3Поповиќ: Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%
Веб ТВЗевзекманија И корења ќе јадетеFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во ИранГлобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното.Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, но растечкиот јавен долг, постојаната инфлација и повисоките приноси од обврзниците остануваат сериозни ризици, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. Според неа, изгледите за глобалниот раст сега се значително поурамнотежени отколку во април, иако негативните ризици и натаму преовладуваат. Меѓу главните причини ги посочи растечките фискални притисоци и можноста централните банки подолго да ја задржат построгата монетарна политика за да ја контролираат инфлацијата.Тагови: ММФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41
МакедонијаТрајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопатГовор на директорот на ЈПДП Коце Трајановски по повод поставувањето на камен темелник од изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово.“, изјави на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце, директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски. Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega. Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри, и додаде: „Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите! Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и. Рокот на изградба е 4 години. Рокот на изведба е четири (4) години. Автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, додека постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и останатите граѓани.“, рече Коце Трајановски директорот на ЈПДП кој е главен носител на проектот за изградба на автопатот. На поставувањето на камен темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Мицковски и Курти, како и ресорните министри за транспорт, но и други бројни политичари, владини функционери, пратеници, амбасадори и директори. Јавно претпријатие за државни патиштаТагови: Коце Трајановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоповиќ: Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%Цените на горивата се до плафон, од вчера дизелот е над 100 денари за литар.Ова е нов удар врз стандардот на граѓаните кои чекаат мерки, но Владата на Мицкоски не презема ништо. Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот. Дури Мицкоски кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата. Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари Само за шест месеци цената на дизелот порасна за 43%. Резервоар од 50 литри сега ги чини граѓаните над 1.500 денари повеќе од пред шест месеци. Но ударот не завршува на бензинските пумпи. Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство, поголеми трошоци за земјоделците и нов раст на цените на храната. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани веќе оди за храна и пијалаци, потрошувачката кошничка е речиси 70.000 денари, а платите стагнираат. Секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза. Животниот стандард на граѓаните се намалува, а Владата не презема ништо. Кој профитира на грбот на граѓаните кои ја плаќаат цената за неспособноста на Мицкоски. СДСМ бара: Намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%, Намалување на акцизата за 50%. Овие две мерки ќе имаат директен ефект врз намалување на цените на сите горива, намалување на потрошувачката кошничка и вкупното ниво на цените. Ајде барем еднаш прифатете нешто добро за граѓаните. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одборТагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41