3Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
ХороскопДневен хороскоп за 20. август 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 20. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе најдете компромис за лично прашање , кој ќе биде оригинален. Толку повеќе ќе почуствубате олеснување. Кариера Кога станува збор за деловните контакти и договори , ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Бидете упорни. Девица 23.8.-23.9. Љубов На оригинален начин вие ќе ги надминете проблемите во својот љубовен живот и ќе ја отворите вратата за негово подобрување. Кариера Идеите од шаховски карактер , како и креативноста ќе ви носат убави поени на работното место. Здравје и совет Ќе се чувствувате подобро од вчера. Вага 24.9.-23.10 Љубов Работите доѓаат во рамнотежа и во вообичаен ток. Успеавте да се договорите и сега продолжувате понатаму. Кариера Веројатно ќе дојде до многу интересно решение со кое вашите деловни задачи ќе тргнат во вистинска насока. Здравје и совет Радувајте се зашто одите кон подобро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро напредува. Нема особени сензации ,с е е мирно и пријатно , а вие двајцата уживате. Кариера Можен е прилив на пари на вашата сметка. Станува збор за нешто што било одлагано или доцнело поради бирократски причини. Здравје и совет Бидете весели. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот е стабилен и квалитетен , а денеска е обогатен со свежи идеи и интересно излегување. Кариера Ќе покажете импресивни резултати во работата , а за тоа е најзаслужна вашата интуиција.Послушајте ја. Здравје и совет Самите ќе дознаете што треба да менувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Мали семејни проблеми ќе ви одземат од времето , па на саканата личност ќе и посветите помалку внимание од вообичаено. Кариера Вашата деловна стратегија добро ќе се развива , а денеска се јавуваат и вложувачите кои ги чекавте. Задоволни сте. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе им покажете на сите како на инвентивен начин се постигнуваат успешни договори. Многумина ќе бидат изненадени и среќни. Кариера Во работата со странки , односно со луѓе , ќе бидете особено успешни. Многуумина ќе ве истакнуваат како пример. Здравје и совет Вежбајте јога . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Содржината на она што ќе и зборувате на саканата личност ќе биде таков што ќе треба да го запошете и чувате. Ќе во биде преубаво. Кариера Вашата интуиција денеска ќе биде непогрешлива и ќе доведе до решавање на еден нерешлив деловен проблем. Здравје и совет Светот е ваш. Овен 21.3-20.4. Љубов За чудо , денеска добро ќе ве разбираат иако и самите не верувате дека тоа е можно. Ќе дојде до подобрување во врската. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат откриени на неочекуван начин. Така че се засрамат . Не им се потсмевајте. Здравје и совет Ќе почувствувате олеснување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Без оглед на целата збрка во комуникацијата , ќе најдете начин за да ги изразите своите чувства и тоа ќе биде добро. Кариера Се зајакнуваат деловните контакти што ве радува . Во тоа сте вистински мајстор , но и натаму прво осмислете , па потоа кажете. Здравје и совет Подобрување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви донесе убавина во љубовта.Оние кои се уште се сами ќе освојуваат со леснотија. Кариера Работите во кои вие имате влијание , ќе се развиваат одлично. Дури и да бидат скромни , бидете свесни за сопствените заслуги. Здравје и совет Проширете ги хоризонтите. Рак 22.6-22.7. Љубов Сепак има добар ветар во грб во љубовта , па на вас останува да ги осмислите пријатните моменти со саканата личност. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора , така што ќе добиете одговор и решение на таа тема. Тоа ќе го употребите за да си го зголемите успехот. Здравје и совет Знаете кој е вистински , а кој не.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожарНа 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Тошковски го штити кумашинот ЈанушевСкандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност.Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра. Зошто истрагата застанала тука? Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето? Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување. Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има. Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев? Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој. Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници. И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници. Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него? Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter