Зелен хуман град: Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ? - Канал 5

Зелен хуман град: Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?

Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани .

Зелен хуман град:  Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?

Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани со тоа што ќе достави негативно мислење за обнова на А - интегрираната дозвола на ТИТАН - Усје поради големото загадување што го предизвикува фабриката во согласност со член 100 став (1) од Законот за животната средина.

Дополнителна тежина на ова прашање дава фактот што Советот на Град Скопје на својата 5 седница на 25 декември 2025 година едногласно ја усвои иницијативата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за дислокација на Цементарница „Усје“ и сите други индустриски загадувачи со заклучок:

„Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ“

Поради сериозноста на состојбата со загадувањето во Скопје, како и засегнатоста на сите скопјани со овој повеќедеценики проблем, побаравме одговорот на прашањето да добиеме во најкус можен рок без да се чека истекот на деловнички утврдениот рок, со цел навремено да ги информираме граѓаните.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да престане да се бори со сите расположливи средства за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина од опасните, животозагрозувачки последици на загадувачката индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова трагедија на Елбрус: Пронајдено е уште едно тело на планинар, откако се пронајдени телата на петтемина од БиХ

На планината Елбрус е откриена нова трагедија кратко откако се појави веста дека пет планинари од Босна и Херцеговина загинале при обид да се искачат на највисокиот врв во Европа.

Нова трагедија на Елбрус: Пронајдено е уште едно тело на планинар, откако се пронајдени телата на петтемина од БиХ

Според руските медиуми, замрзнатото тело на планинар е пронајдено на надморска височина од 5.300 метри, додека неговиот придружник е евакуиран, но неговата состојба засега е непозната. Според првичните информации, починатиот бил маж од Тулскиот регион, додека неговиот придружник бил маж од Ставропол.

За потсетување, пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус откако група од седум члена тргнала да го освои врвот. Еден од членовите потоа се вратил да пријави дека двајца од планинарите се чувствуваат лошо. Кога пристигнале спасувачите, немало начин да се спасат двајца од планинарите, тие успеале да спуштат еден, додека потрагата по уште тројца членови на групата била во тек. За жал, нивните тела биле пронајдени денес, но операцијата за извлекување ќе продолжи утре, бидејќи временските услови во моментов се исклучително неповолни.

Преживеани се Харис А. (43) и Кемал В. (38), кои успеаја да се спуштат и да побараат помош од спасувачите.

Алма и Денис Окановиќ, Нермин Талама, Алмир Кривдиќ и д-р Мелиха Чаушевиќ загинаа во експедицијата. Сите членови на експедицијата беа искусни планинари со бројни искачувања зад себе и освоени врвови над 5.000 метри надморска височина. Некои од нив беа членови на Службата за спасување на планините Зеница и Планинарското друштво „Ведро“.

Истражниот оддел на Истражниот комитет на Русија за Кабардино-балкарската Република започна прелиминарна истрага за трагедијата.

Елбрус е највисокиот планински врв во Русија и Европа, тоа е изгаснат вулкан кој се наоѓа во Голем Кавказ, во јужна Русија, во близина на границата со Грузија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плажите во Нормандија од „Денот-Д“ во Втората светска војна стануваат наследство на УНЕСКО

Плажите во Нормандија за Денот Д, каде што сојузничките сили се истоварија на 6 јуни 1944 година за да се борат против нацистичките трупи на Хитлер и на крајот да ја ослободат Франција, станаа место на светското наследство заштитено од УНЕСКО.

Плажите во Нормандија од „Денот-Д“ во Втората светска војна стануваат наследство на УНЕСКО

Плажите во Нормандија за Денот Д, каде што сојузничките сили се истоварија на 6 јуни 1944 година за да се борат против нацистичките трупи на Хитлер и на крајот да ја ослободат Франција, станаа место на светското наследство заштитено од УНЕСКО, соопшти телото на Обединетите нации во неделата.

Во соопштението на својата веб-страница, УНЕСКО напиша дека плажите формираат „исклучителен културен пејзаж обликуван од настаните од 1944 година и нивното трајно сеќавање“, што го оправда нивното прогласување за заштитено наследство.

Комеморации со учество на светски лидери

Плажите на Нормандија за Денот Д редовно се во фокусот на комеморациите на кои присуствуваат светски лидери од САД, Велика Британија, Канада и Франција.

Војниците кои учествуваа во истоварувањето во Нормандија дојдоа од САД, Велика Британија, Канада, Белгија, Норвешка, Полска, Луксембург, Грција, Чехословачка, Нов Зеланд и Австралија. Учествуваа и околу 177 француски командоси.

Одлучувачка фаза во ослободувањето на Европа

Нападот означи одлучувачка фаза во ослободувањето на Европа од нацистичка Германија во Втората светска војна.

Вкупно 156.115 сојузнички војници истоварија по море на плажите со кодни имиња Јута, Омаха, Голд, Џуно и Сворд, или беа спуштени од воздух зад германската крајбрежна одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маџовски несебично пружал помош и учествувал во потрагата по преживеани во Скопје

Мегу присутните на изложбата во Музејот на Град Скопје вечерва беше и скопјанецот Душан Маџовски .

Маџовски несебично пружал помош и учествувал во потрагата по преживеани во Скопје

Мегу присутните на изложбата во Музејот на Град Скопје вечерва беше и скопјанецот Душан Маџовски кој е еден од живите сведоци на катастрофалниот земјотрес и кој на 26 јули 1963 година кога имал само 25 години несебично пружил помош во спасувачките операции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер