ЛШ: Кикс на Баерн М, Ливерпул сигурен во Белгија, Јунајтед се спаси од пораз во Лисабон - Канал 5

ЛШ: Кикс на Баерн М, Ливерпул сигурен во Белгија, Јунајтед се спаси од пораз во Лисабон

Во вториот ден од петтото коло во Лигата на шампионите, англиските клубови Манчестер Јунајтед и Ливерпул имаа делумно успешни настапи, за одбележување е неочекуваниот кикс на ослабениот Барен Минхен во Франција. 

ЛШ: Кикс на Баерн М, Ливерпул сигурен во Белгија, Јунајтед се спаси од пораз во Лисабон

Фудбалерите на Лил го победија Баерн со резултат 2:1 во 5. коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите, иако Баварците први дојдоа до предност.

Манчестер јунајтед се бореше за гол живот во Лисабон, каде што на крајот одигра нерешено 2:2 против Спортинг.

Ливерпул го победи Клуб Бриж во Белгија со 3:0 и со тоа направи голем чекор кон директен пласман во осминафиналето.

Лига на шампиони, 5. коло

Пари Сен Жермен - Рома 2:2 (1:1) Забарњи 31, Дембеле 62 (пен.) – Ермосо 5, Мален 78 (пен.)

Лил - Баерн 2:1 (0:1) Уеда 62, Павловиќ 66 (а.г.) – Упамекано 15

Спортинг - Манчестер Јунајтед 2:2 (1:0) Суарез 33 (пен.), 80 – Фернандес 48 (пен.), 50

Клуб Бриж - Ливерпул 0:3 (0:1) Исак 13, 82, Вирц 79

Интер - Штутгарт 2:0 (0:0) Сучиќ 57 (пен.), Мартинез 72

Атлетико Мадрид - Викинг 2:0 (2:0) Сорлот 19, Алварез 24

Шахтјор - Фенербахче 0:1 (0:0) Муриќи 56

Славија Прага - Виљареал 0:1 (0:0) Бјукенан 62

Сабах - Барселона 1:4 (0:1) Микелс 63 – Гордон 31, 51, Адејеми 55, Жезус 60

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од морските длабочини до големото платно: Почна петтиот Фестивал на грчки филм во Скопје

Синоќа, темнината во салата на Кинотеката на Македонија не беше само вовед во уште една филмска вечер, туку почеток на едно поинакво патување низ женската креативност и уметничкиот пркос.

Од морските длабочини до големото платно: Почна петтиот Фестивал на грчки филм во Скопје

Под мотото „Женски поглед: Филм по нејзина мерка“, свечено беше отворено петтото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје, настан кој оваа година целосно им припаѓа на жените зад камерата.

Уште на самиот почеток беше јасно дека ова нема да биде само обичен преглед на филмски остварувања, туку славење на женските гласови, визии и изрази. Низ внимателно одбраната програма од три долгометражни и два кратки филмови, потпишани од грчки режисерки, публиката добива ретка привилегија да ѕирне во различни епохи и уметнички светови, од зачетоците па сè до најновите бранови на современата грчка кинематографија.

Посебен сјај и тежина на вечерта ѝ даде присуството на режисерката Константина Коѕамани, чиј филм ја имаше честа да ја отвори фестивалската завеса. Со видлива емоција, таа пред скопската публика ја сподели личната нишка вткаена во нејзиното дело „Длабочината на океанот“, кое синоќа ја доживеа својата премиера.

-Чест ми е што мојот филм премиерно беше прикажан вечерва на свеченото отворање на фестивалот, истакна Коѕамани, откривајќи дека приказната на платното е всушност одраз на нејзиниот сопствен живот. Израсната покрај море, вљубеничка во нуркањето и длабоко фасцинирана од јапонската култура, книжевност и филм, таа ги споила сите свои љубови во проект кој го создавала цели десет години.

Планирани се уште две проекции на филмот „Титаник Оушн“ за сите оние кои не успеаја да го погледнат вечерва.

Но, филмската магија во Кинотеката тука не запира, туку само го фаќа својот вистински залет. Веќе вечерва, патувањето продолжува низ времето- од современата приказна на краткиот филм „Летно место“ на Александра Матеу, па сè до далечната 1953 година и мелодрамата „Ева“. Ова остварување носи посебна историска тежина бидејќи го потпишува Марија Плита, првата жена режисер во историјата на грчкиот филм. По проекциите, разговорот ќе се пренесе од големото платно кај публиката, а ќе го води вториот истакнат гостин на фестивалот од Грција – професорката Бети Какламаниду од Универзитетот „Аристотел“ во Тесалоники. Таа е заслужна за реставрацијата на филмот „Ева“ и за повторното откривање на пионерското творештво на Марија Плита, враќајќи го повторно во центарот на вниманието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот

ФФМ и Седлоски спогодбено ја завршуваат соработката. - Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски,објави на својот сајт Фудбалската федерација на Македонија. 

Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот

Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал.

Гоце не е само селектор кој ја предводеше репрезентацијата во еден период. Тој е еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и човек кој со години е дел од историјата и развојот на нашиот фудбал.

Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал.

ФФМ му се заблагодарува на Гоце Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос. Веруваме дека неговото искуство, знаење и љубов кон македонскиот фудбал и во иднина ќе бидат ставени во служба на нашиот фудбал, клупски или репрезентативен.

Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер