МакедонијаДве кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената. Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПринцот Хари сè уште го прогонува последниот разговор со мајка му: „Да знаев само...“Принцот Хари отворено прозборе за еден од најтешките моменти – последниот телефонски разговор со неговата мајка, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година. Иако поминаа речиси три децении од смртта на принцезата Дијана, на нејзиниот помлад син сè уште му е тешко да се помири со фактот дека нивниот последен разговор не се разликувал од кој било друг. Во емотивно интервју за списанието „GQ“, тој откри што никогаш не си простил, но и како научил да живее со таа загуба. „И јас ја изгубив мајка ми прерано. Веќе отворено зборував за тоа дека едно од моите најголеми жалења е поврзано со последниот телефонски разговор со неа. Да знаев дека тоа е нашиот последен разговор, тој ќе изгледаше сосема поинаку. А сега морам да живеам со тоа“, додаде тој. Војводата од Сасекс имал само 12 години кога неговата мајка загинала во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, на 36-годишна возраст. Хари призна дека и денес жали за начинот на кој завршил нивниот последен разговор, бидејќи, како што вели, „само сакал што поскоро да ја прекине врската и да истрча да си игра со роднините“, пренесува Index.hr. Тој објасни дека растењето под будното око на јавноста дополнително му ја отежнало ситуацијата во однос на справувањето со смртта на неговата мајка. „И денес, луѓето многу често ми приоѓаат и велат: ’Точно се сеќавам каде бев на 31 август 1997 година‘. Опкружени сте со луѓе од различни генерации кои јасно се сеќаваат каде биле кога се случило тоа. Потоа ме гледаат мене или брат ми и велат: ’Неверојатно, вие бевте уште деца, дури ни тинејџери. Како продолжувате понатаму по такво нешто?‘“, изјави Хари. Принцот верува дека неговото искуство може да им помогне на другите кои се соочуваат со загуба на сакана личност. Тој се надева дека неговата приказна ќе им даде охрабрување на луѓето кои минуваат низ тежок период и ќе им покаже дека е можно повторно да се пронајде среќата. Тој призна дека со години по смртта на мајка му, ги потиснувал своите чувства и чувствувал вина секогаш кога бил среќен. Сепак, со текот на времето сфатил дека мајка му би сакала тој да продолжи со својот живот и да биде среќен. „Тоа ме ослободи и целосно го промени мојот поглед на животот“, рече тој. Зборуваше за желбата за помирување За време на интервјуто, Хари се осврна и на своето враќање во Обединетото Кралство и зборуваше за важноста на помирувањето. Тој изрази желба семејните несогласувања да останат во минатото, а односите да се подобрат. Смета дека луѓето не треба постојано да се навраќаат на старите конфликти, туку треба да се обидат да најдат заеднички јазик. „Убаво е повторно да се биде овде“, рече тој. Односот меѓу принцот Хари и неговиот постар брат, принцот Вилијам, е затегнат со години, а според медиумските извештаи, браќата ретко комуницираат. Хари, исто така, има затегнат однос со својот татко, кралот Чарлс III. Сепак, портпаролот на Хари нагласи дека неговите изјави во врска со помирувањето не биле упатени кон Вилијам, ниту кон кој било друг член на кралското семејство. Во 2020 година, Хари и Меган Маркл се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија. Нивната одлука дополнително ги заостри тензиите во рамките на кралското семејство, а оттогаш, Хари во неколку наврати јавно зборуваше за своите искуства и конфликти со членовите на семејството. Не е познато дали постои взаемна желба за помирување од другата страна.Тагови: принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Шоу бизРусокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно местоЕдна од најубавите спортски новинарки на светот, италијанската новинарка Дилета Леота повторно привлече внимание со својот изглед на социјалните мрежи, откако се јави од студиото за време на еден натпревар минатиот викенд. Таа објави фотографии од своето работно место, а како и обично, беше во провокативна модна комбинација. За известување од една средба атрактивната Дилета одбрала црна, проѕирна комбинација, под која јасно се гледаше црн градник, истакнувајќи го нејзиниот буен биста. Со ова издание, таа уште еднаш ги израдува своите повеќе од 9 милиони следбеници, па така не недостигаа коментари и комплименти. https://www.instagram.com/reel/DepXu-Usoih/?utm_source=ig_embed Многумина се фалеа дека „направиле зум на фотографијата“, а други ѝ велеа: „Стануваш сè поубава и поубава...“, „Какво чудо...“ и слично. Дилета Леота во последните години е заштитно лице на британската компанија DAZN во Италија, а откако во мај годинава се породи по вторпат, нејзиниот изглед е постојано под лупа на јавноста и во центарот на медиумското внимание, бидејќи неверојатно брзо ја врати својата совршена линија. Дилета и нејзиниот сопруг, германскиот голман Лорис Кариус, имаат две деца. Првото дете, ќерката Арија, го добија на 16 август 2023 година, а интересно е тоа што Арија се роди на истиот ден кога е роденден на Дилета. Второто дете, синот Леонард, го роди на 9 мај 2026 година. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАјкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналотАјкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап. Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа. Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг. По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон. Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот. Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter