на блокот Лојалност кон отпорот поврзан со Хезболах. Ова е прв контакт меѓу Арапската лига и Хезболах во повеќе од десет години.

Според соопштението на Арапската лига во петокот, Заки за време на својата посета која започна во вторникот, одржа состаноци со либанските функционери, како и со различни политички и парламентарни лидери кои претставуваат разновиден политички спектар на Либан.

Напнатоста се зголеми долж либанската граница со Израел за време на прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили, додека Тел Авив ја продолжува својата смртоносна офанзива во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година се убиени повеќе од 37.800 луѓе. /МИА

притисни ентер