Здраво Македонијо - 31.07.2026 - Трајче Китановски - интернационален соколар - Канал 5

Здраво Македонијо - 31.07.2026 - Трајче Китановски - интернационален соколар

Здраво Македонијо - 31.07.2026 - Трајче Китановски - интернационален соколар
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува

Водата во Гостивар се уште не е за пиење,ниту за готвење, според добиените резулатти за гостварци нема позитивни вести. 

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува

Резиуделната бактерија се уште е пристуна во гостиварскиот водовод, потврди првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Она што е во добра насока е дека епидемилошката состојба се подобрува и има континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош, велат во писмениот извештај на министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи во здравствениот дом Гостивар, што е за 37 помлку од претходниот ден.

Од почетокот на епидемијата, во двете здравствени установи се извршени вкупно 4.483 први прегледи.

YouTube video

Доставени се 1.014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети, со што е постигната покриеност од 70 проценти, велат од министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?!

Според дел од српските медиуми, старо-новиот предводник на Реал Мадрид, Жозе Мурињо лично му се јавил на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ и му понудил плата од 8.000.000 плус бонус за потпис.

 Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?!

Фудбалска„бомба“ – Душан Влаховиќ е на чекор до потпис со Реал Мадрид!

Српскиот ас е голема желба на Жозе Мурињо, пишува шпанскиот портал „Defensa Central“.

Португалецот Мурињо наводно смета дека на тимот му е потребен силен, физички доминантен центарфор, односно класична „деветка“, а во Влаховиќ гледа играч кој може да ги исполни сите тие барања.

Односот на Жозе Мурињо кон Душан Влаховиќ претставува спој на голема тренерска почит, медиумски провокации и постојана желба да го доведе во својот тим. Додека Португалецот ја водеше Рома, Србинот блескаше во дресот на Фиорентина, а потоа премина во Јувентус.

Мурињо постојано го опишуваше Душан Влаховиќ како „идеален и модерен центарфор“ – физички доминантен, агресивен и смртоносен во шеснаесетникот.

Римските медиуми пишуваа дека Мурињо побарал од раководството на Рома да стори сè за да го доведе, но Јувентус бил финансиски недостижен.

За време на натпреварите меѓу Рома и Јувентус, Мурињо честопати фрлаше предмети кон Влаховиќ од техничкиот простор, но по натпреварите јавно го фалеше: – Душан е фантастичен напаѓач. Ги поседува сите квалитети за да биде меѓу најдобрите во светот.

Интересно е што, кога пред две години Жозе Мурињо стана тренер на Фенербахче, тој исто така побара од раководството на турскиот клуб да го ангажира Душан Влаховиќ. Едноставно кажано, Португалецот е воодушевен од Србинот во фудбалска смисла.

Турските и италијанските медиуми тогаш известуваа дека Мурињо лично стапил во контакт со Влаховиќ и неговиот агент Дарко Ристиќ за да ја испита можноста за евентуален сензационален трансфер во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври

Бугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, додека евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември.

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври

За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите прогресивна Бугарија, движење за права и слободи и преродба, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање.

Во согласност со Уставот на Бугарија, доколку ниту еден кандидат не го освои потребниот број гласови во првиот круг, вториот круг ќе се одржи седум дена подоцна, а силите ќе ги одмерат двајцата кандидати со најголема поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер