Свет100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“Британското Министерство за одбрана им порача на воените резервисти да се подготват за евентуални повици, објави „Телеграф“. За прв пат од Студената војна, до околу 100.000 стратешки резервисти се испратени писма, со кои им се нуди можност да се пријават како волонтери за обука и воени вежби, како што е големата вежба на НАТО „Стедфаст Дефендер“ следната пролет. Писмата беа испратени до припадниците на сите три гранки на вооружените сили и беа потпишани од нивните команданти. Од резервистите се бара и да ги ажурираат своите контакт податоци и да ја наведат својата моментална занимање и вештини. Овој потег доаѓа во време на растечки закани од Русија, додека Владимир Путин ја тестира решителноста на НАТО. Минатата недела, Русија испали крстосувачки ракети и беспилотно летало во источна Полска, само сто километри од местото на воена вежба предводена од Велика Британија, истиот ден кога британскиот секретар за одбрана и началникот на воздухопловството ги обиколуваа трупите таму. Вчера беше објавено и дека британските Кралски воздухопловни сили (RAF) преместуваат авиони во хангари преку ноќ и планираат да инсталираат заштитни мрежи за заштита на британските бази од напади со беспилотни летала. Министерот за одбрана Вес Стритинг претходно предупреди дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, со партнерите, мора да биде „подготвена да се бори и да победи“. Во разговор за Скај њуз во четврток наутро, Стритинг рече дека Велика Британија работи во „засилена средина со закани“ и дека повикувањето на резервисти е „разумна и неопходна мерка на претпазливост“.Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Се кратат парите, со Борко и криминалната ВМРО македонскиот спорт оди кон пропастСо Борко Ристовски македонскиот спорт е осуден на пропаст. Две и пол години криминалната власт на ВМРО ја крати поддршката за спортот и спортистите. Министерот Ристовски, кој и самиот е спортист и доаѓа од истата фела, наместо да го унапредува спортот и да биде сојузник на спортистите, се однесува како инфлунсер. Фотографирање, промоции и отворање проекти од времето на СДСМ и Агенцијата за спорт и млади предводена тогаш од Наумче Мојсовски. И во новиот буџет, исто како и во претходните буџети и ребаланси, има помалку пари за поддршка и развој на спортот. За 20% се намалени субвенциите, од 5,6 милиони на 4,5 милиони евра. Поддршката за спротска инфраструктура е намалена за 30% од 230 на 160 милиони денари. Ова значи помалку пари за општините, за изградба и реконструкција на спортски објекти. Намалена е поддршката и за федерациите и тоа преу двете Програми, и за спортските објекти. Ова се помалку средства за клубовите, помалку можности за младите спортисти, полоши услови за тренинг и помалку инвестиции во иднината на македонскиот спорт. За криминалната ВМРО, и спортот, како и се што е поврзано со поддршка на граѓаните, не е приоритет. Нивните приоритети се да скратат од секоја ставка, за да има повеќе за криминалните партиски тендери. И тоа се гледа и во новиот буџет за спорт, во кој наспроти кратењата за клучни ставки има зголемување на одредени делови. Така, самофинансирачката сметка, односно средствата поврзани со надоместоците за спорт, расте од 270 на 370 милиони денари. Ова отвора сериозно прашање за транспарентноста и одговорноста на министерот. Борко Ристовски во минатото јавно ги критикуваше спортските легенди како Кире Лазаров, Перо Антиќ и Игор Стефановски – Иџе, поврзувајќи ги нивните рекламни ангажмани со игрите на среќа. Сега кога средствата на самофинансирачката сметка значително растат, Борко да одговори каде ќе завршат овие пари, по кои критериуми се распределуваат и каква е нивната намена. Дополнително, предвидено е зголемување на средствата за стоки и услуги за 25%. Значи, за спортистите помалку, за федерациите помалку, за спортската инфраструктура помалку, но за трошоците на министерството повеќе! Спортот го создаваат спортистите, тренерите, клубовите и федерациите. Македонските спортисти заслужуваат влада која ќе инвестира во нив, која ќе ги поддржува и им овозможува услови за успеси и награди, а не влада која гледа како да украде и од нив за да има повеќе за своите лускузи и бизниси. Прес - конференција на СДСМ - Панче Милевски-Панта, Комисија за спорт СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членствотоВчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино.ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата. фб објава на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37