Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни - Канал 5

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Аномалијата на политиката во Македонија се вика Венко Филипче

Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска.

ВМРО-ДПМНЕ: Аномалијата на политиката во Македонија се вика Венко Филипче

Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична.

Така, последниве два дена СДС бара извештај за водата во Гостивар, а тој извештај е објавен од Министерството за здравство, но нема ниту збор, ниту повик за извештајот од Општина Гостивар. Нема никаква критика кон нивниот градоначалник на Гостивар.

Последното е што напаѓаат за нилската треска, а притоа изоставуваат да кажат дека најголемиот број смртни случаи во периодот од 2018 до 2025 година се регистрирани во 2019 година, кога министер за здравство е Венко Филипче.

СДС креира состојба на хаос затоа што нема аргументи и нема понуда.

Венко Филипче е аномалијата на политиката во Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

 Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“. 

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови.

На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на Република Македонија, Седат Сулејмани, кој потсети дека од првата фестивалска вечер на 12 јули со гала-концертот „Љубов“ па до денес, Охрид беше сцена на која се сретнаа различни култури, традиции и уметнички изрази, како што рече, под отворено небо и на простори со вековна историја.

-Тоа е суштината на „Охридско лето“- преку уметноста да ги поврзува луѓето и да отвора нови хоризонти. Ова фестивалско издание остави зад себе голем број концерти, претстави и средби со врви уметници. Рекордната посетеност е само потврда дека публиката ја препознава вредноста на фестивалот и дека културата има значајно место во нашето општество. Како министер за култура и туризам, горд сум што министерството е партнер и поддршка на фестивалот кој повеќе од шест децении е еден од столбовите на нашиот културен живот. Наша обврска е да ја чуваме оваа традиција, да го поддржуваме врвниот уметнички квалитет и да создадеме услови „Охридско лето“ да продолжи да расте, да се развива и да биде фестивал отворен за сите-за секоја генерација, за секој уметник, за секој љубител на уметноста, рече министерот Сулејмани.

Во знак на благодарност за исклучителната поддршка на фестивалот „Охридско лето“ и придонесот во унапредувањето на културната соработка помеѓу Полска и Република Македонија, директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, му врачи плакета на амбасадорот на Полска во земјава, Мариуш Бримора.

-Благодарност за прекрасната соработка со организацијата на фестивалот, особено што втора година по ред, Полската вечер ја затвора музичката програма на „Охридско лето“. Разбирливо е да се прашате зошто американски музичар од Калифорнија настапува на Полска вечер. Го поканив Стен Брекенриџ, не само заради тоа што ми е долгогодишен пријател, туку и заради тоа што тој е многу голем пријател на Полска. Првпат дојде во Полска во 2004 година и веднаш се заљуби во нашата земја. Во следните години ја посетуваше повеќе пати, а откако се пензионира од Универзитетот во Калифорнија во 2018 година, засекогаш се пресели во Полска. Оттогаш живее во Познањ и ги учи студентите, а во исто време ја продолжува и својата уметничка кариера. Неговиот најнов проект „Реимагиниран Шопен“ ги свири делата на иконата на полската музика, Фредерик Шопен во негови џез-боса нова аранжмани. За да ја направиме поинтересна оваа вечер, го замолив во програмата да вметне и неколку евергрин мелодии кои обично ги свири на своите концерти. Ова е уникатна можност да го слушнете најдоброто од Шопен и од американската музика, рече полскиот амбасадор Бримора.

Квартетот „Глам“ кој негува стилска разновидност и комбинира повеќе музички стилови од класична музика преку поп, рок, хаус, џез, па сè до современите алтернативни стилови го сочинуваат Барбара Шелчаеиевич – прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска – втора виолина, Каролина Вашцинска-Лукановска – виола и Агњешка Ковалчук – виолончело.

Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“ е традиционална и се одржува веќе 17 години, носејќи ги најдобрите уметници од Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинески тајкун осуден на доживотен затвор

Кинески тајкун во секторот недвижности осуден на доживотен затвор.

Кинески тајкун осуден на доживотен затвор

Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“ – компанија што претставува симбол на кризата во секторот недвижности која сè уште ја оптоварува националната економија – на доживотен затвор, а на самата групација и на нејзиниот оддел за недвижности им изрече парична казна од приближно две милијарди евра.

„Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, користејќи го бранот на повеќедецениска брза урбанизација и растечки животен стандард низ земјата. Заострувањето на кредитните услови, со цел да се ограничи прекумерното задолжување, доведе до неможност на компанијата да ги подмири своите обврски во 2021 година.

Пропаѓањето на „Евергранде“ и на други компании од секторот, заедно со тековната криза на пазарот на недвижности, продолжува да го кочи растот, чија движечка сила тие долго време беа. На групацијата „Евергранде“ и на нејзината подружница за недвижности им беше изречена вкупна парична казна од 15,82 милијарди јуани (2 милијарди евра).

Основачот Сју Џијајин е осуден на доживотен затвор поради „тешка финансиска измама“.

Исто така, тој е доживотно лишен од политичките права, а целиот негов личен имот беше конфискуван, соопшти судот во Шенжен преку платформата „Вичет“ (WeChat).

„Групацијата ’Евергранде‘ (Evergrande Group) е казнета со 8,82 милијарди јуани (1,12 милијарди евра), а компанијата ’Евергранде рил естејт‘ (Evergrande Real Estate) со 7 милијарди јуани (890 милиони евра)“, наведе судот. Во периодот од 2016 до 2021 година, „Евергранде“ и Сју Џијајин „го прекршиле националниот закон преку вршење континуирана финансиска измама од големи размери, како и други активности насочени кон вештачко зголемување на вредноста на имотот и прикривање на обврските“, појасни судот. Судот додаде дека обвинетите користеле поткуп за да „стекнат контрола врз финансиски институции“, без притоа да ги именува вклучените институции.

Според судот, уште петмина високи функционери на групацијата „Евергранде“ беа осудени на затворски казни во траење од 6 до 18 години по различни обвиненија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер