И најдобрите бракови може да се угасат: Пет навики што ја уништуваат блискоста - Канал 5

И најдобрите бракови може да се угасат: Пет навики што ја уништуваат блискоста

Кога ќе настапат овие проблеми, динамиката и хармонијата може трајно да се уништат.

 И најдобрите бракови може да се угасат: Пет навики што ја уништуваат блискоста

Бракот ретко се распаѓа преку ноќ, многу почесто односот се лади незабележливо, преку ситници што партнерите на почетокот ги доживуваат како сериозен проблем. Неизмиени садови, чорапи по подот, прекинување разговор, или ладен тон по напорен ден, сето ова може да стане многу повеќе од секојдневна нервоза. Тие мали фрустрации прераснуваат во чувство на непочитување, а тоа полека ја еродира блискоста.

Проблемот најчесто не е во постапките, туку во значењето што им се припишува

Една од најголемите замки во бракот е кога обична навика почнува да се толкува како доказ дека партнерот не се „замара“. Кренат капак на WC шолја, паста за заби стисната погрешно или работи расфрлани по домот ретко се вистинскиот проблем.

Зад нив се крие умор, расеаност, „невидлива“ работа, премногу обврски или различен начин на функционирање. Кога секоја ситница ја толкуваме како намерен напад, бракот влегува во маѓепсаниот круг на лутина. Наместо разговор за конкретниот однос, партнерите почнуваат да се борат околу тоа кој кого повеќе трпи.

Критика на личноста, а не на проблемот

„Ми пречи кога нема да ги договориме обврските на време“ и „Не мислиш на мене“, не е исто. Првата реченица отвора простор за разговор, а втората го напаѓа карактерот. Кога партнерот ќе се почувствува нападнато, природно е да почне да се брани, правда, или да возвраќа со иста мера.

Така настанува образец во кој едната страна повеќе притиска, а другата повеќе се повлекува. Колку едниот партнер е поупорен во критиките, другиот почесто се лути, избегнува разговор или емоционално се затвора. На крајот, никој не слуша, проблемот останува нерешен, а блискоста се губи.

Тишината како казна

Повлекувањето само по себе не е секогаш лошо. Некому му е потребно малку време да се смири пред разговор. Проблемот настанува кога тишината станува начин на казнување, односно кога намерно му се ускратува внимание, нежност и комуникација на партнерот.

Таквиот третман може да биде болен, зашто испраќа порака дека другата страна е сама, неважна и отфрлена. Во бракот тогаш не исчезнува само разговорот, туку и чувството на сигурност. А без сигурност, нема блискост.

Стресот се пренесува на телото

Лошите обрасци на комуникација не остануваат само во главата. Постојаната тензија, критика, и чувство дека не сте доволно добри влијае и на физичкото здравје. Кога бракот станува извор на секојдневен стрес, телото реагира со умор, несоница, напнатост, главоболка или чувство на исцрпеност.

Така што, кога партнерите постојано се повредуваат со игнорирање, префрлање вина, последиците не се само во атмосферата на домот, туку и во начинот на кој се чувствуваат од ден на ден.

Потребата за контрола наместо поврзување

Многу луѓе во брак несвесно имаат потреба да поправат, преиспитаат или да го организираат партнерот. Односот тогаш личи на проект со кој треба да се управува, а не на врска во која двајцата се разбираат и поддржуваат.

Првиот чекор кон промена не е да го натераме партнерот да биде поинаков, туку да ја препознаеме својата улога во негативниот круг. Наместо обвинување: „Ти секогаш...“, многу е подобро да почнеме од себеси: „Се чувствувам запоставено кога...“ Таквиот разговор не гарантира инстант решение, но го намалува нападот и отвора простор другата страна навистина да слушне што зборуваме.

Здравиот брак не живее од големи романтични гестови, туку од илјада секојдневни мали интеракции. Љубовта се чува преку начинот на кој комуницираме кога сме уморни, како реагираме кога сме повредени и дали ни е важно да бидеме во право или да останеме поврзани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себеси

Жозе Мурињо остро го критикуваше судијата Сезар Сото Градо откако вчера Реал Мадрид загуби со 1-2 од Алавес на Бернабеу . 

Заврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себеси

Португалецот рече дека Реал не загубил поради судијата, но додаде дека судијата сака да ја покажува својата моќ и се пошегува дека ќе го исклучи Тибо Куртоа следната сезона.

„Мислам дека овој судија сака да ја покажува својата моќ, дека е феномен. Не ми се допадна неговата работа, но не го загубивме натпреварот поради судијата, туку поради нас самите“, рече Мурињо. „Пред две сезони го исклучи Мбапе, минатата година Винисиус, а оваа година Белингам. Следната година ќе биде Куртоа“, додаде тој.

Белингам го исклучи поради симулирање

На крајот, Сото Градо досуди пенал за Реал по падот на Џуд Белингам, но по прегледот на ВАР, ја поништи одлуката и му покажа на Англичанецот втор жолт картон поради симулирање. „Го погледнав пеналот и изгледа сомнително, но Џуд вели дека е пенал“, рече Мурињо.

Португалецот ја презеде одговорноста за поразот. „Изгубивме поради мене, јас сум шефот“, рече тој и му честиташе на тренерот на Алавес. Додаде дека Алавес имал среќа бидејќи судијата бил многу попустлив кон губењето време и прекините.

Крај на серијата од десет победи

Алавес поведе со голот на Тони Мартинез во 22-та минута, по грешката на Дин Хујсен, а Анхел Перез го израмни резултатот во 61-та минута. Килијан Мбапе го намали резултатот во 69-та минута по асистенцијата на Белингам, а Бернабеу свирна за Винисиус по вториот гол на гостите.

Мурињо го бранеше Бразилецот. „Винисиус беше како целиот тим, не мислам дека може да се каже дека еден играч бил подобар или полош“, рече тој. Со поразот, Реал ја прекина серијата од десет победи и падна на третото место со 33 бода, зад Барселона со 36 и Атлетико со 34.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Бајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.

Борозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност.

Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година.

Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа.

Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски.

Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата.

Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%.

Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа?

Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство.

Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити.

Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите.

Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот.

Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%.

Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат.

Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување.

Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее.

Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000.

Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики, рече Маја Борозан од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува чинот на симнување и сквернавење на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, чин со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија.

ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!

Македонското државно знаме не е симбол на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е државен симбол на Република Македонија, знаме на македонскиот народ и на сите заедници што живеат во нашата држава.

Неговото почитување е обврска на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.

Почитувањето на правото на секоја заедница да ги негува сопствените традиции, култура и национални симболи не смее да биде изговор за непочитување на државните симболи.

Прославувањето на Денот на албанското знаме, без соодветно истакнување на македонското државно знаме, претставува непочитување на државниот поредок и постапување спротивно на законските одредби за употреба на знамињата.

Исто така, дивеењето по улиците, насилничкото однесување и нарушувањето на јавниот ред и мир во градовите најмалку прилегаат на достоинствено, свечено и цивилизирано одбележување на кој било празник.

Празниците треба да бидат повод за славење, меѓусебно почитување и градење соживот, а не за провокации, инциденти и демонстрација на непочитување кон државата.

Очекуваме надлежните институции без одлагање да ги расчистат настаните во Гостивар, да ги идентификуваат сторителите и да постапат согласно законите.

Законот мора да важи подеднакво за сите, без селективност и без политички калкулации.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува:

Почитувањето на различностите е наша вредност, но почитувањето на државата, нејзините симболи и законите е обврска на сите!

Македонија е заедничка држава на сите нејзини граѓани и нејзиното знаме мора да биде почитувано од сите.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер