Единаесет планинари загинаа во огромна лавина на Кавказ, се трага по исчезнати (ВИДЕО) - Канал 5

Единаесет планинари загинаа во огромна лавина на Кавказ, се трага по исчезнати (ВИДЕО)

Најмалку 11 алпинисти загинаа на Кавказ, во Безенгиската клисура во руската република Кабардино-Балкарија, соопшти денес регионалното Министерство за вонредни ситуации.

Единаесет планинари загинаа во огромна лавина на Кавказ, се трага по исчезнати (ВИДЕО)

Лавината, која се случи во клисурата позната по своите планини и глечер, изненади група од 33 алпинисти.

Шест лица се повредени и однесени во болници, додека судбината на уште шестмина е сè уште непозната.

Десетмина од алпинистите успеаја безбедно да се спуштат.

Операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек, но потрагата е комплицирана поради тешкиот терен и постојаната опасност од лавини.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат како лавината се движела по падината за неколку секунди и се претворила во незапирлив порој од снег.

Несреќата се случила кога лавината се спуштила од планината Мижирги во Безенгиската клисура и закопала група од 33 алпинисти кои минувале по трасата во Кавказ.

Спасувачи од Тимот за пребарување и спасување на голема надморска височина Елбрус на Министерството за вонредни ситуации, како и оперативна група, беа испратени на местото на настанот.

Клисурата Безенги е опкружена со планини кои се меѓу највисоките во Централен Кавказ, со врвови кои се движат од 4.000 до 5.200 метри надморска височина.

Да потсетиме дека неодамна се случи трагедија на Елбрус, највисокиот врв во Русија и Европа, кога пет члена на планинарска експедиција од Босна и Херцеговина ги загубија животите поради ненадејна и исклучително силна снежна бура на над 5.000 метри надморска височина.

Загинаа сопружниците Алма и Денис Окановиќ, д-р Мелиха Чаушевиќ, Нермин Талам и Алмир Кривдиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: „Мега лифтови“ – победници на турнирот „Сокол 2026 “

Во прекрасна спортска атмосфера и пред полни трибини, на спортското игралиште во Карпош 1, вечерва се одигра финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“.

О. Карпош:  „Мега лифтови“ – победници на турнирот „Сокол 2026 “

Екипата на „МЕГА ЛИФТОВИ“ со убедлива и сигурна игра ја совлада екипата на „РУДИ КОМПАНИ“ и заслужено го освои победничкиот пехарот на овогодинешниот турнир.

На големото финале присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој им ги врачи пехарите на најдобрите екипи.

„Чест ми е што Општина Карпош и годинава беше домаќин на меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, кој низ годините прерасна во препознатлив дел од спортскиот живот на општината. Посебно ми е драго што натпреварите беа проследени од голем број на граѓани, а тоа само го потврдува фактот дека спортот има посебно место во Карпош. Им честитам на победниците, но и на сите екипи кои беа дел од турнирот и покажаа фер-плеј и спортска атмосфера.“, истакна градоначалникот Лукровски.

Честитки до победниците и до сите учесници на турнирот „Сокол 2026“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ,.

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, во српското претставништво, која ќе биде вршител на должноста претседател на парламентот до изборите на крајот на декември. Ќе ја задржам оваа позиција до изборот на новиот претседател на Србија, изјави Ана Брнабиќ.

За време на примопредавањето на должноста, Ана Брнабиќ изјави дека е почестена што ја прифатила оваа позиција.„Чест ми е што ја примам оваа должност од таков човек и што можам да ја држам оваа позиција до изборот на нов претседател. Знам дека Александар Вучиќ се впушта во нова борба и му посакувам среќа. Ќе ја држам оваа позиција до изборот на претседател на република србија“, нагласи Брнабиќ.

Вучиќ претходно поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори, како што рече, како обичен граѓанин, наведувајќи дека ја извршил својата должност верно, чесно и праведно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месец

Извозот на сурова нафта од Блискиот Исток се зголеми на 12,8 милиони барели дневно во септември – што претставува највисоко ниво од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Иран во февруари – според податоците објавени денес од компанијата „Kpler“.&nbs

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месец

Ова закрепнување е поттикнато од зголемениот извоз преку Ормутскиот теснец, за ​​кој се очекува овој месец да достигне приближно 7,4 милиони барели дневно.

Прелиминарните податоци укажуваат на тоа дека Саудиска Арабија пренасочила дел од извозот подалеку од пристаништето Јанбу на Црвеното Море, откако еден клучен нафтовод бил оштетен во напади.

И покрај закрепнувањето, извозот од регионот останува за околу шест милиони барели дневно помал во споредба со февруари, кога изнесувал 18,8 милиони барели дневно, известува „Kpler“.

Се очекува Саудиска Арабија, најголемиот извозник во регионот, овој месец да испорача околу 5,4 милиони барели дневно. Во август, нејзиниот извоз изнесуваше само 2,446 милиони барели дневно.

Испораките од пристаништето Рас Танура во Заливот се зголемија на приближно 3,6 милиони барели дневно во септември, што претставува пораст во однос на 929.000 барели дневно во август.

Сепак, тие остануваат на пониско ниво отколку во февруари, кога од ова пристаниште се испорачуваа 6,411 милиони барели дневно. Податоците од компанијата „Kpler“ покажуваат дека минатата недела низ Ормускиот теснец поминале вкупно 19 големи танкери за сурова нафта. Секој од нив превезува околу два милиони барели саудиска нафта. Овие бројки не ги вклучуваат пловилата што можеби поминале низ теснецот со исклучени транспондери за да избегнат откривање, пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер