Постари лавови спасени во Нов Зеланд откако инвеститори ја купиле зоолошката - Канал 5

Постари лавови спасени во Нов Зеланд откако инвеститори ја купиле зоолошката

 Во Зоолошката градина за диви животни „Камо“ на Нов Зеланд, пет лавови што требаше да бидат евтанизирани - се спасени, откако група инвеститори се вклучија во корист на животните.

Постари лавови спасени во Нов Зеланд откако инвеститори ја купиле зоолошката

Зоолошката градина беше принудена на затворање минатата година откако истекоа средствата, а преместувањето на животните се сметаше за невозможно поради возраста и медицинската состојба на лавовите. Денеска, неколку љубители на животни и инвеститори под називот „Проект Лавовски срца“ соопшти дека се вклучиле за да ги спасат лавовите.

„Ја купивме нивната земја и ги затворивме портите за јавноста, претворајќи го поранешниот парк во приватно одморалиште. Крај на претставата. Нема веќе гужви. Само мир, достоинство и најдобрата 'грижа за стари' што еден лав може да ја посака... Сакаме Шикира, Абдула, Клео, Темба и Тимба да се будат секое утро знаејќи дека се сакани, заштитени и точно таму каде што припаѓаат. Ова е нивниот дом сега, навистина и конечно“, соопшти групата инвеститори.

Тие објавија и повик за собирање средства за храна и грижа за петте лавови.

„Спасувањето е завршено, но 'пензионерскиот живот' само што почнува. Хранењето и грижата за пет постари лавови чини илјадници секоја недела. Сега ни треба нашата заедница да се заложи и да ни помогне да ги финансираме нивната 'Златна доба',“ се наведува во соопштението.

Добротворната организација за животни „ХУХА“, којашто помогна во собирање на групата, нагласува дека било потребно „цело село јунаци“ за да се реализира купувањето. „Ние сме му многу благодарни на секого од нив - за сечија посветеност, сочувство и визија“, се вели во објавата на Фејсбук.

Сега веќе замрената зоолошка градина, во којашто некогаш имало околу 30 загрозени мачки, вклучувајќи лавови, бели тигри, леопарди и гепарди, е основана од Крег Буш - познат и како „Човекот лав“, кој се појавил и во телевизиска серија на почетокот на предминатото десетлетие. Во 2009 година, главниот чувар Далу М'нкубе бил нападнат до смрт од тигар во паркот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Латвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количества

Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници.

Латвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количества

Од почетокот на земјоделската сезона, Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници, според податоците на консултантската фирма „ProZerno“, пренесени од Ројтерс.

Во периодот од јули до октомври, Иран увезл вкупно 1,716 милиони тони руско жито, главно јачмен и пченка.

Египет е на второто место со увезени 1,35 милиони тони од јули наваму, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони. Латвија е на четвртото место со увезени 431.700 тони руско жито, додека Нигерија го зазема петтото место со 420.900 тони, покажуваат податоците на „ProZerno“.

Русија ги менува извозните рути поради напади со беспилотни летала

Русија ги прилагодува своите рути за извоз на жито како одговор на зачестените напади со беспилотни летала врз пловила во Црното и Азовското Море. Истовремено, значително е зголемен обемот на пратки преку Каспиското Море. Руското жито се извезува и преку пристаништа на Балтичкото Море, вклучително и оние што се наоѓаат во балтичките држави – пред сè во Латвија.

Според податоците на компанијата „Rusagrotrans“, во септември преку балтичките пристаништа поминале 65 отсто од пратките со руско жито, главно пченица. Естонија веќе го забрани транзитот на руско жито преку својата територија. На почетокот на октомври, балтичките држави предложија воведување забрана за транзит на руско жито низ целата Европска унија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница.

Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само асет на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена.

,,Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност“, истакна Пренџов.

Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

,,И вториот е кандидат односно асет на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДС или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата“, вели Пренџов.

Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива.

,,Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДС, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена“, рече Пренџов и додаде:

,,Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто и мислат добро на Брвеница, пред се оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку не скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фиат најави нов малечок електричен автомобил, ќе се вика Коала (ФОТО)

Во 2027 година, Fiat ќе претстави нов мал електричен автомобил наречен Koala. 

Фиат најави нов малечок електричен автомобил, ќе се вика Коала (ФОТО)

Моделот ќе ја користи новата платформа E-Car на Stellantis, а ќе црпи инспирација од легендарниот Citroën 2CV.

Се очекуваше Фиат да претстави нов електричен градски автомобил на овогодинешниот саем за автомобили во Париз, но тоа не се случи. Наместо тоа, италијанскиот производител го покажа концептот Multiplay, кој го најавува можниот наследник на Multiple, и моделите Grizzly и Grizzly Fastback.

Сепак, сега се познати нови детали за претстојниот градски автомобил. Арно Белони, новиот извршен директор на Fiat, откри во разговор со британскиот Autocar дека моделот ќе се вика Koala и дека неговото пристигнување е планирано за 2027 година.

„Работиме на неколку автомобили базирани на платформата E-Car. Подготвуваме мал автомобил кој ќе биде базиран на моделот 2CV и ќе биде навистина изненадувачки“, рече Белони.

Зошто Fiat не го претстави Koala во Париз?

Директорот за дизајн на Фиат, Франсоа Лебоан, објасни дека едноставно не е вистинско време за претставување на нов модел.

Според Autocar, можно е Фиат да не сакал да го одвлече вниманието од презентацијата на новиот Citroën 2CV, со кој Коала ќе дели техничка основа.

Ова се возила што треба да се вклопат во нова категорија развиена од Европската Унија за да се поттикне производството на попристапни електрични автомобили пократки од 4,2 метри.

Концептот е инспириран од јапонските kei автомобили, иако европските модели ќе бидат значително поголеми.

Производство во Италија

Фиат Коала ќе се придружи на растечката понуда на помали модели на италијанскиот бренд, заедно со Панда, Гранде Панда и Гризли.

Дизајнот би можел да го следи претходно прикажаниот концепт на Стелантис со коцкеста каросерија, остри линии и светла интегрирани во предниот дел на возилото.

Производството е планирано во фабриката на Стелантис во Помиљано д'Арко во Италија, каде што Коала треба да се произведува заедно со новиот Ситроен 2CV. Постои можност да им се придружи и сроден модел на брендот Опел.

Фиат сè уште не ги објави техничките спецификации, цената или точниот датум на претставувањето на новиот модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер