Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
2Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
МакедонијаПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги испрати првите пораки од балканската турнеја пред утрешната посета на Скопје. На заедничката прес-конференција со Еди Рама, синоќа во Тирана, уште една порача дека местото на Западен е во ЕУ, но под јасни правила. Повторно навести дека ќе следуваат патокази за најуспешните кандидатки но конкретно ја спомена само Албанија. - Пристапувањето секогаш ќе остане засновано на заслуги, но мерит системот не значи бавно. Тоа е многу важно, особено во денешната геополитичка реалност и затоа ние наскоро ќе ги објавиме овие патокази за нашите најнапредни кандидати. Албанија, секако, е меѓу нив. Овие патокази ќе го претворат патот за членство во конкретни чекори, така ќе се разјасни што останува да се направи, до кога и каков процес треба да следи, изјави Урсула фон дер Лајен. Откако реномираниот бриселски портал „Политико“ објави дека ЕУ подготвува нови патокази за членство за четири држави, Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, но меѓу нив не е Македонија, премиерот Христијан Мицкоски изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ и најави дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите од македонската страна се, како што кажа, познати и непроменети. Лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, во пресрет на посетата на Фон дер Лајен упати остри критики до премиерот Мицкоски за намерна изолација на земјава, додека други земји според него имаат јасна перспектива за членство во ЕУ. -Притоа Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот. Ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот. Па сè е зачувано во меѓународните договори. Тие тоа го признаваат. Па сега некои будалаштини збори дека Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно. А на Христијан сакам да му порачам нека размисли добро, ако треба вечер нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен, да не се игра со иднината на земјата затоа што може да му судат следните генерации, изјави Филипче. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ експресно реагираа и го осудија, како што велат, говорот на омраза од Филипче кон Мицкоски, кој според нив не доликува не доликува на професор, доктор и политичар. -Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза, изјави координаторот на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски. По вчерашната посета на Тирана, шефицата на ЕК, денеска е во посета на Приштина и Подгорица, а утре ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТрагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да игра вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, објавија денес германските шампиони.Таткото на Кимих, Бертолд, почина на 57-годишна возраст, па Баерн го ослободи капитенот од должностите до викендот. - Поради загуба во неговото најблиско семејство, Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, ве молиме да се почитува неговата приватност и тага, и да се воздржи од понатамошни истраги и известувања. Им упатуваме најдлабоко сочувство на Кимих и неговите најблиски - се вели во соопштението на Баерн. Баерн ќе биде домаќин на Арсенал во третото коло од Лигата на шампионите вечерва во 21 часот. Ова ќе биде голем удар за целиот тим, бидејќи Кимих е многу важен дел од тимот предводен од Винсент Компани. Кимих дефинитивно ќе го пропушти овој натпревар, а дали ќе игра во Бундеслигата овој викенд сè уште не е познато.Тагови: Арсенал Баерн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛатвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количестваИран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници.Од почетокот на земјоделската сезона, Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници, според податоците на консултантската фирма „ProZerno“, пренесени од Ројтерс. Во периодот од јули до октомври, Иран увезл вкупно 1,716 милиони тони руско жито, главно јачмен и пченка. Египет е на второто место со увезени 1,35 милиони тони од јули наваму, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони. Латвија е на четвртото место со увезени 431.700 тони руско жито, додека Нигерија го зазема петтото место со 420.900 тони, покажуваат податоците на „ProZerno“. Русија ги менува извозните рути поради напади со беспилотни летала Русија ги прилагодува своите рути за извоз на жито како одговор на зачестените напади со беспилотни летала врз пловила во Црното и Азовското Море. Истовремено, значително е зголемен обемот на пратки преку Каспиското Море. Руското жито се извезува и преку пристаништа на Балтичкото Море, вклучително и оние што се наоѓаат во балтичките држави – пред сè во Латвија. Според податоците на компанијата „Rusagrotrans“, во септември преку балтичките пристаништа поминале 65 отсто од пратките со руско жито, главно пченица. Естонија веќе го забрани транзитот на руско жито преку својата територија. На почетокот на октомври, балтичките држави предложија воведување забрана за транзит на руско жито низ целата Европска унија. Извор: Индекс.хрТагови: жито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаПренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сценаЉупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница.Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само асет на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена. ,,Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност“, истакна Пренџов. Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор. ,,И вториот е кандидат односно асет на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДС или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата“, вели Пренџов. Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива. ,,Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДС, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена“, рече Пренџов и додаде: ,,Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто и мислат добро на Брвеница, пред се оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку не скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22