Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО) - Канал 5

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад.

Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со емотивна снимка се огласи ќерката на Мишо Ковач, прв пат по неговата смрт (ВИДЕО)

По смртта на легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач, неговата ќерка Ивана Ковач за прв пат се огласи на социјалните мрежи.

Со емотивна снимка се огласи ќерката на Мишо Ковач, прв пат по неговата смрт (ВИДЕО)

Наместо долго проштално писмо, таа сподели видео на Инстаграм во кое нејзиниот татко зборува за верата, тема што му беше исклучително важна, објави Телеграф.

Ивана не објави долга порака со видеото, но самиот избор на видео привлече големо внимание. Во него се наоѓаат зборовите на Мишо за неговиот однос со верата и длабокото убедување што го имал.

„Католицизмот не е вера, туку реалност“

- Имам крст околу вратот што ми го дадоа Јањевци, почестена сум што ми го дадоа. Го имам Исус што ми го дадоа во Австралија. Жив Исус! Како? Католицизмот не е вера, туку реалност, бидејќи Тој е жив - рече Мишо во видеото.

Времето и местото на погребот се познати

Проштавањето со легендарниот пејач Мишо Ковач ќе трае три дена, а со музичкиот великан прво ќе се збогуваат во Шибеник, потоа во Сплит, додека последното збогување ќе биде организирано во Загреб.

Познати се и датумите на главните настани, па така во вторник, на 3 ноември, ќе се одржи голема проштална церемонија на сплитскиот Пољуд, додека ден подоцна семејството, пријателите и обожавателите ќе се соберат во Загреб.

Како што дознавме, прошталната церемонија на Пољуд е закажана за вторник во 16 часот, а се очекува да присуствуваат бројни музички ѕвезди и обожаватели на Мишо. По церемонијата во Сплит, ковчегот ќе биде пренесен во Загреб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку случајот со Алта банка може да направи потрес во банкарскиот систем?

Колку случајот со Алта банка може да направи потрес во банкарскиот систем и дали Народната банка можеше да спречи ваков развој на настаните? 

Колку случајот со Алта банка може да направи потрес во банкарскиот систем?

Случајот со АЛТА банка не претставува директна закана за финансиската стабилност на државата, но може сериозно да ја наруши довербата и кредибилитетот на банкарскиот сектор, оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски. Иако оваа банка не е системски значајна за нашата земја, проблемите со пристапот до сопствените средства на клиентите во банката создаваат негативна слика и отвораат сомнежи кај граѓаните, вели Миновски.

„ Сето тоа нормално ја намалува довербата и сомнежот. Ние во изминатиот период, почнувајќи од независноста, имавме многу вакви ситуации и навистина како и во животот, довербата тешко се гради, меѓутоа многу лесно се губи.“

Случајот го отвора и прашањето за одговорноста на Народната банка и гувернерот, односно дали како регулатор навремено ги препознале ризиците поврзани со сопственикот на АЛТА банка, пред да го одобрат преземањето. Миноски смета дека постоеле повеќе индиции кои требало да бидат сериозен сигнал за претпазливост, од информациите и сомнежите во јавноста околу контроверзната сопственичката структура, до постапката што Европската централна банка ја презела во 2024 година.

„ Во дадениов случај дефинитивно за оние што беа сопственици на банката постоеше определен сомнеж, информации во јавноста во однос на сопственичката структура и мислам дека во тој дел можеби требало да се биде повнимателен. Кога била преземена определена постапка од страна на Европската централна банка, требало тоа да го вклучи црвениот аларм... Освен тоа, на сопственикот на банката му беше забранет влез во Црна Гора... Сето тоа се индиции коишто требало сериозно да се земат предвид пред да се донесе одлука.“

Миноски смета дека уште пред да се дозволи влезот на банката на македонскиот пазар, требало да се земат предвид и информациите со кои располагаат и други институции, особено оние поврзани со спречувањето перење пари и безбедносните ризици.

„ Во целиот тој процес не е вклучена само Народната банка, туку се вклучени и други институции: и во делот на контрола на парите, на перењето на парите, Управа за финансиско разузнавање и други институции, делот од разузнавачките служби коишто треба внимателно да ги следат сите овие економски текови и да даваат соодветни информации.“

Преземањето банка не е исто што и преземањето обична приватна компанија, вели Миноски. Затоа, според него, неопходни се координација и размена на информации меѓу надлежните институции, за да не се дозволи потенцијалните ризици да бидат препознаени дури откако со нив ќе се соочат граѓаните и компаниите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шестмина уапсени во Србија за изборни малверзации- на луѓе од БиХ им наоѓале лажни живеалишта

Во Мали Зворник, мала општина долж границата со Босна и Херцеговина, уапсени се шест лица, за кои обвинителството се сомнева дека им дале адреси на граѓаните на Босна и Херцеговина во Србија за пари за да можат да гласаат на изборите.

Шестмина уапсени во Србија за изборни малверзации- на луѓе од БиХ им наоѓале лажни живеалишта

Меѓу уапсените има вработени во општинската администрација и полициската станица, објави Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, пренесе Индекс.

Обвинителството се сомнева дека од април до јули 2025 година, граѓани од Босна и Херцеговина поднеле барања за престој во Србија за да можат да гласаат на изборите.

Во официјалните записи од терен, наводно, напишале дека овие граѓани живеат на регистрираните адреси, иако тоа не било вистина.

Службени автомобили до Чациленд

Еден од осомничените е обвинет и дека патувал од Мали Зворник до Белград со службени општински возила за да престојува во Пионирскиот парк, познат како Чациленд. Обвинителството наведува дека овие патувања не биле поврзани со работа.

Друг осомничен е осомничен дека одобрил користење на службени возила без информации каде и кога оделе.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа. Потоа се очекува да бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер