Зенит победник на Суперкупот на Русија - Канал 5

Зенит победник на Суперкупот на Русија

Екипата на Зенит Санкт Петерсбург е освојувач на фудбалскиот Суперкуп на Русија.

Зенит победник на Суперкупот на Русија
Зенит кој во мај месец го освои националниот куп го победи шампионот ЦСКА Москва со 1:0 и триумфирање во Суперкупот, кој доаѓа како најава на претстојната сезона во Русија, која стартува следниот викенд.

Стрепец на победничкиот гол за Зенит беше Бразилецот, Маурисио во 22. минута од натпреварот кој се играше во Москва.

За составот на Зенит на чија клупа дебитираше романскиот стратег Мирчеа Луческу ова е четврти трофеј во рускиот Суперкуп (2008, 2011 и 2015). ЦСКА Москва сеуште е најуспешна со шест трофеи во ова натпреварување, а по два имаат Рубин Казан и Локомотив Москва. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски.

Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии.

Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад.

Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер