3ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
ЖивотЖените во Македонија повеќе магистрираат и докторираат од мажитеСе повеќе магистри, специјалисти и доктори на науки добива државата од година во година, а најголем дел од нив се жени. Последните податоци од Државниот завод за статистика, објавени денеска, велат дека лани магистрирале или специјализирале 1.855 граѓани, што е за половина процент повеќе од 2024 година (1.846 лица стекнале звање магистар или специјалист). Зголемувањето е уште поизразено кај докторите на науки: лани докторирале 245 граѓани, што е дури 14 отсто повеќе од претходната година (во 2024 – докторирале 215 лица). Ова е тенденција која се забележува и во изминатиот период. Во 2024 година, пак, докторирале речиси четвртина повеќе лица отколку во 2023, а сличен раст има и во претходните години. Што се магистрира и докторира? Според податоците, во 2025 година Македонците најмногу сакале да магистрираат или специјализираат во делот на бизнисот и правото. Од 1.558 магистерски трудови, речиси една третина биле во оваа област – 497. Имало и голем интерес за инженерство, производство и градежништво – 256 магистерски трудови, а за општествените науки – 230. И покрај постојаниот недостаток на здравствен кадар, особено специјалисти или пак повисоки научни звања кои ќе го пренесат знаењето на лекарите, од дипломираните доктори само 82 специјализирале или магистрирале. Сосема обратно, дури една четврт од докторските трудови (245) биле во делот на здравството и социјалната заштита – дури 62, што е најголем дел од докторатите лани. „Најголем број од лицата, 25,3%, докторирале во областите здравство и социјална заштита; во бизнис, администрација и право – 14,7%; во инженерство, производство и градежништво – 12,7%; во уметност и хуманистички науки – 12,2%; следат областите општествени науки, новинарство и информирање со 10,2%, а останатите области се со помал процент на застапеност“, пишува во извештајот на Државниот завод за статистика. Жените повеќе учат! Податоците покажуваат интересни тенденции за тоа кој повеќе оди напред во образованието – мажите или жените. Редовно, над 60% од магистерските трудови на годишно ниво се на жени. „Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки во 2025 година е 61,2%. ... Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки во 2024 година е 61,6%“, пишува во извештаите на ДЗС за 2025 и 2024 година. Така, лани од 1.558 магистри, дури 954 биле жени, а 604 мажи. Кај специјализациите е уште поизразено – 203 биле жени, а 94 мажи. Бројките од статистиката покажуваат и ваква тенденција – жените, очигледно, се подобри математичарки од мажите. Од 74 магистри во делот на природните науки, математиката и статистиката, дури 60 биле жени, наспроти само 14 мажи. Слично е и во здравството, каде магистрирале 60 жени и 14 мажи. Повеќе магистрирани жени има и во делот на бизнисот, правото и општествените науки, но таму разликите се минимални. „Во текот на 2025 година, 147 жени одбраниле докторска дисертација, што претставува 60% од вкупниот број лица што докторирале во истата година“, констатираат од ДЗС. Во делот на здравството докторирале 45 жени и 17 мажи, а двојно повеќе докторирани жени има во бизнисот и правото (24 жени наспроти 12 мажи), како и кај природните науки и математиката (11 жени наспроти 6 мажи). Каде сме во споредба со другите? Ако се земат бројките за вкупно население во државата од 1,8 милиони жители и податоците согласно пописот од 2021 година за магистри, специјалисти и доктори на науки, како и статистиката за овие категории до 2025 година, во Македонија на илјада жители има околу 3,4 доктори на науки и 22,5 магистри. Според податоците од националните институции за статистика и Евростат, Македонија по бројот на доктори на науки се доближува до Словенија (која има 3,8 доктори на науки на 1.000 жители), што претставува една од највисоките стапки во Европа. Следна е Данска со 3,2 доктори на науки на илјада жители. Од регионот, најмалку доктори има во Бугарија и Србија – таму еден доктор на науки има на секои две илјади жители. Додека во бројот на доктори на науки предничиме, заостануваме од европскиот просек на магистри на науки. Во Европа обично има по 50 магистри на илјада жители, што е двојно повеќе од Македонија. Највисоки стапки за магистри во Европа имаат Данска, Полска и Германија, каде речиси еден од десет жители е магистар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе појави сериозен раскол поради ПутинДанската премиерка Мете Фредериксен денеска ги критикуваше претставниците на Финска и Норвешка поради водењето телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин.„Многу сум скептична во однос на оваа норвешка и финска иницијатива. Таа не беше усогласена со никого од нас останатите“, изјави Фредериксен, пренесува данскиот јавен сервис ДР. Според неа, Русија не сака мир со Европа и секојдневно води хибридна војна. „Она на што сме сведоци во последните недели е екстремна бруталност од страна на Русија. Колку што можам да видам, тие ги засилија своите напади. Не знам што мислат Финска и Норвешка дека можат да постигнат со ова“, рече Фредериксен, која моментално е во посета на Финска. Таа нагласи дека Европејците мора да држат заедно и да го координираат секој свој потег. Путин денеска разговараше телефонски со финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Путин ја оцени ситуацијата во зоната на конфликтот во Украина, укажувајќи на нејзините основни причини. Тој нагласи дека постигнувањето долгорочен мир е можно само доколку целосно се земат предвид интересите на Русија“, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесено од агенцијата РИА Новости. Кабинетот на финскиот претседател претходно денеска соопшти дека Стуб и Сторе ја иницирале средбата, при што фокусот бил ставен на дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Ова претставува прв директен контакт меѓу Путин и истакнати европски лидери – кои се сојузници на Киев – уште од јули минатата година, кога тој разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон. Пред точно една недела, во Осло се одржаа мировни разговори на кои учествуваа специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, претседателот на Финска, премиерот на Норвешка и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Следниот ден, Виткоф отпатува во Санкт Петербург, каде што беше примен од Путин, кој ја пренесе подготвеноста на Русија за продолжување на трилатералните консултации со САД и Украина. Според Песков, средбата би можела да се одржи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во текот на првата половина од ноември.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
МакедонијаНиколоски: Извозот е прв приоритет за домашната економијаВладата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија. “ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски. Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот. “ Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги, што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” –рече Николоски. Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назадСДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас. Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет. Лицемерие на највисоко ниво! Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви? Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи? Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија! Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа. Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат. И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија. Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости. П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16