Јанчев: Стрит баскет натпревари во склоп на Кавадаречки стрит фест 2024!

Општина Кавадарци ви најавува Стрит баскет натпревари во склоп на Кавадаречки стрит фест 2024!

Стрит баскетот започнува на 18 и 19 ти јули на градскиот плоштад. На турнирот предвидено е да учествуваат 10 машки екипи со 3+1 играч . Предвидени се парични награди за најдобрите. 8000 денари за освоено прво место, 6000 денари за освоено второ место и 4000 денари за освоено трето место.

Право на учество имаат само екипи од Општина Кавадарци и учесниците не треба да бидат помлади од 16 години.

Пријавувањето трае до 14 ти јули, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Лица за контакт:

Боро Ѓорѓиев

078 482 371

Дарко Цеков

078 271 180

Забранета водата за пиење во струшко Радожда, поради немање хлор

Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Струга.

Центарот за јавно здравје Охрид, според директорот Сашо Точков, констатирал дека водата во водоводот во Радожда, со кој стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците.

- Првичните резултати од микробиолошката анализа од земените примероци утрово од две места од водоводот во селото се очекуваат во наредните два дена, изјави Точков за МИА.

ЈП „Водовод и канализација“ апелира до населението да не ја користи водата за пиење до следното известување, посочувајќи дека превземаат мерки за нормализирање на состојбата.

Проштална средба Муцунски –Гжелчик

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари проштална средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик.

На средбата, министерот Муцунски се заблагодари за целокупниот ангажман и активен придонес во насока на јакнење на односите меѓу двете земји. Воедно, ја истакна важноста која земјава ја дава на развивањето и негувањето на севкупните односи и соработка со Полска, кои се потпираат на длабоко пријателство и споделени вредности.

Воедно, Министерот се заблагодари за принципиелната и силна полска поддршка на нашата интеграција во ЕУ, како на билатерално ниво, така и преку Вишеградската група, и ја нагласи посветеноста на новата Влада за продолжување на европскиот пат, преку исполнување активна агенда на реформи на домашен план и одговорно дејствување на меѓународен план.

Двете страна, како сојузници во рамки на НАТО Алијансата ја нагласија одличната по однос сите клучни теми, притоа беше потврдена подготвеноста за натамошна координација и соработка во контекст на претстојниот јубилеен Самит на НАТО во Вашингтон.

Министерот го запозна Амбасадорот со приоритетите на новата Влада, со фокус на нашиот интерес за продлабочување на економската соработка и привлекувањето нови полски инвестиции во нашата земја, соопштуваат од МНР.

Канал 5 дознава: Поради дописот до италијанските власти амбасадорот Мемеди вратен во земјава

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, потврдуваат за Канал 5 од Министерството. Мемеди според упатеното барање треба да дојде на консултации на 15 јули.

Случајот со амбасадорот Мемеди стана актуелен во февруари годинава, откако до италијанските власти доставил нота во која ги известил дека и валидните патни исправи со името Република Македонија до 12 февруари се неважечки. Мемеди тогаш за Канал 5 не одговори зошто таква нота воопшто била испратена , иако од македонското МНР, кога со него министеруваше Бујар Османи уверуваа дека ниту едно дипломатско-конзуларно претставништво не добило инструкција да доставува такви ноти, и тврдеа дека откако Мемеди ја испратил, нотата била веднаш отповикана. Тогаш исто така најавија и интерна постапка за утврдување на одговорност, за која досега нема никава информација..

Сега во рацете на актуелниот министер Тимчо Муцунски е одлуката дали амбасадорот заради скандалот со пасошите ќе биде отповикан.

Инаку, информацијата за скандалозната нота во февруари ја објави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој го обвини амбасадорот дека наместо да ги штити постапува спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија и побара негово отповикување

притисни ентер