Дигитални документи на еден клик: На 28 октомври се лансира апликацијата „М-Услуги“ - Канал 5

Дигитални документи на еден клик: На 28 октомври се лансира апликацијата „М-Услуги“

Лична карта и возачка дозвола во мобилниот телефон, а постепено и државните е-услуги на едно место. 

Дигитални документи на еден клик: На 28 октомври се лансира апликацијата „М-Услуги“

На 28 октомври официјално ќе биде промовирана мобилната апликација „М-услуги“, која како што посочува министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ќе биде целосно бесплатна и незадолжителна, а физичките документи и натаму ќе можат да се користат. Андоновски не очекува сите институции уште од првиот ден да бидат технолошки подготвени да ги прифаќаат дигиталните документи, туку тоа да се случува постепено. Планот е апликацијата да се надградува со нови услуги и информации, меѓу кои од здравството и јавниот превоз, со цел наместо преку повеќе апликации, граѓаните да имаат еден мобилен пристап до сите државни услуги.

- Во првата верзија имаме електронска лична карта, електронска возачка дозвола и две услуги – две или три, сега веќе колегите ми рекоа дека ќе има повеќе: потврдата за стаж, историјат на работни односи... Но, важно е дека сите услуги коишто државата ќе ги нуди, ќе ги носиме во мобилната апликација. Сега тоа е порталот, но ќе имаме пристап во мобилниот телефон,--Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација.

Андоновски најави и нови електронски услуги од МВР, а посочи дека се развива и електронски систем за мониторинг на социјалната помош кој треба да биде интегриран на проталот е-услуги. Сепак, и покрај зголемениот број на електронските услуги, хартијата се уште доминира. Минатата година биле извадени околу 200 илјади изводи на хартија, наспроти околу 10 илјади електронски, за што Андоновски очекува поголема ажурност околу дигитализацијата и од самите институции.

- Имаме добра најава во периодот којшто следи: голем дел на услуги на МВР, со Завод за статистика имавме одлична соработка, го променивме целиот начин на собирање на податоци од студенти, ќе продолжиме и во други области...Развиваат еден цел систем за мониторинг на социјалната помош, којшто исто така ќе биде електронски, ќе можеме да го донесеме на порталот. Ќе има новости, ќе има во периодот којшто следи, но потребна е поголема динамика од страна на институциите,--Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација .

Во однос на изградбата на националниот дата-центар Андоновски нагласува дека иако почетната инвестиција е поголема, обединувањето на постоечките 20-тина помали дата центри низ институциите на долг рок значително ќе ги намали трошоците за опрема ладење, напојување и одржување на системите. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра од кои 30% ќе бидат финансирани со грант од ЕУ.

Андоновски дата-центарот го опишува како објект кој ќе наликува на фабрика, без влијание врз животната средина, кој во иднина би се проширувал и за потребите на вештачката интелегенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапува

За влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ,  мора да има и кривична и политичка одговорност.

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапува

СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола.

Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески.

Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски.

Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал?

СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност.

Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка.

Скопје, 25.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондови

Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондови

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата.

Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто.

Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен терен

Кралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.

ЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен терен

„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода.

Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1.

Лига на шампиони, 5. коло

вторник

Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2

Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77

Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55

Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57

Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг

Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76

РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58

Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п

Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57

среда

18:45 Сабах - Барселона

18:45 Славија - Виљареал

21:00 Атлетико Мадрид - Викинг

21:00 Клуб Бриж - Ливерпул

21:00 Интер - Штутгарт

21:00 Лил - Баерн

21:00 ПСЖ - Рома

21:00 Шахтјор - Фенербахче

21:00 Спортинг - Манчестер Јунајтед

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер