Видео: Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции

Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции на комуналните јавни претпријатија.

Во главниот град на Србија од синоќа до утрово наврнале повеќе од 55 литри дожд на метар квадратен, што е количина вообичаена за еден месец.

За справување со последиците од невремето на терен се 1.500 работници на јавните комунални претпријатија, а до вечерва се очекува состојбата да се стабилизира.

Според градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ имало над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија.

„Имавме над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија, 1.500 работници на терен. Ситуацијата почнува малку да се стабилизира. Петнаесет линии на јавен превоз беа прекинати поради неможност за прооден сообраќај“, изјави Шапиќ.

Тој им порача на белграѓани да бидат свесни за околностите и да ги прифатат новите временски услови. За попладнево во Белград метеоролозите најавија нови врнежи од дожд.

Управен пресуди дека Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ленче Ристоска

Двајцата пред овој суд се соочија минатиот месец, откако Јолевски не ја прифати одлуката на Комисијата и поднесе тужба до Управниот суд, а притоа не сакаше јавно да се извини и тврдеше дека не ја дискриминирал обвинителката.

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на поранешниот прсетседател на Советот на јавните обвнители Антонио Јолевски со што го потврди мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека тој ја дискриминирал обвинителката Ленче Ристоска затоа што била на породилно отсуство при изборот на обвинители во Вишото јавно обвинителство, кога таа по втор пат не беше унапредена.

Двајцата пред овој суд се соочија минатиот месец, откако Јолевски не ја прифати одлуката на Комисијата и поднесе тужба до Управниот суд, а притоа не сакаше јавно да се извини и тврдеше дека не ја дискриминирал обвинителката.

Во меѓувреме, додека трае оваа постапка против Јолевски е поднесено барање до прекршочниот оддел во кривичниот суд за да плати глоба затоа што не се извини иако комисијата утврди дека ја дискриминал ристоска.

Вучиќ тврди дека во следните четири години нема да се дозволи ископување литиум во Србија

Нема да има ископ на литиум уште најмалку четири години и нема да се дозволи никакво ископување додека не се потврди дека нема да има закана за животната средина, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека е подготвен за секоја стручна расправа и аргументи за тоа.

Одговарајќи на новинарско прашање тој наведе дека неговиот повик до оние кои се против ископуавање литиум заедно да направат полиграф е повик за да се префрли дискусијата за литиумот од лично поле на професионална дискусија за тема.

-Јас сум претседател на Републиката. Се гордеам со тој факт и никогаш не сум земал пари од никого, а не од странска компанија за да лобирам за тоа, јас само лобирам за Србија, рече Вучиќ.

Тој рече дека нема да дозволи ништо да се прави доколку тоа ја загрози животната средина, но на жителите на Лозница ќе им покаже колку можат да добијат од искористување литиум.

Мицкоски: Дали и за бугарите во Албанија ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата?

„Тие само го користат просторот кој што го остави македонската Влада во претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. “

„Тие само го користат просторот кој што го остави македонската Влада во претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. Јас ги читам оние комични соопштенија кои што доаѓаат од СДСМ и навистина не можам да се изначудам тоа кое што го кажуваат таму. Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границата. Но, не само во соседството, туку секаде низ светот“, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кој е коментарот за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на пишувањето на Македонците за бугарско малцинство.

Премиерот Мицкоски истакна дека за ова што се случува виновна е Владата на СДСМ и ДУИ, која како што рече оставила празен простор за бугарската пропаганда, но увери дека Владата има сериозна намера да се грижи за македонското население, нема само во соседството, туку секаде низ светот.

Жалам што тоа се случува, Но, виновникот има име и презиме, тоа е Владата на СДСМ и ДУИ. Бугарската влада со својата пропаганда само го користи празниот простор, кои што овие им го оставија. Сега таму нема да има празен простор. Ние имаме сериозна амбиција и немаме намера да го оставиме тој простор таму, и не само таму туку насекаде во соседството и во светот. Да се грижиме за нашинците насекаде низ светот, вклучително и за Македонците во Албанија. Многу наскоро јас би сакал да ги посетам и ќе појдам да ги посетам, сакам да ја вратам довербата во коренот, во нивната антропологија македонска, македонскиот јазик и сите оние атрибути кои доаѓаат со идентитетот, кои што тие гордо го чуваат и јас сум навистина горд што имаме такви наши браќа и сестри од другата страна на границата, а ние како држава ќе сториме се за да ги заштитиме нивните вековни домови и нивниот идентитет, изјави тој и додаде:

„Жалам што претходната влада на СДСМ и ДУИ вака се однесуваше и остави празен простор туѓа пропаганда да биде активна во тој дел. Но, јас би рекол таа асимилаторска политика од страна на нашиот Источен сосед не е само кај Македонците. Ако ги видите бројките ќе видите дека таа зафаќа и голем дел од останатите граѓани во Албанија. Тоа е нешто кое што треба посериозно да се анализира“.

Премиерот Мицкоски нагласи дека бидејќи во Албанија има три пати повеќе бугарско население од тоа што има во државата, дали и за нив ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата.

„Сега се поставува прашањето, бидејќи во Албанија има скоро три пати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и за Албанија ќе имаме услов да се тие во Преамбулата или нема, бидејќи тие имаат три пати повеќе граѓани на Албанија кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, од тие што велат дека се во Македонија. Сега прашањето е дали за нив ќе важи тој услов, или само за нас ќе важи тој услов. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата сега, навистина тогаш не би ја сфатил логиката зошто за нас би важело, а таму каде што ги има од три пати повеќе да не важи тоа. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања“, потенцираше претседателот Мицкоски, се наведува во соопштението.

притисни ентер