Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи
2Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи
МакедонијаГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваатНема датум или од кој ден, гостиварци ќе можат да пијат и да готват со безбедна вода од градскиот водовод, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој потенцираше дека се додека нема три последователни негативни тестови, водата нема да биде за употреба. Премиерот Мицкоски вчера изјави дека една од причините за водата да остане само за техничка употреба е потврдата на резиуделна бактерија во инсталаците. Во здравствените установи во Гостивар вчера биле прегледани 73 пациенти. Во општата болница во болница биле 45 нови прегледи од кои 26 на инфективното одделение, каде двајца биле хоспитализирани, а 18 биле деца. Во здравствениот дом Гостивар регистрирани се 28 нови пациенти во дежурната служба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
СветТрамп за средбата со Зеленски: Му реков: „Сакам оваа војна да заврши“Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека одржува добри односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, и со Владимир Зеленски, и покрај тековниот конфликт во Украина.-Во добри односи сум и со двајцата. Во добри односи сум со претседателот Путин. Во добри односи сум со претседателот Зеленски - рече Трамп за време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба. Тој истакна дека му рекол на Зеленски оти сака војната да заврши. Би сакал тој да ја заврши војната... Му реков: ;Сакам оваа војна да заврши; им изјави Трамп на новинарите. Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа во вторникот вечерта, а средбата се одржа зад затворени врати. По средбата, Зеленски изјави дека Трамп наводно се согласил да му додели на Киев дозволи за производство на пресретнувачки ракети за противвоздушните ракетни системи Патриот. Самиот Трамп, без да наведе детали, рече дека разговорите со Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале многу добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
БалканТројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристиЈужна Европа и натаму е во пламен. Разорните шумски пожари и натаму беснеат во повеќе европски земји, оставајќи зад себе уништени домови, опожарени шуми и илјадници евакуирани жители и туристи. Најтешка е состојбата во Грција, каде што во борбата со огнената стихија животот го загубија тројца пожарникари. На југот на островот Крит беснеат најголемите пожари. Двајца пожарникари загинале откако со службеното возило ја изгубиле ориентацијата во густиот чад, додека уште еден нивен колега бил пронајден мртов во близина на пристаништето Гитео на Пелопонез. Причината за неговата смрт сè уште не е соопштена. Поради силните ветрови, хеликоптерите и противпожарните авиони привремено ги прекинаа летовите, што дополнително ја отежна борбата со пожарите. Евакуирани се неколку населени места, а околу 6.000 туристи биле погодени од евакуациите. Грчките власти предупредуваат дека опасноста останува исклучително висока и во наредните денови. -Во името на целиот владин кабинет изразувам длабоко сочуство кон семејствата на загинатите пожарникари, кои ги загубија своите животи во борбата со пламените јазици, додека се обидуваа да ги спасат животите на своите сограѓани, и нивните домови. Државата ќе ги одликува со најголеми почести. Владата ќе застане зад нивните семејства и ќе ги зајакне акциите со кои ќе се превенираат ефективно заканите од климатската криза – изјави Мицотакис. Во Франција пак, пожарникарите се борат со десетици активни пожари. Во јужниот департман Вар се евакуирани неколку стотици жители, а нови огнени жаришта се регистрирани и во шумите, јужно од Париз, каде што веќе изгореле повеќе од 120 хектари. Во регионот кај Бордо, каде што пожарите ова лето уништија околу 42 илјади хектари, состојбата постепено се стабилизира и властите најавуваат враќање кон нормален живот. Во исто време нови пожари се шират и во Шпанија. Најкритично е во Националниот парк на границата со Португалија, каде што се евакуирани дванаесет населени места и речиси илјада жители. Иако во делови од земјата мерките постепено се укинуваат, околу 9.500 луѓе во регионот на Мадрид сè уште не можат да се вратат во своите домови. Со пожарите се бори и Турција. Во туристичката област Анталија противпожарните екипи веќе неколку дена интервенираат на повеќе жаришта, а дел од населението е евакуирано како мерка на претпазливост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаМитева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.Пионерите на транс музиката, диџеите Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 август-Илинден во Битола, а завршува на денот на независноста, 8 септември во Скопје. Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook