ФудбалЗидан може да води клуб од ИталијаПоранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговори на прашање за можна работа во италијанското првенство.Педесет и едногодишниот Французин присуствуваше на премиерата на документарниот филм за поранешниот селектор на Јувентус и Италија, Марчело Липи. Таму беше прашан за можна работа во Серија А. -Зошто да не, се може да се случи. Сега правам други работи, но ќе видиме. „Се разбира, би сакал повторно да се вратам на работа, го цитира новинарот Џанлука Ди Марцио одговорот на Зидан. Зидан е без ангажман од летото 2021 година, кога по втор пат во својата тренерска кариера го напушти Реал Мадрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиАмериканска пливачка собори два светски рекорда во ист денАмериканската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите. Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки. Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш. Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден. Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија. Локалните власти ја потврдија информацијата. Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс. Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош. ⚠️⛈️ Al menos dos muertos, varios heridos y desaparecidos por una riada en Manzanedo de Valdueza, Comarca del #ElBierzo ( #León), debido a las fuertes #tormentas. #FMA @eldiarioes pic.twitter.com/HVUdkSNlwo — InfoMeteoTuit (@InfoMeteoTuit) August 15, 2026 Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата. Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПодигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro. „Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана. Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.Тагови: авиони дрон НАТО Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook