(OБНОВЕНО)Ќе има ли кривична пријава против Бугарските надлежни органи за „чужденците„? - Канал 5

(OБНОВЕНО)Ќе има ли кривична пријава против Бугарските надлежни органи за „чужденците„?

Скандалозна информација објавија бугарските портали кои  лиферуваа дека на стан на улицата „Леге“ бр.6 во Софија се регистрирани над 45.000 странци од кои најголемиот дел се Македонци со бугарски пасоши.

(OБНОВЕНО)Ќе има ли кривична пријава против Бугарските надлежни органи за „чужденците„?

Веста ја лиферуваше и бугарскиот портал Fakti.bg кои саркастично велат дека оваа адреса е најголемата изборна единица во Бугарија.

Но дали самата Бугарска Влада ќе покрене киривични пријави, поради фактот што дозволила „бугарите“ од Македонија, кои очигледно немале никаква намера да добијат државјанство од етнички, туку економски побуди, да бидат лажно пријавени на една иста адреса?
Станува збор за регионот „Средец“ , дел од Софија, каде едно чудо македонци „живеат “ во 60 м2, со што го надминаа неколкукратно рекордот на „чоевчињата“ од Пустец, кои гласаа во опш. Центар во март 2013 год.

„Според законот, сите лица кои добиле бугарско државјанство, а живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на администрацијата на реонот“, објаснува градоначалникот на „Средец“, Трајчо Трајков.

Ужасно, но вистинито , тој додава дека во изминатиот период бројот на „станарите“ достигнал до 82.000 лица на една единствена адреса, па додава

„Често гледам луѓе како доаѓаат за некакви административни услуги, но гласачките ливчиња, како што било отсекогаш, ќе останат неискористени. Најголемиот број од лицата во списокот се со македонски презимиња, кои добиле бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло“, вели Трајков. Исто така претпоставува дека нивните гласачки ливчиња, за априлските избори во Бугарија „веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало и досега“.

Дали сега здружение за „македонско-бугарско пријателство“, ќе поднесе кривична пријава за одговорните лица во Софија и Бугарија, кои дозволиле ваква измама, и дали ќе побараат на тие македонски „граѓани“ да им се одземат пасошите, како што и самите најавија, според позитивните бугарски законски акти?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 31. јули 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 31. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 31. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можело да се случи денеска да увидите дека на некои работи едноставно им е истечен рокот на траење.

Кариера

Ќе ви падне на памет идеја , со која целосно би можеле да го смените системот на вашата работа.

Здравје

Вашата смисла за хумор веројатно ќе ве напушти.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои од вашите пријатели денеска би можел да ве растажи . Саканата личност ќе успее да ве утеши.

Кариера

Ќе се замислувате на бина и ќе посакате да слушнете аплауз од публиката . Тоа некои навистина ќе го доживеат.

Здравје

Трпение , спасение.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денеска многу полесно се дише , а кај вас повторно расте оптимизмот, среќата и задовокството. Истото се однесува и за вашиот партнер.

Кариера

Бидете максимално тактични во секоја соработка. Ако треба , почекајте до утре и се ќе си дојде на своето место.

Здравје

Ќе се разведрите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во душата ќе почиствувате олеснување , но и натаму ќе треба да и се прилагодувате на другата страна , зашто таа ќе ги држи конците во своите раце.

Кариера

Денеска веројатно ништо нема да ви оди од рака. Помирете се со тоа и почекајте до утре , кога се ќе ви изгледа подобро.

Здравје

Имунитетот и натаму ви е слаб.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе поминува денот , се повеќе ќе ви станува јасно колку се сакате , но кај вас ќе расте и потребата за доминација над партнерот.

Кариера

Студентите нека бидат внимателни и нека не се залетуваат. За другите вообичаен ден.

Здравје

Мали емотивни турбуленции.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате силна поврзаност со семејството . Ќе имате потреба да останете дома и да уживате.

Кариера

Би било добро да го одложите деловното патување – барем до утре. Ако морате да патувате , сметајте на проблеми во транспортот .

Здравје

Сакате промени.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони подлабоко да ги проучите своите приватни односи. Некои ќе се решат да постават нови насоки и граници.

Кариера

Опасноста мина и повторно можете да соработувате без грижи. На дневен ред доаѓаат финансиските теми.

Здравје

Пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можни се проблеми во поширокото семејство , така што ќе немате време за љубов или за партнерот.

Кариера

Уметниците и креативните денеска ќе ги изразуваат експресионистичките идеи пред угледна публика.

Здравје

Внимавајте на фрустрации.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе доживеат блиска средба со личност од своето љубовно минато. Други само ќе размислуваат за такво нешто.

Кариера

Атмосферата на работното место би можела да биде напната . Ништо не форсирајте , туку повлечете се и причекајте до утре.

Здравје

Премногу силни емоции.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска посебно ќе блескате што ќе биде препознаено од речиси секого. Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Кариера

Во конкретните работи , како и во услужните дејности , работите ќе ви одат од рака. Уметниците денеска нека мируваат.

Здравје

Блескате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно ќе бидете во ситуација да покажете колку сте ранливи и емотивни. Другата страна ќе ве разбере.

Кариера

Ќе смислите нови идеи , со кои би можеле да ги зголемите приходите. Се треба да договорите со колегите.

Здравје

Немојте да се опијаните , зашто тоа нема да излезе на добро.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веројатно ќе се заплеткате во уште една љубовна илузија , каде нема да се знае кој пие , а кој плаќа.

Кариера

Оние кои одмораат , ќе успеат да се опуштат . Оние кои работат , ќе гледат што побргу да ги завршат обврските.

Здравје

Најдобро е да го преспиете денов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заборавете на богат маж, тип што знае да поправа работи е вистински џекпот!

Една објава на Тикток поттикна дебата за бракот, секојдневниот живот и за тоа што всушност се смета за луксуз.

 Заборавете на богат маж, тип што знае да поправа работи е вистински џекпот!

Една објава на Тикток поттикна дебата за бракот, секојдневниот живот и за тоа што всушност се смета за луксуз. Во видеото, корисничката @jilliangerhardt им кажува на жените „да се омажат за мајстор“, тврдејќи дека ова е „еден од најголемите луксузи во животот, ако не и најголем“.

Според нејзино мислење, ваквата сигурност и практичност е многу пореална од фантазирањето за богат сопруг, јахти и други статусни симболи.

Најголемиот луксуз во животот

Герхард вели дека не се грижи за трошоците за поправка кога нешто дома почнува да крцка, чкрипи или испушта чудни звуци бидејќи нејзиниот сопруг веднаш го открива и решава проблемот.

Згора на тоа, таа тврди дека таквите работи искрено го прават среќен и дека секој дефект го доживува како нов предизвик. „Затоа омажи се за мајстор“, вели таа во видеото. "Омажи се за момче кое ужива да ги поправа работите. Не за богат човек. Тоа е погрешен избор", додава таа.

Пример како заштедиле пари

Како пример, наведува пример со машината за сушење. Таа на сопругот му испратила видео од мајстор кој бара 1.200 долари за поправка. Бидејќи нејзиниот сопруг веќе знаел како да го реши проблемот, тие успеале да избегнат големи трошоци.

Поделени реакции

Нејзината објава наиде на одобрување од некои корисници.

"Сонувам за такво богатство. Нема ништо попривлечно од маж кој знае да ги поправи работите", прокоментирала една корисничка. Друга забележала дека многу жени почнуваат да ги ценат таквите вештини дури откако ќе се најдат во ситуација сами да ги решаваат проблемите во домаќинството. „Проблемот е што жената мора прво сама да помине низ такви ситуации за да сфати колку вреди“, напишала таа.

Еден корисник коментираше како реагираат партнерките кога мажите ги поправаат работите низ домот. „Токму така. Она што му треба на маж додека поправа нешто е мало признание. „Гледаш, душо, онаа скршена рачка? Сега функционира“. Не треба да кажете ништо посебно. Само покажете дека го цените трудот. Тоа ни е доволно“, напишал тој.

Сепак, не сите го делат истото мислење.

„Да имаш сопруг кој дома поправа машина за сушење не е среќа. Кога е дома, треба да се одмори од својата работа со која заработува 1.000 долари на час. И можам да ви кажам дека таа работа сигурно не е поправање апарати што се направени да се расипат. Инженерот што ги дизајнирал е многу попаметен од вашиот сопруг“, напишал еден коментатор.

Што е подобро, напишете во коментар!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Соња Лепиткова во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Соња Лепиткова

Соња Лепиткова во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер