Минчев: Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, ... - Канал 5

Минчев: Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, ...

-Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, компетенциите и развој на административните службеници.

Минчев: Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, ...

Рим, Италија - 02.10.2025

Создавање современ систем за професионален развој на административните службеници, развој на нова генерација раководители и воспоставување силна институција за обука и развој на администрацијата беа во фокусот на работната посета на министерот за јавна администрација Горан Минчев на Националото училиште за јавна администрација на Италија - SNA.

На средбата со претседателот на националното училиште за јавна администрација, проф. Џенаро Терачано, министерот Минчев разговараше за конкретни можности за продлабочување на соработката меѓу двете институции, особено во пресрет на воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници во Македонија.

Националното училиште за јавна администрација на Италија - SNA, е институција на Претседателството на Советот на министри на Италија, со значајна улога во регрутирањето и обуката на државните службеници и раководители, како и во истражувањето и развојот на капацитетите на јавната администрација.

Во фокусот на разговорот беше воспоставувањето директен институционален канал за соработка меѓу SNA и идната Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници.

„За нас, Академијата не е само нова институција, туку нов пристап кон професионалниот развој на администрацијата. Го воспоставуваме системот во кој знаењето, компетенциите и континуираното усовршување стануваат темел на современата јавна администрација. Токму затоа ни е важно да учиме од искуствата на институции како SNA, кои имаат долгогодишно искуство во развојот на административниот и раководниот кадар.“- истакна министерот Минчев.

Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници беше донесен во 2025 година и претставува основа за формирање на Академијата како орган во состав во рамки на Министерството за јавна администрација, која започнува со работа во јануари 2027 година.

Академијата ќе воспостави систем во кој обуките ќе се планираат врз основа на реалните потреби на институциите, нововработените службеници ќе поминуваат задолжителна почетна обука и испит, а раководниот кадар ќе има обврска за професионално усовршување по унапредувањето. Системот предвидува и регулиран статус на обучувачите, база на обучувачи, евалуација на програмите и обучувачите, како и истражувачка и аналитичка дејност.

„Со ова воспоставуваме институционален механизам што досега недостасуваше - системски да се планира, спроведува и мери професионалниот развој на административните службеници. Не сакаме обуките да бидат само формално исполнување на обврска. Сакаме тие да создаваат знаење и компетенции што директно ќе се преточат во подобра работа на институциите и подобри услуги за граѓаните.“ - порача Минчев.

Министерот Минчев го претстави и новиот начин за именување и назначување на високите раководители во јавниот сектор, утврден со неодамна донесениот Закон за високи раководители, и изрази интерес за размена на искуства со SNA во однос на утврдувањето на раководните компетенции и планирање на раководните програми за обука.

На средбата беа разгледани и конкретни можности за соработка преку размена на специјализирани програми и методологии, обучувачи и експерти, студиски посети, заеднички истражувања и размена на искуства во областа на развојот на високите раководители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје Аеродром во Европа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.

МЗТ Скопје Аеродром во Европа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција.

Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“.

Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот.

Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди.

Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk.

Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вејн Руни по двете трансплантации ја осигурал својата коса

Европскиот фудбалски великан Вејн Руни одлучил да ја осигура својата коса. 

Вејн Руни по двете трансплантации ја осигурал својата коса

Легендата на англискиот фудбал и на „Манчестер Јунајтед“ – кој сега има 40 години – пред повеќе од една деценија се подложи на две постапки за трансплантација на коса за да го реши проблемот со опаѓањето на косата.

Тој сега е толку задоволен од својот изглед што одлучи дополнително да ги заштити резултатите од тие зафати. Руни, кој моментално работи како фудбалски аналитичар и ко-коментатор во емисијата *Match of the Day*, откри дека поседува полиса за осигурување на својата коса.

Тој го обелодени ова во најновата епизода од документарната серија за неговото семејство, *The Real Rooneys*, која се прикажува на платформата Disney+.

Пред да замине на скијање, тој потврди дека ја осигурал својата коса, додавајќи дека тоа е единствениот дел од неговото тело што некогаш го осигурал.

Во последните месеци, Руни значително го промени својот изглед, а особено внимание привлече неговата фризура. Поранешниот напаѓач исто така имаше операција на носот, откако двапати го скрши за време на својата играчка кариера.

Покрај тоа, тој изгуби значителна тежина откако престана да консумира алкохол, почна да се храни поздраво и редовно вежбаше во теретана.

Руни својата трансформација ја припишува на новите животни навики и ги отфрла шпекулациите дека користел инјекции за слабеење. За оваа тема тој зборуваше во емисија во која учествуваа и неговата сопруга Колин (40) и нивните четири сина – Каи (16), Клај (13), Кит (10) и Кас (8).

„Се чувствувам одлично. Веќе некое време не пијам алкохол. Едноставно сакав да се чувствувам поздраво и да бидам поздрав“, рече Руни. „Исхраната ми е многу подобра и тренирам. Сите зборуваат дека користам инјекции за слабеење, но тоа не е точно – сакам да го разјаснам тоа. Навистина се трудам да изгледам подобро и да бидам поздрав.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Доналд Трамп изјави дека можеби ќе побара од европските земји да ги ослободат дел од своите резерви на дизел, додека размислува за забрана на извозот на ова гориво од САД пренесува Би-Би-Си.

Трамп ќе побара од европските земји да  ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и бизниси „Не треба да го носат товарот“ додека цените вртоглаво растат.

САД се заканија дека ќе го ограничат извозот на дизел откако војната во Иран предизвика нагло зголемување на цените за американските гласачи пред ноемвриските избори.

Вчера Обединетото Кралство одржа разговори со европските партнери за можното ослободување на резервите на дизел како одговор на евентуалната забрана.

Забраната за извоз би го преплавила американскиот пазар со дизел и би можела значително да ги намали цените за американските возачи.

Сепак, експертите предупредуваат дека таквата забрана би извршила дополнителен притисок врз цените на дизелот во другите земји, освен ако тие не можат да обезбедат дополнителни залихи. Цените на бензинот и дизелот на глобално ниво вртоглаво пораснаа по избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Иран во февруари. Затворањето на виталниот Ормутски теснец преку кој вообичаено се транспортира околу една петтина од светската нафта и гас, доведе до поскапување на производите добиени од нафта.Забраната за извоз од Русија, која исто така е голем снабдувач на дизел, дополнително придонесе за притисокот врз цените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер