ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и стручна помош.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба

Тој е уценет и исплашен човек, кој должи и на Зоран Заев, што го постави и држи на претседателското столче во СДС, и на Румен Радев, пред кого, очигледно презел обврски, кои значат ново предавство на македонските национални интереси.

Од една страна, поради полтронството спрема Зоран Заев, тој ja претвори СДС во маргинална партија со многу проблеми, со раскарани сопартијци, меѓусебни обвинувања за тешки криминали, навреди, јавни пресметки.

Додека, од друга страна, спрема Румен Радев очигледно има преземено обврски, затоа што неговиот став „прво Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“ е ист како и бугарската политика спрема Македонија. И ваквите ставови на Филипче на иста линија со бугарските и со Радев, не се први што ги слушаме. Тука е и ставот како бугарскиот, дека за билатералните прашања и спорот со Бугарија не преговараме со нив, туку со Европската Унија.

А, неговите последни јавни настапи само ја потврдуваат неговата психолошка состојба, затечен меѓу полтронството кон Заев и слугувањето кон Радев за извесно ново предавство во корист на бугарските интереси.

Затоа што само уценет и исплашен човек, јавно навредува и се однесува неконтролирано и непресметливо како Венко Филипче, така што, само во еден ден се расфрла со квалификации како „идиот“ и „шлепер-жаба“.

На ваквото однесување на Венко Филипче гледаме со жалење и сочувство, и му препорачуваме што побрзо, пред да биде предоцна, да побара стручна медицинска помош.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ

Разговори за иднината во 12:05.

Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ

Денес, петок, 02 октомври, Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на “Бихакќа” ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ.

Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот.

По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје.

Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanok

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нападнете го Ѓоковиќ, и тој го брани Роналдо- „Жезус е арогантно копил*!

Хаосот околу Кристијано Роналдо и португалската репрезентација доби ново продолжение, а овој пат во центарот на вниманието се најде Пирс Морган.

„Нападнете го Ѓоковиќ, и тој  го брани Роналдо- „Жезус е арогантно копил*!

Британскиот новинар, кој со години е близок со португалската ѕвезда, јавно застана на страната на Роналдо по бурните случувања во националниот тим.

Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, откако тренерот Жорже Жесус одлучи да го остави на клупата.

Потоа, Морган се огласи на социјалната мрежа „Икс“ (X) и директно го нападна португалскиот тренер. „Какво арогантно копил*! Жесус никогаш не беше доволно добар дури ни да игра за Португалија, а сега ужива да го омаловажува и понижува најголемиот играч што оваа земја некогаш го имала“, напиша Морган.

Неговата реакција не застана само на Жезус. Особено го погоди одлуката Рафаел Леао да го преземе славниот број седум на Роналдо за претстојниот натпревар.

Сепак, зад овој потег стои и практична причина: правилата на УЕФА наложуваат играчите во составот за натпреварот да носат броеви од еден до 23. Морган, сепак, ја искористи оваа одлука за повторно да застане во одбрана на својот пријател.

„По сè што Кристијано направи за Португалија – зошто, по ѓаволите, се однесуваат кон него толку срамно? Вчера беше роденденот на неговиот татко, а тој играше за репрезентацијата само еден ден по неговата смрт! Навистина е срамно и одвратно да се гледа вакво шокантно непочитување кон најголемата легенда“, изјави британскиот новинар.

Инаку во одбрана на Роналдо застана и неговиот голем пријател најтрофејниот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер