Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип - Велес

Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип - Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница".

Во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници. Блокадата ќе трае два часа.

ЕП 2024: Фоден го напушти кампот на Англија

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Фил Фоден, привремено го напуштил кампот на репрезентацијата на Англија во Германија, пишува локалниот печат.

Тој се врати во Велика Британија поради итни семејни проблеми, потврдија малку подоцна од ФА.

Фоден ги започна сите три натпревари на Англија досега на Евро 2024, но не успеа да импресионира и беше заменет против Словенија и Данска. Се очекува крилниот напаѓач да им се врати на соиграчите во наредните денови.

„Трите лава“ со пет бода и со само два постигнати гола го освоија првото место во групата „Ц“, а подоцна денеска ќе го дознаат противникот во осминафиналето. /МИА

Видео: Во Италија со црвена боја против фемицидот

Активисти за женски права денеска во знак на протест против фемицидот истурија црвена боја на Шпанските скали во Рим, симболично претставувајќи ја крвта на жртвите од насилство.

Членови на движењето „Запали се“ (Bruciamo tutto) истурија канти со црвена боја по една од главните туристички атракции во Рим и оставија отпечатоци од рацете.

Ова е симболично прикажување на крвта на сите луѓе кои беа убиени. Тоа повеќе нема да го прифатиме. Мора веднаш да престане, изјави еден од активистите пред да биде приведен од полицијата.

Активистите тврдат дека бојата која нема да предизвика трајно оштетување на Шпанските скали.

Националната канцеларија за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривични дела се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се роднини. /МИА

Муцунски во Брисел на средби со европарламентарците Мекалистер, Ќучук и Стрик

Муцунски ја нагласи одличната соработка и односи со Европскиот парламент.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамките на својата прва посета на Брисел, оствари повеќе одвоени средби со неколку европарламентарци, членови на различни политички групации на Европскиот Парламент, Дејвид Мекалистер (EPP), Илхан Ќучук (Renew) и Тинеке Стрик (Greens).

Муцунски ја нагласи одличната соработка и односи со Европскиот парламент, а посебно со акцент на придобивките од воспоставениот процес на парламентарна соработка - „Жан Моне“. Упати благодарност за нивната работа и поддршката која што ја даваат на земјата во поглед на пристапниот процес и изрази очекување дека интензитетот на истата ќе продолжи во наредниот период.

“Значајно е да се задржи и да се зајакне позитивниот наратив во ЕП за да се одржи моментумот на проширувањето на ЕУ и да се даде силна поддршка на земјава за пристапување во Унијата. Сега, заради променетите геостратешки околности, земјите-членки на ЕУ треба вложат повеќе во соодветно забрзување на пристапниот процес за земјите од Западен Балкан, врз основа на заслуги и постигнувања на секоја земја“, нагласи Муцунски.

Истакнувајќи ги спецификите на пристапното досие на земјава, посебно од аспект на долготрајноста и фазите на процесот изминатите 20 години, Муцунски нагласи дека е потребно да се задржи кредибилитетот на процесот, што ќе придонесе за постепена интеграција пред членството, за што добра алатка е Планот за раст и неговото спроведување од сите инволвирани страни.

“Преговорите за пристапување во ЕУ се најдобар начин како да се обезбеди неповратност на општествената реформа и демократски развој во земјата, и за нас треба да се изнајде пат што ќе овозможи продолжување на преговорите со ЕУ, без одлагање кое е наметнато врз основа на билатерално барање”, порача Муцунски.

притисни ентер