ВМРО-ДПМНЕ: Аномалијата на политиката во Македонија се вика Венко Филипче - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Аномалијата на политиката во Македонија се вика Венко Филипче

Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска.

ВМРО-ДПМНЕ: Аномалијата на политиката во Македонија се вика Венко Филипче

Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична.

Така, последниве два дена СДС бара извештај за водата во Гостивар, а тој извештај е објавен од Министерството за здравство, но нема ниту збор, ниту повик за извештајот од Општина Гостивар. Нема никаква критика кон нивниот градоначалник на Гостивар.

Последното е што напаѓаат за нилската треска, а притоа изоставуваат да кажат дека најголемиот број смртни случаи во периодот од 2018 до 2025 година се регистрирани во 2019 година, кога министер за здравство е Венко Филипче.

СДС креира состојба на хаос затоа што нема аргументи и нема понуда.

Венко Филипче е аномалијата на политиката во Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Клековски даде четвртина извештај за водата - остатокот граѓаните нека си го соберат сами

Така изгледа министер за здравство во владата на Мицкски. Најави целосен извештај за водата. А излезе само со дел, четвртина, парче. 

СДСМ: Клековски даде четвртина извештај за водата - остатокот граѓаните нека си го соберат сами

За останатото им рече на граѓаните: одете кај ЦУК, кај АХВ, кај „Комуналец“.

Ако сакате да знаете што пиевте, шетајте. Соберете си го досието сами.

Тоа не е транспарентност. Тоа е екскурзија.

Прво тој отиде на одмор додека Гостивар се труеше, додека се ширеше жолтицата и западнонилската треска.

Сега граѓаните ги праќа на екскурзија по институции.

Министерот што треба да го собере системот го растура одговорот на четири шалтери.

По 22 дена труење и околу 5.000 заболени, јавноста не бара брошура.

Бара еден документ: сите мостри, сите лаборатории, сите датуми, сите бактерии, сите вредности, кој потпишал дека водата е за пиење.

Не четвртина кај министерството. Не остаток кај комуналното. Не парче кај агенцијата. Не алиби кај кризниот центар.

Ако извештајот е целосен, зошто мора да се бара по делови?

Ако фактите се јасни, зошто се делат според тоа кој ги нарачал? Ако нема што да се крие, зошто граѓанинот станува курир меѓу институции што се под иста власт?

Клековски е министер, не туристички водич. Водата за пиење е јавно здравје.

Јавното здравје не е сопственост на претпријатие. Не е архива што се издава на барање. Се објавува. На едно место. Со потпис. Пред народот што пиеше фекалии 22 дена.

Објавете го целиот извештај. Денес. Без упатства каде да одат граѓаните понатаму да бараат.

Дотогаш ова не е одговор. Ова е признание дека повторно бегате.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Седум загинати во хеликоптерска несреќа во Кенија

Седум лица, меѓу кои и пет државјани на САД, загинаа кога хеликоптер што превезувал туристи на сафари се урнал во оддалечен дел на северна Кенија.

Видео: Седум загинати во хеликоптерска несреќа во Кенија

Во леталото се наоѓале пилотот и шест патници, објави Си-Би-Ес (CBS). Хеликоптерот „Еурокоптер EC130 B4“ се урнал во 9:13 часот наутро додека летал од резерватот за диви животни „Лоисаба“ кон областа на реката Евасо Нџиро во округот Самбуру, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Кенија.

Несреќата се случи на непристапен терен во подножјето на планината Ололокве, а истрагата е во тек.

Меѓу загинатите беа Хозе Алберто Суарез, претседател и генерален директор на неколку телевизиски станици на „Телемундо“, како и познат угостител од Мајами.

Во несреќата загинаа и шефот на разузнавачката служба на Еквадор, Микеле Сенси-Контуџи, и неговата сопруга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Презимето Модриќ повторно во Реал: Ема тргна по стапките на својот татко

Ќерката на најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ, Ема ќе игра за Реал Мадрид.

Презимето Модриќ повторно во Реал: Ема тргна по стапките на својот татко

Презимето Модриќ повторно ќе биде присутно во Реал Мадрид. Овој пат не преку Лука, туку преку неговата 13-годишна ќерка Ема, која ќе го продолжи својот фудбалски развој во женската академија на мадридскиот гигант.

Ема пристигнува во Мадрид од Милано, каде што претходно постигна забележителен успех. Со својот тим таа ја освои титулата шампион на Италија во категоријата до 13 години, а до трофејот стигна по победата над градскиот ривал Интер во финалето на женскиот Куп „Гарино“, одиграно во април.

Иако Лука Модриќ минатата година стави крај на една долга ера во Реал, семејната поврзаност со клубот сега добива ново продолжение. Хрватскиот играч за врска помина 13 години на „Сантијаго Бернабеу“, од 2012 до 2025 година, и во тој период стана еден од најтрофејните играчи во историјата на клубот.

Со Реал Мадрид, Модриќ освои дури 28 трофеи, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампионите и четири титули во шпанското првенство. Тој одигра 597 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи 43 гола и запишувајќи 95 асистенции.

Посебно место во неговата кариера зазема 2018 година, кога ја освои „Златната топка“ и ја прекина долгогодишната доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во изборот за најдобар фудбалер во светот.

Додека Лука ја продолжува кариерата во Италија, каде што го продолжи договорот со Милан, неговата ќерка ќе ги направи своите нови фудбалски чекори во Мадрид. Така, Ема ќе се обиде да изгради сопствен спортски пат, но првиот голем чекор ќе го направи во клубот во кој нејзиниот татко остави длабока трага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер