Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ

Нема повторно да се преговора ниту за Преспа со Грција, ни со Бугарија за напредок кон Европската Унија. 

Граѓаните сакаат да видат промени. Ова се дел од директните пораки кои ги упати амриканаската амбасадорка Анџела Агелер во интервјуто за Радио слободна Европа. На прашањето „дали САД поттикнуваат нов дијалог меѓу Бугарија и Македонија?“, откако Мицкоски изрази подготвеност пак да преговара и нема никогаш да гласа за устваните измени, на што Софија се противи, Агелер јасно посочува дека договорите се веќе завршена работа.

1-Тие Договори се направени. Нема одново преговарање на Преспа, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ. Тоа е многу јасно. Има разлика, како што знаеме во мојот земја, меѓу тоа што се кажало во кампањите, што се кажало низ години, а што сега за да се оди напред. И силно се надеваме дека е направен прогрес, дека тие стари употреби или терминологии може да се остават на страна, и дека соседите, сеедно кој, почнувајќи од С. Македонија ќе може да имаат важни разговори од кои сите инволвирани ќе имаат корист. Се надеваме дека тоа ќе го видиме.

Во однос на Преспанскиот договор, Агелер вели дека САД се задоволни што новата влада ја положи заклетвата со употребата на уставното име, но велат дека и натамѕ внимателно ќе ја следата примената на Договорот.

2-Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува.

Во исто време, пораките од САД дека очекуваат Македонија да го продолжи европскиот пат на директна средба со македонскиот шеф на дипломатијата Тимчо Муцунски, во рамки на форумт во Дубровник, му ги посочил и помошник-државниот секретар на Стејт Департметот задолжен за Европа и Евроазија, Џим О’Брајан..

-Сoединетите Американски Држави со нетрпение очекуваат да соработуваат со новата влада и земјава да продолжи со напредок кон евроинтеграциите, напиша дипломатот на својот профил на платформата Х.

Според америкаснкиот дипломат што беше посредник во преговорите за името, Метју Нимиц, Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, што придонесе за ерозија на довербата кај граѓаните. Во интервју за грчки портал, Нимиц вели дека не очекува дека договорот од Преспа ќе пропадне но стравува дека постои опасност да не се импелемнтира.

EК одобри 25,5 милиони евра државна помош за реструктуирање на „Бугарските пошти“

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева).

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева), јави дописникот на МИА од Брисел.

Се очекуваа оваа помош да му овозможи на претпријатието да обезбеди долгорочна одржливост, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз конкурентноста.

„Бугарските пошти“ лани во мај добија кредит од државата во износ од приближно 26,5 милиони евра, по што во декември Бугарија ја извести Европската комисијата дека на претпријатието ќе му биде потребна дополнителна помош за реструктуирање.

Планот за реструктуирање опфаќа пакет мерки за рационализација на активностите на „Бугарските пошти“, оптимизирање на нејзината мрежа и намалување на трошоците. Паралелно, се превидува претпријатието да воведе дополнителни услуги, како телемедицина (обезбедување и поддршка на здравствената заштита со помош на ИКТ) и административни услуги преку неговата мрежа за потребите на други јавни субјекти.

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за конкурентност Маргрете Вестагер, оваа помош ќе им овозможи на бугарските граѓани пристап до подобри универзални поштенски услуги.

- По нашата проценка, заклучивме дека планот за реструктуирање на „Бугарските пошти“ ќе обезбеди одржливост на претпријатието на подолг рок, истакна Вестагер.

Според неа, за да се ограничат можните нарушувања на конкурентноста предизвика од државната поддршка, „Бугарските пошти“ се обврзани да обезбедат пристап до својата мрежа на други оператори кои се активни во универзалните и неуниверзалните поштенски услуги.

Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери

Изминатите 14 години на политички превирања во Велика Британија, во Кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит“, бр. 10 имаше една „фигура на стабилност“ - мачорот Лери. 

Миленичето на пет премиери би можел да го дочека и својот шести официјален сопственик, бидејќи општите избори во Обединетото Кралство се одржуваат на 4 јули.

Лери досега беше милениче на пет премиери од Конзервативната партија, а доколку анкетите се покажат точни, мачето наскоро би можело да го пречека и првиот шеф на Британската влада од Лабуристичката партија.

Со заминувањето на сегашниот премиер Риши Сунак, од Кабинетот би заминало и неговото куче, лабрадорот-ретривер Нова, што на Лери тоа „веројатно не би му пречело“, според луѓето околу „Даунинг стрит“, бр. 10. Сопругата на Сунак, Акшата Мурти изјави дека Лери и Нова имале „жестоки тепачки“ во домот.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер неодамна изјави дека неговото семејство има мачка и хрчак. Сепак, кој ќе се пресели на „Даунинг стрит“, бр. 10 - допрва ќе се види.

Јанчев: Стрит баскет натпревари во склоп на Кавадаречки стрит фест 2024!

Општина Кавадарци ви најавува Стрит баскет натпревари во склоп на Кавадаречки стрит фест 2024!

Стрит баскетот започнува на 18 и 19 ти јули на градскиот плоштад. На турнирот предвидено е да учествуваат 10 машки екипи со 3+1 играч . Предвидени се парични награди за најдобрите. 8000 денари за освоено прво место, 6000 денари за освоено второ место и 4000 денари за освоено трето место.

Право на учество имаат само екипи од Општина Кавадарци и учесниците не треба да бидат помлади од 16 години.

Пријавувањето трае до 14 ти јули, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Лица за контакт:

Боро Ѓорѓиев

078 482 371

Дарко Цеков

078 271 180

притисни ентер