Верстапен најбрз во Баку на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан - Канал 5

Верстапен најбрз во Баку на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан

Возачот на Редбул, Макс Верстапен беше најбрз на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан во Баку и со тоа ја прекина доминацијата на Мерцедес за време на тренинг-сесиите.

Верстапен најбрз во Баку на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан

Возачот на Ред Бул постигна време за 0,099 секунди подобро од она на Џорџ Расел, и тоа во самиот финиш.

Британецот беше најбрз на првите два тренинга одржани во четвртокот.

Луис Хамилтон заврши трет, со заостанување од 0,111 секунди, додека Кими Антонели беше четврти.

Шарл Леклер го зазеде петтото место, но заостануваше дури 0,622 секунди зад Верстапен, при што кон крајот на сесијата мораше да излезе од патеката во зоната за безбедност.

Пјер Гасли заврши седми, пред возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.

Иако Верстапен беше најбрз, Мерцедес останува сериозен кандидат за пол-позицијата, особено поради предноста на правците и во бавните свиоци. Квалификациите за Големата награда на Азербејџан започнуваат во 14:00 часот по средноевропско време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенија ја укинува деветолетката

Словенија се подготвува за една од најголемите промени во основното образование во последните две децении. 

Словенија ја укинува деветолетката

Министерот за образование, наука и млади Борут Рончевиќ најави укинување на сегашниот модел на деветгодишно основно образование и воведување „современа осумлетка“.

Планот беше објавен при претставувањето на резултатите од истражувањето pisa 2025, кое покажа пад на резултатите на словенечките 15-годишници во читање, математика и природни науки. Министерот оцени дека резултатите се сериозно предупредување и најави целосна реформа на образовниот систем.

Иако се зборува за „укинување на деветолетката“, според најавениот модел децата и понатаму би имале девет години задолжително образование.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк.

„Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: 'Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети 'Патриот''“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“.

По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање.

Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција

Промена на условите за влез во Црна Гора ќе стапи на сила од 1 ноември 2026 година, кога за државјаните на Русија, Белорусија и Турција ќе биде потребна виза за влез, транзит и престој во земјата.

Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција

Одлуката е дел од процесот на усогласување на визната политика на Црна Гора со законодавството и практиките на Европската унија, во рамки на обврските поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ.

Црногорската влада на 23 јули ја усвои измената на уредбата за визниот режим, со која се предвидува укинување на досегашниот безвизен режим за граѓаните на трите земји и воведување визна обврска од 1 ноември.

Со оглед на тоа што безвизниот режим со Русија, Белорусија и Турција е регулиран и со меѓународни договори, црногорските власти ќе започнат постапки за престанок на нивната важност.

Сепак, за Турција е предвидена можност за задржување на безвизниот режим за одредени категории патни исправи. Црна Гора ќе започне постапка за склучување нов билатерален договор со кој би се регулирал визниот режим за лицата кои поседуваат дипломатски, службени и специјални пасоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер