17 годишна девојка со тешки повреди по струен удар од вагон пренесена на ургентен

Неофицијално девојката снимала ТИК ТОК видео качена на вагон од воз.

17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз..

Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ. Деовојката била качена на еден од вагоните на железничката станица МАџари каде дошло до струен удар при што се здобилеа со повреди. На местото на настанот пристигнале полициски службеници. Истрагата се уште е во тек, а според нефицијалните информации девојката се качила на вагонот за да снима ТИК ТОК видео.

Два големи удари за шампионските амбиции на Арсенал

Арсенал за помалку од 24 часа претрпе два големи удари. Прво дозна дека Букајо Сака се повреди на мечот меѓу Англија и Грција, поради што мораше да го напушти теренот, а потоа и дека подолго време ќе остане без капитенот Мартин Едегор.

Додека чекаме поконкретни вести за тоа колку е сериозна повредата на Сака, кој го напушти „Вембли“ кривејќи, се појавија информации за состојбата на Едегор.

Норвежанецот го повреди скочниот зглоб минатиот месец додека настапуваше за репрезентацијата, а најпрвин се мислеше дека тоа не е сериозно. Прогнозите беа околу месец и половина, но сега излезе дека „топџиите“ ќе останат без главниот организатор на играта барем до декември.

Најлошото е што во тој период тимот на Микел Артета има дерби со Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, како и со Интер во Лигата на шампионите, па јасно е дека ќе му биде потешко отколку што е, особено ако се утврди дека и Сака би можел да паузира.

Арсенал во моментов е изедначен на второто место на табелата во Премиер лигата со Манчестер Сити, со бод помалку од Ливерпул. /МИА

Во Собранието доделена наградата за животно дело „11 октомври“

Во Собранието денеска бешe доделена државната награда „11 октомври“.

Годинешните добитници се актерот и продуцент Јовица Михајловски, сликарот Владимир Темков, мултимедијалниот уметник, Љупчо-Бубо Каров и фолклористот Марко Китевски. Каров, Темков и Михајловски се наградени за животно дело во областа на културата и уметноста, а проф.-д-р Китевски во областа на науката..

Фернандеш: Во репрезентацијата уживам во мојот фудбал

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ги опиша двете последователни исклучувања во една недела како неправедни.

Во моментов плејмејкерот е со репрезентацијата на Португалија за натпреварите на „морнарите“ во Лигата на нации против Полска и Шкотска. Фернандез е една од ѕвездите на Португалецот, а во последно време е критикуван поради тоа што неговиот настап во репрезентацијата често е на повисоко ниво од она за „црвените ѓаволи“.

-Кога зборуваме за лош момент, тоа се двете исклучувања во една недела што ги сметам за нефер. Едното е веќе поништено, а второто, бидејќи е жолт картон нема да биде, но сето тоа е дел од фудбалот и не можам да размислувам за тоа. Ја презедов одговорноста за овие ситуации затоа што, особено против Тотенхем, ги оставив соиграчите во тешка ситуација да бараат пресврт откако заостанувавме во резултатот. На клупско ниво работите треба да се подобрат. Во последно време поставив високи стандарди со количината на голови што ги постигнувам и сакам да ги задржам тие стандарди. Се надевам дека ќе постигнам гол штом ќе се вратам. Се чувствувам многу добро во репрезентацијата, уживам во мојот фудбал, во динамиката благодарение на многуте квалитетни играчи со кои сум опкружен, изјави Фернандеш. /МИА

притисни ентер