Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
СветЗавршија преговори помеѓу руската и американската делегација во Ријад, средбата оценета за позиСАД и Русија ги вкрстија почетните позиции за изнаоѓање мировно решение во Украина. Првата рунда средби во кралската палата во Ријад – Саудиска Арабија траеја четири и пол часа, а учесниците ги оценија како позитивни и конструктивни. Според првичните информации, САД и Русија се согласиле да состават тимови задолжени за решавање на конфликтот во интерес на сите засегнати, а веќе се подготвува и теренот за првата средба меѓу претседателите Трамп и Путин, но датум не е утврден. Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц по средбата порача дека целта на претседателот Трамп е да се запре убивањето и да има трајно запирање на војната, но посочи дека очекува како тема да се начне територијата и безбедносните гаранции, за кои вели се фундаменти кои може да го одржат, но и да го поткопаат текот на преговорите. И Руската страна заминува задоволна од средбата, велејќи за разлика од претходната администрација на Бајден, сега е сослушана и нивната страна, а денешната средба ја оценуваат како соодветен почеток на она што треба да следува за да се дојде до мирот... САД на преговарачката маса ги предводеше Марк Рубио, заедно со Мајк Волц и Стив Виткоф. Наспроти нив, министерот за надворешни Сергеј Лавров и советникот на Путин, Јури Ушаков. Од друга страна, додека траат преговорите за мир во неговата земја, претседателот на Украина, Володимир Зеленски е на средба во Туриција со претседателот Ердоган, оти не доби покана на „масата“ во Ријад, па посочи дека Украина нема да прифати никакви решенија во чие создавање нема да учествува. Синоќа во Елисејската палата во Париз се собраа и европските лидери на најмоќните земји, кои исто така не добија покана да седнат на преговарачката маса во Ријад... Нивниот вонреден собир заврши со заклучок дека САД мора постави заштитен механизам за да ја одврати Русија од понатамошни напади врз Украина, случај во кој Британија и останатите земји би поставиле трупи да ги раздвојат завојуваните. „Јас сум подготвен да земам предвид поставување на Британски сили на терен, заедно со останатите ако има спогодба за траен мир. Но, мора да постои заштитен механизам од САД, бидејќи безбедносните гаранции на САД се единствениот пат за ефикасно да се одврати Русија од нови напади врз Украина. Јас ќе одам во Вашингтон наредната недела да се сретнам со претседателот Трамп и да разговараме за клучните елемнети за траен мир.“ Кеир Страмер – Премиер на В. Британија. „Европа мора да се дефинира, еднаш засекогаш.. Безбедноста и одбраната како јавно добро и ако е за европско јавно добро, како на пример што шпанската Влада верува дека е, тогаш мора да артикулираме заеднички европски механизми за да овозможиме финансирање и зголемување на нашата безбедност и одбранбен капацитет.“ Педро Санчез – Премиер на Шпанија. Портпаролот на Кремљ - Димитри Песков претходно посочи дека претседателот Путин е подготвен да разговара со украинскиот претседател Зеленски доколку е непоходно, но во прашање го доведе легитимитетот на украинскиот претеседател, оти мандатот му истекол во Мај 2024..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook