Жртва на семејно насилство четири месеци чека помош - Канал 5

Жртва на семејно насилство четири месеци чека помош

Од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавија дека по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не биле преземени никакви мерки на заштита.

Жртва на семејно насилство четири месеци чека помош

Жртва на семејно насилство цели четири месеци чека помош од меѓуопштинскиот ценар за социјални работи на Град Скопје, од денот на пријавата до денеска не се преземни никакви мерки за заштита, велат од националаната мрежа против насилство врза жени.

Од националната мрежа велат токму непостапувањето во итност доведува во голем број случаи да дојде до и убиство од страна на член од семејството или фемицид. Институции кои се во прва линија за заштита на лицата кои се справуваат со насилство, се наведува, очигледно не се доволно сензибилизирани и стручни во применетата на законските прописи со кои се штитат жртвите, објаснува Петровска.

Од Центарот со реакција дека постапката била отпочната по добиено известување од сектор за внатрешни работи, било направено проценка и се понудени мерки за заштита.

„ Исто така врз основа на направената проценка на ризик и предходно дадена согласност од жртвата, Центарот има поднесено барање до суд - Предлог за изрекување на привремена мерка за заштита на жртвата и малолетните деца и постапката е во судска процедура и судот е надлежен за донесување одлука за изрекување на привремени мерки за заштита. Предметот е активен и сеуште се работи.

Според статистиката од 2017 до 2020 година во земјава имало вкупно 26 убиства од кои 22 се жени убиени од членови од семјство. Последниот случај во Неготино е жена која откако беше претепана од својот љубовник подлегна од повредите и почина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието се приклучува на глобалната кампања против насилството

Денеска, се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој се потсетува на потребата од континуирани заложби, институционална одговорност и заедничко дејствување за спречување на сите форми на насилство. 

Собранието се приклучува на глобалната кампања против насилството

На овој ден започнува и глобалната кампања „16 дена активизам“, чија цел е подигање на јавната свест, поттикнување на општествената одговорност и испраќање јасна порака дека насилството не смее да се премолчува или оправдува.

Како највисок претставнички и законодавен дом, Собранието се приклучува кон кампањата, потврдувајќи ја својата посветеност на промовирањето на еднаквоста, заштитата на човековите права и создавањето општество во кое секоја жена и девојка ќе може да живее без страв, насилство и дискриминација.

Во пресрет на почетокот на кампањата, пратениците оставија свои пораки на симболичен банер во Собранието, приклучувајќи се кон повикот за прекинување на молкот, подигање на свеста и заедничко дејствување во борбата против насилството врз жените.

Со своите пораки, тие испратија јасна порака дека спречувањето на насилството е заедничка одговорност и дека секој поединец, институција и заедница има важна улога во создавањето безбедна средина, во која жртвите ќе добијат поддршка, а насилството ќе биде препознаено, пријавено и соодветно санкционирано.

Собранието и во наредните 16 дена ќе продолжи да испраќа пораки за подигање на свеста, охрабрување на пријавувањето и поттикнување на заедничка одговорност во борбата против насилството врз жените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Нашата амбиција е да бидеме активен партнер во енергетските процеси

Македонија е поинаква отколку пред две години.

Божиновска:  Нашата амбиција е да бидеме активен партнер во енергетските процеси

Создаваме решенија што траат и градиме иднина“, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на отворањето на првиот форум за енергетска дипломатија во Скопје, посветен на обновливите извори и жените во енергетиката, на кој беше потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поликлиниката Букурешт и натаму со нефункционален мамограф

И по повеќе од една година без мамограф, од директорот на Здравствениот дом Скопје Сами Исени нема одговор зошто клучниот апарат за женското здравје стои расипан во поликлиниката Букурешт.

Поликлиниката Букурешт и натаму со нефункционален мамограф

Министерот за здравство Клековски вети дека ќе добие одговор од Исени и за Канал 5 објасни дека објаснувањето на директорот на Здравствениот дом Скопје е слабо и нема доволно аргументи за причината за нефункционирањето на апартот, а овие прегледи се важни за жените за целата територија на Скопје.

Една од важната карика е функционалноста на општините во зашитата на здравјето на граѓаните, со инцијативата „Општини за здравје“ се објасни за важноста за комуникацијата и актвностите со градоначалниците и здравствените домови, потенцира Клековски.

Најголем проблем за целата територија и за сите општини е брзата помош, за што мора да има целосна реогранизација и самостојност, потенцриа првиот човек на здравство.

И првиот човек на УНИЦЕФ Аким Али потенцира дека општините се важни во процесот на едукација за здравствените проблеми и исто времено да ги заштити граѓаните во делот на вектор пренослвите болести како што беше нилската треска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер