Британски јутјубер и рапер ќе се соочи со повторно судење за силување во Австралија - Канал 5

Британски јутјубер и рапер ќе се соочи со повторно судење за силување во Австралија

Британскиот рапер Јанг Фили ќе се соочи со повторно судење во Австралија по обвиненија за силување.

Британски јутјубер и рапер ќе се соочи со повторно судење за силување во Австралија

Новото судење е закажано за јуни следната година бидејќи поротата во претходната постапка не успеа да донесе пресуда за дел од обвинението, пренесува Би-би-си.

Во јули, поротата го ослободи 31-годишниот рапер – чие вистинско име е Андрес Фелипе Валенсија Бариентос – од три обвиненија за силување, едно за напад и едно за давење. Истовремено, го прогласија за виновен по две точки за физички напад. Поротата не успеа да донесе одлука за преостанатите три обвиненија за силување, кои Бариентос ги негира.

Обожавателка, која во тоа време имала 20 години, тврди дека Бариентос ја силувал и нападнал повеќепати во неговата хотелска соба во Перт, Западна Австралија, по концерт во 2024 година. На судењето беше изнесено дека тие имале сексуален однос со согласност, но таа тврди дека ситуацијата станала насилна и дека тој одбил да престане.

Новото судење е закажано за јуни

Во петокот, Окружниот суд во Перт го одреди 15 јуни како датум за почеток на повторното судење, а се очекува постапката да трае осум дена. Бариентос не беше обврзан да се појави на суд и се верува дека се вратил во Обединетото Кралство, бидејќи судот му дозволил да ја напушти Австралија како дел од условите за пуштање со кауција. Изрекувањето на казната за двата напади за кои е прогласен за виновен ќе се случи дури по завршувањето на повторното судење. Бариентос е роден во Колумбија, а израснал во Британија. Тој е познат како член на јутјуб-колективот „Beta Squad“, а се појавил и во верзијата на готвачкото шоу „Bake Off“ со познати личности на каналот „Channel 4“, како и во улога на водител на програми на „BBC Three“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. 

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД.

Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела.

Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

Македонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија.

Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Во Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер