3Кирјас: По 35 години независност, Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак - економијата бара ЕУ и реформи, а не евтин ПР и лажен патриотизам!
СудбинаПитон уби и проголта маж во Индонезија- телото го извадија од стомакот на огромниот влекач (Вознемирувачко видео) Четириесетгодишниот фармер Хасим Лембеси бил пронајден мртов во џиновски питон, потврди полицијата во индонезиската покраина Северен Малуку.Лембеси, жител на селото Ваисакаи на островите Сула, исчезнал во понеделникот вечерта додека се враќал дома од соседното село, објави „Џакарта Глоуб“. Откако не се вратил дома, роднините и локалното население започнале потрага. Тие ги пронашле неговите работи и траги од крв по шумската патека каде што одел Лембеси. Кратко потоа, во близина забележале џиновски питон со необично голем стомак. Телото пронајдено во питонот Локалното население, со помош на полицијата, ја убило змијата и ја исекле, а внатре го пронашло телото на исчезнатиот Хасим Лембеси. Портпаролот на полицијата на островите Сула, Џаја Афанди М. Соамоле, го објави инцидентот во официјално соопштение. „Жртвата беше пронајдена мртва околу 20:30 часот откако беше нападната од питон. Полицијата и локалното население кои го бараа го пронашле телото и го однеле кај семејството во селото Ваисакаи за погреб“, рече Соамоле. Аматерските снимки станаа вирални во регионот, на кои се гледа како локалното население и полицијата ја бркаат змијата низ вегетацијата пред да ја убијат. Видеото го прикажува и моментот кога телото е извлечено од исеченото животно. @cnnindonesia Seorang petani bernama Hasim Lembesi (40), warga Desa Waisakai, Kecamatan Mangoli Utara Timur, Kabupaten Kepulauan Sula, Maluku Utara tewas dimangsa ular piton raksasa di sekitar hutan wilayahnya, saat dalam perjalanan pulang ke kampungnya. Warga bersama polisi langsung memburu ular piton yang diduga memangsa korban. Ular tersebut sempat memberikan perlawanan sebelum akhirnya berhasil dilumpuhkan dengan cara menebas bagian kepala dan ekornya. Peristiwa itu terungkap setelah Hasim tidak kunjung pulang ke rumah pada Senin (27/7/2026). Warga kemudian melakukan pencarian dan menemukan barang bawaan korban serta bercak darah di tepi jalan yang dilaluinya. #cnnindonesia #cnnindonesiacom #Peristiwa ♬ original sound - CNN Indonesia Смртоносните напади од питони врз луѓе се многу ретки, но се случуваат повремено во Индонезија. Земјата е дом на мрежести питони, кои се меѓу најголемите змии во светот. Повеќето случаи се регистрирани во рурални области, каде што луѓето работат во шуми или на плантажи, што значи дека доаѓаат во близок контакт со овие змии. Питоните не се отровни, но го убиваат својот плен со стискање и задушување на своите жртви.Тагови: индонезија питон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЈанчев: Кружен тек на Северен БулеварКружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина. Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните. Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово„Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните. При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност. Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди. „Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски. Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКирјас: По 35 години независност, Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак - економијата бара ЕУ и реформи, а не евтин ПР и лажен патриотизам!ЛДП инсистира на итно прекинување на изговорите и на релативизацијата на потребата од брзо членство ЕУ, мобилизација на сите експертски капацитети и итно формирање на преговарачките тимови.Ден по одбележувањето на 35-годишнината од независноста, поразителната реалност покажува дека Македонија не страда од надворешни блокади, туку од заглавени запчаници дома, системска ерозија и отсуство на визија. Во својата најнова анализа, Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационала — светската организација каде ЛДП е полноправна членка — прецизно дијагностицира дека Македонија се наоѓа во опасен „интелектуален ќорсокак“. „Поминаа речиси три години од завршувањето на европскиот скрининг кој ги мапираше сите реформи, а државата сѐ уште нема формирано преговарачки тимови, ниту води суштинска дебата за својата иднина“, потсетува Кирјас. Оваа загрижувачка состојба директно коинцидира со ставот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која јасно порача дека три децении слушаме за „реформи“, додека во пракса гледаме институционална деградација предводена од гарнитури кои наместо систем, ја третираат државата како партиски плен. Вистинскиот патриотизам не е пеење песни со рака на срце и закачување знамиња додека сопствените функционери се амнестираат, а партизацијата се продава како кадровска политика. Пласманот на илузии за некакви „алтернативни партнерства“ и нулти царински стапки преку Атлантикот е геополитички аматеризам кој го рушат самите бројки, тврди Кирјас. Како што потенцира потпретседателот на ЛИ, енормни 78% од македонскиот извоз завршува директно на пазарот на Европската Унија, што нѐ прави економски поповрзани со ЕУ дури и од Германија или Исланд. „САД и НАТО го даваат воено-безбедносниот чадор што веќе го имаме, но Европската Унија го обезбедува социјално-економскиот модел, слободниот пазар и развојните фондови. Со секој изгубен ден во маневри, Македонија губи милијарди евра неповратни грантови — како оној пакет од над 3 милијарди евра за Црна Гора — пари кои никој друг нема да ни ги надомести“, потенцира Кирјас. Паралелно со економските заблуди, власта продолжува да ги деградира дипломатијата и институциите со некомпетентни партиски кадри, целосно игнорирајќи ги домашните и меѓународните експертски капацитети. „Времето веќе го диктираат други, а роковите неумоливо притискаат: на 30 септември Европската комисија го доставува пакетот за претпристапна интеграција, а на 15 октомври расправа Европскиот совет. Без сопствени дефинирани позиции, Македонија повторно ќе биде само пасивен набљудувач на туѓи одлуки,“ вели во анализата Кирјас. ЛДП инсистира на итно прекинување на изговорите и на релативизацијата на потребата од брзо членство ЕУ, мобилизација на сите експертски капацитети и итно формирање на преговарачките тимови. Независноста не се слави со празни зборови и евтин ПР, туку се живее со одговорност, функционални институции и вистински стандард за сите граѓани. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: Либерално-демократска партија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11