Француски фудбалер се забавува на Карибите, опкружен со убави девојки (ВИДЕО) - Канал 5

Француски фудбалер се забавува на Карибите, опкружен со убави девојки (ВИДЕО)

Францускиот фудбалер Михаел Олисе е на одмор, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се опушта по напорна сезона. 

Француски фудбалер се забавува на Карибите, опкружен со убави девојки (ВИДЕО)

Видеото го прикажува крилниот напаѓач на Баерн на јахта, опкружен со голема група, претежно девојки. Таа изгледа сосема безгрижно додека се забавува на море на островите Туркс и Кајкос, британска прекуокеанска територија на Карибите.

Забава на море

Видеото открива дека Олисе направил целосна пауза од фудбалот. Тој се смее, танцува и очигледно ужива во атмосферата. Една од објавите на социјалните мрежи што го сподели видеото гласеше: „Михаел Олисе го користи максимално својот одмор“.

Сезона за паметење

Одморот на Олисе доаѓа по исклучително успешен период. На Светското првенство во 2026 година, тој беше еден од клучните играчи на француската репрезентација и го заврши турнирот со седум асистенции. Со тоа, тој постави нов шампионски рекорд и го постигна најдобриот настап на едно Светско првенство откако се евидентираат статистики од 1966 година. Тој го сруши рекордот на легендарниот Пеле, кој забележа шест асистенции на првенството во 1970 година.

Неговата клупска сезона беше исто така импресивна. Во сезоната 2025/26, Олисе одигра 52 натпревари за Баерн во сите натпреварувања. Притоа, тој постигна 22 гола и запиша 31 асистенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

​Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти.

Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Ова се важни показатели за структурата на растот.

Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност.

За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност.

Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард.

И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните.

YouTube video

Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кружен тек на Северен Булевар

Кружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.

Јанчев: Кружен тек на Северен Булевар

Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина.

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните.

Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово

„Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година.

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето.

На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните.

При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност.

Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди.

„Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски.

Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер