Жена се пожалила во познат ресторан,па ја полиле неа и внуката со зовриена вода (ВИДЕО) - Канал 5

Жена се пожалила во познат ресторан,па ја полиле неа и внуката со зовриена вода (ВИДЕО)

Адвокатот на жената која го тужи американскиот синџир ресторани за брза храна „Тако Бел“ во петокот објави видео снимка на која вработен во ресторан истура на неа и нејзината внука зовриена вода.

Жена се пожалила во познат ресторан,па ја полиле неа и внуката со зовриена вода (ВИДЕО)

Британи Дејвис и нејзината малолетна внука, Ц.Т., тврдат дека претрпеле сериозни изгореници кога менаџерот на филијалата во Далас ги полил со врела вода, откако тие се пожалиле дека не се задоволни од нивната нарачка.

На снимката од безбедносната камера се гледа како вработен во Тако Бел истура вода врз жената и девојчето, а пареа излегува.

„Ова однесување на раководството и вработените на Тако Бел, како што се гледа на видеата, е насилно, бесчувствително и неоправдано“, изјавил во петокот адвокатот Пол А. Гринке, според NBC News.

„Ц.Т. и нејзината тетка Британи, кои и самите работат во ресторанот, мирно ја побарале храната што ја платиле со своите тешко заработени пари. Наместо едноставно да го решат проблемот, вработените во Тако Бел почнале да го исмеваат 16-годишното девојче и управителот им направил заседа со топла вода“, додаде тој.

YouTube video

Во тужбата се наведува дека Дејвис и нејзината внука ќе имаат трајно оштетување на кожата. Адвокатите бараат отштета од еден милион долари.

Тако Бел вчера изјави дека сериозно ја сфаќа безбедноста на работниците и клиентите и е во контакт со сопственикот на филијалата и другите вработени. Одбиле да коментираат повеќе за инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Во четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешки крилца

150 гр. криспи брашно

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

Фактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг.

ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг.

Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина.

Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада.

Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.

2,31 милијарди евра вратена главнина за две години.

Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер