ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
1ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
СветИран и Оман ги засилуваат разговорите за „привремено“ отворање на ОрмузИницијативата има цел да воспостави „привремен заеднички поморски коридор“.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот омански колега Бадр Албусаиди разговарале за „привремена рамка“ чија цел е обновување на пловидбата низ Ормускиот теснец, се наведува во заедничко соопштение објавено од оманската новинска агенција, додека двете страни продолжуваат со долготрајните разговори за пловидбата низ клучниот воден пат. Иницијативата има цел да воспостави „привремен заеднички поморски коридор“ и проект за расчистување мини за да се обнови безбедната пловидба низ областа, се наведува во соопштението. Ормускиот теснец, низ кој претходно минуваше околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, останува во голема мера затворен од март, кога Иран презеде чекори за блокирање на водниот пат по американските и израелските напади на 28 февруари, во кои беше убиен врховниот лидер Али Хаменеи. Иран и Оман ќе одржат дополнителни разговори за „преговори за нова постојана рута во рок од 30 до 60 дена“ за пловидба низ клучниот воден пат, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи ....Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНејмар за новиот соиграч: Ако е ова сон, не сакам да се разбудам (ВИДЕО)Нејмар (34) не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Филипе Кутињо во Сантос. Бразилскиот клуб објави видео од нивната средба во тренинг центарот, а Нејмар го поздрави својот долгогодишен пријател со прегратка и зборовите: „Ако ова е сон, не сакам да се разбудам“. Кутињо (34) потпиша договор со Сантос до крајот на сезоната. Тој е без клуб од февруари, кога го напушти Васко де Гама, клубот каде што порасна и се врати во 2024 година. Прв пат заедно во ист клуб Нејмар и Кутињо со години се соиграчи во бразилската репрезентација, но никогаш не играле заедно за ист клуб. Иако двајцата го носеа дресот на Барселона во текот на нивните кариери, нивните епизоди на Камп Ноу не се преклопуваа. Нејмар замина во Пари Сен Жермен во летото 2017 година, додека Кутињо од Ливерпул пристигна во Барселона во јануари 2018 година. "SE FOR UM SONHO, NÃO QUERO ACORDAR!" 😂💭 Veja como foi a recepção para Philippe Coutinho em sua chegada ao CT Rei Pelé! https://t.co/Xtdzk9fpEK — Santos FC (@SantosFC) September 14, 2026 Кутињо помина пет години во Ливерпул и го изгради својот статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата. По трансферот во Барселона, тој играше и за Баерн, Астон Вила, Ал-Духаил и Васко пред да се врати во бразилскиот фудбал и да потпише за Сантос. Нејмар, пак, се врати во Сантос на почетокот на 2025 година, во клубот каде што ја започна својата професионална кариера и од кој замина во Барселона во 2013 година. Сантос сега има двајца поранешни играчи на бразилската репрезентација во истата соблекувална, а доаѓањето на Кутињо очигледно беше пречекано од Нејмар со посебно задоволство. Кутињо последен пат играше за Бразил во март 2022 година, додека Нејмар се збогува со репрезентацијата по Светското првенство оваа година.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо ЈакимовскиГРОМ најостро ја осудува денешната нова кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски.Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции. Јавноста не е наивна. Граѓаните гледаат што се случува и со право прашуваат: Зошто повторно Јакимовски? Зошто токму сега кога пред само неколку дена Врховниот суд ги укина претходните пресуди против Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно постапување. И зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми? Јавноста очекува кривични пријави, истраги и разрешница за дивоградбите во Чаир, за урбаниот хаос и за сите случаи во кои постојат сомнежи за незаконско постапување. Очекува одговори за тоа кој дозволувал, кој градел, кој потпишувал и кој со години ги затворал очите пред дивоградбите. Наместо тоа, добиваме нова пријава против човек кој во моментов се наоѓа во болница. Ова повеќе не изгледа како борба за владеење на правото. Ова изгледа како политичка пресметка со неистомисленици. ГРОМ ја повикува власта да престане да ги користи институциите како средство за заплашување и политички притисок. Не може едни да бидат недопирливи, а други постојано да бидат предмет на институционален прогон. Особено лицемерно е кога власта зборува за правда и владеење на правото, а јавноста секојдневно гледа селективност, двојни стандарди и институции кои очигледно имаат различни аршини за различни луѓе. Додека Јакимовски се бори за своето здравје во болница, власта продолжува да се пресметува со политичкиот противник. Тоа не е демократија. Тоа не е владеење на правото. И тоа не е Македонија каква што заслужуваат нејзините граѓани. ГРОМ бара институциите да постапуваат еднакво кон сите, транспарентно и без политички притисоци. И затоа уште еднаш прашуваме: КОГА ЌЕ ДОЈДЕ РЕДОТ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР? И ДО КОГА ВЛАСТА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ОПОЗИЦИЈАТА НАМЕСТО ДА ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ? ГРОМ ќе продолжи да ја брани демократијата, политичкиот плурализам и правото на секој што мисли поинаку да биде слушнат – а не прогонуван. ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈемен тоне во хуманитарна катастрофаКанцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека најмалку 125.000 луѓе се раселени во Јемен од почетокот на септември поради ескалацијата на непријателствата.Според нивните податоци, бројот на цивилни жртви продолжува да расте. „OCHA“ исто така извести дека најмалку 18.000 домаќинства биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на месецот и дека хуманитарните организации обезбедиле помош за илјадници домаќинства, пренесува Ал Џезира. Канцеларијата исто така предупреди дека залихите на хуманитарна помош се на критично ниско ниво поради недоволното финансирање. Според извештаите, движењето на хуманитарните мисии останува прекинато на неколку локации долж западниот брег на Јемен поради насилството, додека пристапот до клучните патишта е ограничен или тие се непроодни. Извор: Б92Тагови: Јемен хуманитарна катастрофа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter