Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
КошаркаЗаре Марковски нов спортски директор на МКФМакедонската кошаркарска федерација (МКФ) соопшти дека Заре Марковски денеска на седницата на Управниот одбор ќе биде назначен за Спортски Директор на МКФ. - По 24 години, со исклучок на двегодишниот ангажман кога беше селектор на нашата најдобра машка репрезентација, која што за прв пат ја преставуваше Македонија на едно Европско првенство во 1999 година во Франција и долга низа на престижни европски ангажмани, Заре Марковски повторно го става на располагање на матичната федерација огромното искуство и се очекува веќе денес да биде во Скопје, информираат од МКФ. Марковски на местото спортски директор на МКФ го наследува Илија Мерџановски кој си поднесе оставка по доаѓањето на новото раководство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаЛДП: Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?Награда за неодговорност, плата од народот, функција во Брисел — ова е вистинското лице на власта без осет!Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување. Владата уште еднаш докажа дека нема ниту осет, ниту срам кога станува збор за трошење на народните пари и поделба на лукративни или измислени фотелји. Граѓаните уште помнат како истиот овој “функционер” со месеци не се појавуваше на работните состаноци и ги бојкотираше владините седници, додека од џебот на најсиромашниот народ во Европа редовно му легнуваше функционерска плата. Наместо да сноси одговорност за своето неработење, Фетаи безрбедно се потсмеваше со јавноста објавувајќи фотографии од Бангкок, за денес, од истите тие граѓани кои ги игнорираше, да биде награден со функција и привилегии во Брисел. Премиерот не само што се посрамоти туку и капитулираше. Дополнителен срам и потврда за партиската самоволие е фактот што Фетаи за назначувањето на оваа висока државна позиција се пофали преку социјалните мрежи и му се заблагодари на премиерот во објава напишана исклучиво на вториот официјален јазик. Каков сигнал испраќа оваа Влада до Брисел кога за специјален претставник именува човек чија единствена докажана „квалификација“ е неработењето и избегнувањето на обврските? Ова е скандалозна порака дека во Македонија неодговорноста се наградува, а државните позиции се користат како приватен банкомат за задоволување на апетитите на власта. Истата таа неодговорност што носи трагедии, пожари, труења, епидемии и човечки жртви. ЛДП бара итна ревизија на оваа одлука и стопирање на практиката со која дипломатијата се претвора во засолниште за партиски кадри без резултати. Граѓаните заслужуваат функционери кои ќе работат во нивен интерес, а не политичари кои си поигруваат со нивното достоинство. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја труе цела МакедонијаМицкоски ја труе цела Македонија - По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид.Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово.... По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја тера својата приказна. Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето. Срам. На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните. Ќе ја отрујат цела Македонија. Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме? Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод. Мицкоски ветува едно. Клековски не презема одговорност. Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни. Никој не ставил потпис. Никој не ставил печат. Никој не гарантира со своето име и презиме. Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар. Нема анализи. Нема одговорно лице. Нема име и презиме. Само лаги, измами и префрлање одговорност. Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеРасте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарциРасте бројот на заболени со западнонилска треска.Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот. Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми. Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човекТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook