ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
1ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
МакедонијаАНБ откри руска пропагандна мрежа во МакедонијаАгенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава.Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси. Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор. Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ. Агенцијата во рамки на своите надлежности ќе продолжи да презема активности во насока на детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“, изградена атмосферска канализација на ул. Маршал Тито.Една година по промените во Демир Капија, чекор по чекор општината се менува и развива, се инвестира во подобри услови и конкретни мерки за поддршка на граѓаните, реализирани и започнати се повеќе проекти во областа на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот и социјалната поддршка. Со домаќинско работење дел од проектите општината успеа да ги реализира со сопствени буџетски средства, додека друг дел преку владини програми и преку други институции. Така со помош на Владата се изгради атмосферската канализација на улицата „Маршал Тито“ во Демир Капија во вредност од скоро четири милиони денари, а со заеднички финансирања и од општинскиот Буџет се реконструираше фудбалското игралиште и дел од водоводната мрежа во село Клисура. На повеќе улици се постави улично осветлување, додека во село Дрен се изгради улица бр. 10 финансирана од Министерството за транспорт во вредност од два и пол милиони денари, санирани се улици во повеќе населени места и исчистени се отворените канали за наводнување и одводнување. Покрај инфраструктурните проекти, реализирани се и мерки директно насочени кон граѓаните, меѓу кои поддршка за првачињата преку обезбедување ранци и училиштен прибор, униформи за учениците од прво до деветто одделение, стипендии за средношколци и студенти, еднократна финансиска помош за новороденчиња, финансиска поддршка за прв склучен брак, поддршка за еднородителски семејства и самохрани родители, финансиска поддршка за пензионери. Во тек е реализацијата на дополнителни проекти, меѓу кои доизградбата на кујната и ресторанот за исхрана во ООУ „Димче Ангелов Габерот“ во вредност од над осум милиони денари, уредувањето на отворено тениско игралиште, реконструкцијата на улицата „8 Март“, санацијата на дел од фекалната канализација во село Чифлик, рехабилитацијата на улици и крпењето ударни дупки, како и уредувањето на автобуски постојки во Демир Капија, Корешница и Бистренци. Исто така, во тек се активностите за уредување на детското игралиште на плоштадот во Демир Капија и адаптација на простор за инклузивна соба во основното училиште, наменета за деца со попреченост. Реализацијата на овие проекти е дел од заложбите за подобрување на локалната инфраструктура, создавање подобри услови за децата и младите, како и обезбедување конкретна поддршка за различни категории граѓани. Инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и јавните услуги продолжуваат, со цел подобрување на условите за живот во Демир Капија и населените места во општината. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter