Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ
Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет
1Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ
2Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет
3Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ
МакедонијаЗголемен број на лица кои побарале помош во Гостивар, двајца хоспитализираниЗголемен е бројот на лица кои побарале помош во Гостивар... Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека само во текот на вчерашниот ден имало 127 нови регистрирани случаиПо една недела откако беше прогласена епидемија во Гостивар повторно расте бројот на заразени и прегледи на дневно ниво, меѓудругото, поради тоа што вирусите освен преку загадената вода се пренесуваат и од човек на човек. Но, во главно бранот стивнува, уверуваат од Институтот за јавно здравје. Епидемиологот д-р Драган Кочински вели состојбата е стабилна, но ризикот сѐ уште постои и затоа вода од чешма во Гостивар не смее да се пие, бидејќи не се исклучува можноста за друга епидемија по оваа, на жолтица, иако засега нема ниту еден потврден случај на т.н. болест на нечисти раце. Техничката вода може да се користи за лична хигиена, но мора да се внимава да не се проголтува, ова важи за сите, но особена внимателност се препорачува при бањањето на децата. Сега водата во никој случај не смее да се пие ниту пак со неа да се приготвува храна, вели д-р Кочински. Од почетокот на епидемијата се извршени над 4000 први прегледи, а поднесени се околу 830 формални пријави за заразна болест. Според извештајот од здравство досега се анкетирани околу 560 пациенти, што претставува покриеност од 68 проценти од пријавените случаи. Епидемиолошките анализи покажуваат дека во 99% од заразените заедничкиот именител - користената вода што била загадена со фекалии. Во последното деноноќие се регистрирани и две нови хоспитализации – по една на Инфективното одделение и на Педијатрија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
СветЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата. Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата. Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции. Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат. Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
ЕвропаПредлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет Замената на консензусот со квалификуваното мнозинство на прв на тест пред Европскиот совет. Наспроти ставот на Каја Калас да не се билатерализира процесот на проширување, дел од членките повторно проблематизираат.. Нејасно е засега дали европските лидери ќе постигнат барем приближување на ставовите, но хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во случајот со Црна Гора на која и испорача список со осум услови се осврна на блокадите кон Македонија, од страна на Грција и Бугарија кои како што изјави на Македонија и одземаа 21 година Унгарскиот премиер Петар Маѓар пак се изјасни дека Украина не може да пројде на брза лента во ЕУ и до нејзиното членство како што изјави можни се 10 до 15 годиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери.Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери, бидејќи, како што вели, наш партнер во НАТО станува прибежиште за осудени или лица против кои се водат судски постапки. Случајот со Михаилова и нејзиниот татко, рече Мицкоски може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да да ја избегнат правдата, бегајќи во Бугарија. -Не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму“кажа Мицкоски. Според премиерот, има политички сили кои очекуваа емотивна реакција од властите во Македонија во врска со случајот, но, напротив, рече тој, земјава реагира надвор од ваквите очекувања, повикувајќи на дијалог за изнаоѓање решенија за проблемите. Тој го повтори ставот што го кажа претходно во изјава за медиумите, дека Ива Михаилова и нејзиниот татко кога-тогаш ќе се соочат со правдата.Во однос на заминување на Михаилова во Бугарија, Мицкоски во интервјуто уште еднаш ги отфрли како невистинити тезите дека таа и нејзиниот адвокат ја поминале границата на регуларен граничен премин. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ рече дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, оценувајќи дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter