Џејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиите - Канал 5

Џејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиите

Познатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. 

Џејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиите

Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at.

На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“.

Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл.

Тој сака повторно да се врати на шпоретот

Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој.

Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Патници поради снежни врнежи останале „заробени во авионот осум часа“

Патници на летот на „Рајанер“ од Виена до Лондон поминале повеќе од осум часа во авионот поради обилни снежни врнежи и проблеми со системот за одмрзнување, а некои ги опишаа условите на авионот како неподносливи. 

Патници поради снежни врнежи останале „заробени во авионот осум часа“

Авионот требало да полета вчера во 9:40 часот, но полетувањето било одложено неколку пати. Патниците прво беа информирани дека летот може да се реализира околу 13:30 часот, поради технички проблем со системот за одмрзнување, но ниту тој рок не беше испочитуван.

Еден од патниците изјави за „Хојт“ дека атмосферата во авионот станувала сè понапната, наведувајќи дека стјуардесата седела во аголот и плачела.

Според него, некои патници сакале да го напуштат авионот, но капетанот преку интерфон објавил дека слетувањето не е дозволено. Патниците се пожалиле и на недостаток на храна и пијалоци, наведувајќи дека не им била обезбедена ниту бесплатна вода. Авионот полетал во 17:34 часот, според податоците од веб-страницата на Flytradar, откако претходно објавеното време на полетување од 16:10 часот не било реализирано.

„Рајанер“ соопшти дека има технички проблем со системот за одмрзнување што го управува контролата на летање на аеродромот во Виена, поради што авиокомпаниите се принудени да чекаат слободен термин за одмрзнување на авионите.

Компанијата изјави дека не можела да предвиди толку долго чекање и дека детално ќе го разгледа случајот со контролата на летање во Виена. Управата на аеродромот во Виена ги наведе континуираните обилни снежни врнежи како причина за доцнењето. Како што е објавено, екипите за зимско одржување постојано ги чистат површините на аеродромот, а сите авиони мора да се одмрзнат пред полетување. Поради ова, беа регистрирани доцнења при полетување, а во некои случаи и доцнења при слетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестоки немири на стадионот на Марсеј, снимена тепачка меѓу навивачите

Неколку навивачи на бугарскиот Левски Софија се повредени во судирите со навивачите на Олимпик во Марсеј синоќа пред натпреварот на Велодром во рамките на Лигата на Европа.

Видео: Жестоки немири на стадионот на Марсеј, снимена тепачка меѓу навивачите

Според извештајот на полициската префектура на департманот Буш-ду-Рон, повредени се десет лица, сите бугарски државјани. „Пет лица се пренесени во болница со повреди на окото, траума на главата и искривено рамо. Шест други лица се згрижени на лице место поради разни повреди“, објави полицијата, додавајќи дека во времето на објавувањето на изјавата „нема информации за можни апсења“.

Инцидентите започнале околу десет минути пред почетокот на натпреварот, кога неколку стотици навивачи на Марсеј од јужната трибина влегле на трибината Жан-Буен. Таму, тие бркаа група од неколку десетици бугарски навивачи, кои на крајот стигнаа до гостинскиот дел, каде што се собраа околу 500 навивачи на Левски. Избувнаа физички судири, при што многу навивачи на Марсеј носеа балаклави. Некои беа вооружени со јарболи со знамиња, додека еден активираше противпожарен апарат. Ситуацијата околу гостинскиот дел дополнително ескалирала со фрлање предмети и ракети, пред редарите да можат да ги смират судирите.

Натпреварот започна според закажаното, а десетици навивачи на Марсеј наскоро се вратија на јужната трибина. Гостувачкиот дел остана под надзор на голем број полицајци за немири. Тензиите повторно се појавија во неколку наврати, особено за време на полувремето, но остатокот од натпреварот помина без поголеми инциденти. Марсеј победи со 1-0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случило ноќва во Брисел ? Бунт на седум земји и конфликт околу милијарди

Вонредниот самит на Европската Унија во Брисел, кој требаше да го отвори патот за договор за нов седумгодишен буџет вреден речиси два трилиони евра, се претвори во отворен конфликт меѓу европските лидери.

Што се случило ноќва во Брисел ? Бунт на седум земји и конфликт околу милијарди

Седум земји се побунија против начинот на кој се водат преговорите, нивните лидери почнаа да ги бојкотираат состаноците, а некои дипломати сега бараат некој друг да ја преземе улогата на медијатор од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Наместо планираните два дена разговори, лидерите го завршија самитот вечерва, веднаш по полноќ, поподелени отколку кога пристигнаа во Брисел, пишува Политико.

Еден детаљ покажува колку се ниски очекувањата за брзо решение на кризата: неколку национални делегации веќе резервираа дополнителни ноќевања во хотелите во Брисел за следниот самит, кој започнува на 17 декември. Тие очекуваат преговорите да траат значително подолго од планираните два дена.

Според тројца дипломати запознаени со преговорите, околу 22 часот станало јасно дека самитот се претворил во сериозна криза. Данска, Германија, Холандија, Австрија, Финска, Шведска и Белгија се побуниле против начинот на кој Кошта ги водеше преговорите.

Ова е група земји кои се залагаат за помал европски буџет и ограничувања на заедничкото трошење. Еден дипломат ги опиша нивните лидери како бесни. Кошта се обиде да ги приближи спротивставените ставови со организирање состаноци во помали групи, наместо сите преговори да се одвиваат околу маса со 27 лидери.

Но, неговата тактика предизвика отпор. Седум земји почнаа да ги бојкотираат состаноците. Еден дипломат предупреди дека Коста ризикува да ги одведе преговорите во бездна и оцени дека други луѓе треба да го преземат нивното водство. Во исто време, незадоволството растеше меѓу земјите кои сакаат поголем европски буџет, собрани во групата „Пријатели на кохезијата“ .

Европската комисија предложи буџет од околу 2 трилиони евра за периодот 2028-34 година. Кошта предложи намалување од 204 милијарди евра пред самитот, надевајќи се дека ќе ги приближи ставовите на земјите-членки. Но, дури и тоа не е доволно за земјите што се залагаат за пониско трошење.

Финскиот премиер Петери Орпо рече дека вкупните намалувања ќе треба да бидат околу 250 милијарди евра за неговата група да ги прифати. Дипломат потврди дека овие земји бараат околу 40 милијарди евра дополнителни заштеди. Од друга страна, земјите што добиваат повеќе од буџетот на ЕУ отколку што уплаќаат во него се противат на намалувањата за регионален развој и земјоделство. Ова се пари што се користат за финансирање на инфраструктурни проекти, развој на економски послаби региони и поддршка на земјоделците.

Спорот околу вкупната големина на буџетот е само дел од проблемот. Лидерите, исто така, не се согласуваат за тоа на што Европа треба да ги троши своите пари.

Францускиот претседател Емануел Макрон отворено ја критикуваше насоката во која се одвиваа преговорите за време на самитот. Тој ги нарече намалувањата на буџетот стратешка грешка, предупредувајќи дека таквата одлука дополнително ќе ја ослаби конкурентноста на Европската Унија во трката со САД и Кина. Неговиот говор не помогна во смирувањето на тензиите меѓу лидерите.

Макрон јасно застана на страната на земјите кои сакаат поамбициозен европски буџет, дополнително дистанцирајќи се од Германија и другите земји кои инсистираат на намалувања. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испрати слична порака на последната прес-конференција.

Таа потсети дека претходните два долгорочни европски буџети исто така претрпеа значителни намалувања и предупреди на контрадикција помеѓу зголемените очекувања од Европската Унија и подготвеноста на земјите да финансираат заеднички проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер