Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран
Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници
1Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран
2Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници
3Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
Шоу бизПоранешна ѕвезда на Дизни за Мајли Сајрус: „Ми велеше да ги средам носот и забите“Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато.Џордан Пруит, поранешна поп-пејачка која како тинејџерка настапувала заедно со ѕвездите на Дизни како што се браќата Џонас и Деми Ловато, ја обвини Мајли Сајрус дека ја малтретирала додека двете биле дел од светот на Дизни. Таа ги изнесе овие тврдења во коментар на Инстаграм, кој потоа стана вирален на Reddit и привлече големо внимание. Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато. „Мајли тогаш така се однесуваше со сите, вклучително и со мене“, напиша Пруит. Кога еден корисник ја замоли да објасни што наводно ѝ рекла Сајрус. „Мајли ми се јавуваше и ми оставаше непријатни пораки на телефонската секретарка. Таа и нејзината пријателка Менди ми велеа дека треба да направам операција на носот, да ги поправам забите и да си најдам кореограф“, напиша таа. Пруит, која сега има 35 години, додаде дека 33-годишната Сајрус била „бездушна“. Нејзиниот коментар собра повеќе од илјада лајкови, а претставниците на Мајли Сајрус не одговорија на барањето на Page Six за коментар. Таа претходно откри дека напишала песна за Мајли Ова не е прв пат Пруит јавно да зборува за Сајрус. Во март, таа откри дека својата песна од 2008 година „Boyfriend“ја напишала за неа. Во песната, таа ѝ кажува на друга девојка дека нема да ѝ го преземе момчето. Во тоа време се шпекулираше дека Пруит се забавува со Ник Џонас, но нивната врска никогаш не беше официјално потврдена. Сајрус и Џонас се забавуваа од 2006 до 2007 година. Ѕвезда на Дизни како тинејџерка Пруит е најпозната по нејзината песна од 2006 година „Outside Looking In“ и песната „Jump to the Rhythm“ од филмот на Дизни „Jump In!“. Како тинејџерка, таа сними два албума за „Hollywood Records“ на Дизни и беше на турнеја со некои од најголемите ѕвезди на Дизни во тоа време. Во 2012 година, таа се натпреваруваше во американската верзија на „The Voice“ со Кристина Агилера, а во 2017 г. се повлече од музичката индустрија. Во 2019 година, Пруит ги тужеше „Disney“, „Hollywood Records“ и нејзиниот поранешен менаџер Кит Томас. Таа тврдеше дека Томас сексуално ја злоставувал од нејзината 14-та година и дека компанијата не успеала да ја заштити. Во тужбата, таа изнесе сериозни обвинувања против Томас, тврдејќи дека тој сексуално ја злоставувал кога била малолетна и дека во една прилика ја дрогирал и силувал. „За жал, на големите компании на прво место им е продажбата, парите и музичките топ листи“, изјави Пруит за „Variety“ во тоа време. „Премногу често тие не успеваат да ги заштитат младите таленти за кои треба да се грижат. Разочарана сум што „Disney“ ги третира своите малолетни ѕвезди исклучиво како извор на профит.“ Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАИгор Кокошков за Џејсон Кид: „Тој е најлошиот човек во НБА, нека се знае тоа“Поранешниот селектор на кошаракарските репрезентации на Словенија и Србија, Игор Кокошков, упати остри критики кон Џејсон Кид, со кого соработуваше во Далас. Џејсон Кид како играч и Џејсон Кид како тренер се две сосема различни личности. Токму тоа се обиде да го објасни српскиот стручњак Игор Кокошков. Поранешниот селектор на Србија имаше можност да соработува со некогашниот плејмејкер во Далас, во периодот кога таму беше и Лука Дончиќ. И тој период не го памети по добро. -Воопшто... „Воопшто не го познавав Џејсон Кид; тој беше еден од моите омилени играчи и еден од најдобрите плејмејкери што некогаш играле. Се боревме едни против други во оние пет години додека тој беше во Њу Џерси; ми се допаѓаше оној ’Принстон‘ напад што се играше за него – како да беше создаден за него. Промената на ритамот, движењето – тоа е една приказна. А Џејсон Кид како тренер – тоа е сосема поинаква приказна. Немам премногу добри искуства, ниту пак високо мислење за него како човек и како тренер“, изјави Кокошков во подкаст. Тој потоа објасни зошто нема толку добро мислење за главниот тренер на Маверикс. „И добро е да се знае тоа – не поради моето мислење, туку воопшто. Тој водеше тимови со големи имиња, тимови со висока репутација и играчки калибар: прво Бруклин, потоа Милвоки со Јанис – тимови проектирани за титула – па Далас со Лука. Јас немам високо мислење за него. Можеби најдобриот одговор би бил дека, по таа една година работа со Кид... тоа е твој тим. Сепак, никој не можеше да му го објасни тоа – тој дел; веројатно е нешто во неговата глава и во приватниот живот.“ „Тој е најлошиот човек во НБА.“ Игор не е единствениот што има такво мислење за Кид. Ниту навивачите на „Мавс“ не го сакаат, бидејќи знаат дека тој учествувал во размената со која Лука Дончиќ требало да замине во „Лејкерс“, со што би го избркале најдобриот играч и првата ѕвезда на тимот. „По мојата прва година во Далас и на крајот од таа сезона, добив повик од Стив Неш да дојдам во Бруклин. Работев за најлошиот човек во НБА, а добив повик од најдобриот човек во НБА – колку само едноставна одлука“, се насмеа Кокошков.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаОтворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во ДојранМинистерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија.Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија, во Дојран. Од 14 до 18 септември, на школата учествуваат околу 60 млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја. Летната школа е организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Во текот на петдневната програма, младите учесници од различни делови на државата ќе имаат можност преку интерактивни, едукативни и спортски активности да стекнат нови знаења и практични вештини во повеќе области, меѓу кои комуникација, тимска работа, лидерство, социјална инклузија, личен развој и вработливост. Посебен фокус во програмата е ставен на пристапот „Спорт за развој“, преку кој спортот се користи како алатка за учење, градење доверба и соработка, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и развивање на лидерските способности кај младите. Целта на Националната младинска летна школа е младите да не бидат само учесници во неколкудневна програма, туку од Дојран да заминат со нови контакти, конкретни знаења и вештини, поголема самодоверба и мотивација за активно учество во своите заедници. Министерството за социјална политика, демографија и млади заедно со своите партнери продолжува да создава и унапредува можности за младите од целата држава да се поврзуваат, да учат, да разменуваат искуства и непосредно да учествуваат во процесите и активностите што се од значење за нивниот личен и професионален развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаМицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметнициНајпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. „Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. Почнувајќи од првиот настан, каде што гостуваше повторно светска ѕвезда на стадионот во Битола — под Тумбе Кафе, на 2-ри август, па сè до последниот настан, каде што беше повторно мега-светска ѕвезда — Дејвид Гета. Во меѓувреме имавме неколку мјузикли низ градовите во државата, под мотото „Силно светнал ден“. Потоа беше оној настап на светската мега-ѕвезда, Хосе Карерас, заедно со македонскиот „ол-стар“ состав на скопскиот плоштад. Тука беа и поединечни настани, исто така со светски ѕвезди во Струмица — Окенфолд, Ван Дајк, македонски рок-бендови, меѓу кои и концертот на „Меморија“ во Струмица итн. Станува збор за опфат од помеѓу 200.000 и 250.000 среќни македонски граѓани коишто ова лето се дружеа со македонските, но и со светските ѕвезди“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Централниот дневник на МРТ. Мицкоски се осврна на активностите коишто се одвиваа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија и соопшти дека ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди, како и да се поддржуваат домашните уметници. „Им благодарам на македонските пејачи, актери, организатори, продуценти, режисери, сценаристи — нека ми прости некој ако биде заборавен. Им благодарам што направија навистина лето коешто ќе биде незаборавно, лето коешто долго ќе се памети и ќе претставува основа за годините коишто следат“, рече Мицкоски и додаде: „Јас слушав на прес-конференцијата дека обврска на организаторот е да достави трошковник до Државната лотарија и, според изјавите на директорот на Државната лотарија, тој трошковник ќе биде доставен и објавен. Така што опозицијата нека продолжи да тоне во своите интриги и измислици, а ние ќе продолжиме да работиме и да го испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас. Еве, ќе кажам и ќе најавам тука повторно, уште еднаш, дека општествено одговорна компанија како Државната лотарија ќе продолжи и во годините коишто следат да ги поддржува македонските културни работници, македонските актери, македонските музички изведувачи итн.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook