МакедонијаФилипче до Мицкоски: Со кого го направивте дилот за влез на Алта банка?Христијан, моите професори велат секој сам си ја прави личната карта. Ти избра да владееш демагошки и макевијалистички, односно избра да лажеш и да контролираш се. Пред некој ден, на интервју на Телма, најбезобразно призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текстови каде сакаш, кога сакаш, во кој било медиум. Но, ние го знаеме тоа. Ти сега го призна пред целокупната македонска јавност. Дека си инспиратор, креатор, дека ги спроведуваш сите медиумски линчови, црни кампањи, лажни вести, кампањи со кои што верувај, го загадуваш духот на граѓаните, затоа што тие од таа огромна бројка на лажни вести не знаат што е вистина, што е лага, не знаат на што може да веруваат, на што не.Ама тоа ви е целта за да може да ловите во матно. Ти си тој што наредува, очигледно, а Латас е тој кој што што извршува. Ама видовме во Србија како завршуваат тие кампањи. Лажеше за Дејвид Гета, рече нула денари народни пари. Следниот ден излегоа 5 милиони евра народни пари за журка, во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобѕирна и безобразна лага. Лажеше за идентитетот. Се сеќаваме сите на оние реклами што одеа наведнати луѓе, ти викаше „Продаден е идентитетот, Преспа го продала, Преспанскиот договор“ и така натаму. За сега самиот ти да признаеш дека Преспанскиот договор го заштитил идентитетот, а нашиот јазик е веќе признат во Обединетите нации. Ти го кажуваш тоа . Претсдателката на ЕК Фон дер Лајн дојде и тука, директно, отворено, во чело, ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик - директно ти кажува немој да лажеш веќе. Немој да ги лажеш граѓаните. Со тебе успех стана во европа да добиеме бесплатен роаминг. Па граѓаните сакаат слободно да се движат низ Европа, да патуваат, а не да чекаат со часови по граница. Сакаат да се дела од слободниот пазар од 500 милиони луѓе, а не да зборуваат бесплатно по телефон. Сакаат квалитетен живот. Во економијата дебакл. Трета економија сме биле во Европа. Како трета економија? На дното сме по бруто-домашен производ по глава на жител. Луѓето тоа секојдневно го чувствуваат, неконтролиран вртоглав раст на цените, на сè. Сè е поскапено во изминативе две години за 30–40%, од основни производи, гориво и така натаму. Задолжување до бескрај. Неколку следни генерации се задолжени, за 50% е зголемен вкупниот долг на државата. Од 8 на скоро 12 милијарди евра. За што? За тековни трошоци. Никаков голем капитален проект. Освен капиталните проекти кои што се започнати во време на нашите влади кои што вие тогаш ги критикувавте дека сенајкорумпирани проекти. Само тоа ја придвиужува економијата и ништо друго. И во такви околности во таква матна вода ја носите тука Алта банка. Најкриминалната банка во Европа. Банката во која Вучиќ переше пари, и имаше пари од шверц на дрога, руски пари, забранети се секаде во Европа, а вие тука ги донесовте. Давор Мацуа еднаш го запреле преку едната компанија, па после тоа сте го пуштиле да влезе тука преку банката. Што се случи меѓувреме? И после велите: „Увезен е проблемот“. Па да, па вие го увезовте тој проблем. Вие ги загрозивте парите на граѓаните, на компаниите и така натаму. И сега се бара некое решение. Па нели немаше проблем? Зошто се бара решение? Моето директно прашање е: со кого го направивте дилот за влез на Алта банка во државата? И пред да одговорите, сакам да ви кажам, порачajтe им на другарите со кои сега спремате увоз на мазут, да не ми се закануваат, другарите ваши од Србија. Затоа што не ви се плашам. Не ви се плашам. Затоа што јас сум на страна на Македонија. Вие сте на страна на криминалот. Пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче до Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаАндоновски: Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“.Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на конференцијата „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, во организација на Стопанската комора. Андоновски посочи дека со последната размена меѓу преговарачките тимови на Македонија и на Европската комисија е потврдено дека се усогласени сите отворени прашања за предложениот текст на договорот. „За граѓаните ова има многу конкретно значење. Кога ќе патуваат во Европската Унија, ќе можат да се јават дома, да испратат порака или да користат мобилен интернет по условите од својот домашен пакет. Со Европската комисија го усогласивме текстот на договорот и како прва земја од регионот ја завршивме техничката фаза. Сега сме чекор поблиску до тоа граѓаните да ја почувствуваат оваа придобивка при секое патување во ЕУ“, истакна Андоновски. На Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржа на 25 ноември во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија прва во регионот го завршила техничкиот дел од процесот. Тој изрази очекување дека македонските граѓани наскоро ќе можат да ги користат мобилните услуги во земјите членки на ЕУ по домашни тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Се кратат парите, со Борко и криминалната ВМРО македонскиот спорт оди кон пропастСо Борко Ристовски македонскиот спорт е осуден на пропаст. Две и пол години криминалната власт на ВМРО ја крати поддршката за спортот и спортистите. Министерот Ристовски, кој и самиот е спортист и доаѓа од истата фела, наместо да го унапредува спортот и да биде сојузник на спортистите, се однесува како инфлунсер. Фотографирање, промоции и отворање проекти од времето на СДСМ и Агенцијата за спорт и млади предводена тогаш од Наумче Мојсовски. И во новиот буџет, исто како и во претходните буџети и ребаланси, има помалку пари за поддршка и развој на спортот. За 20% се намалени субвенциите, од 5,6 милиони на 4,5 милиони евра. Поддршката за спротска инфраструктура е намалена за 30% од 230 на 160 милиони денари. Ова значи помалку пари за општините, за изградба и реконструкција на спортски објекти. Намалена е поддршката и за федерациите и тоа преу двете Програми, и за спортските објекти. Ова се помалку средства за клубовите, помалку можности за младите спортисти, полоши услови за тренинг и помалку инвестиции во иднината на македонскиот спорт. За криминалната ВМРО, и спортот, како и се што е поврзано со поддршка на граѓаните, не е приоритет. Нивните приоритети се да скратат од секоја ставка, за да има повеќе за криминалните партиски тендери. И тоа се гледа и во новиот буџет за спорт, во кој наспроти кратењата за клучни ставки има зголемување на одредени делови. Така, самофинансирачката сметка, односно средствата поврзани со надоместоците за спорт, расте од 270 на 370 милиони денари. Ова отвора сериозно прашање за транспарентноста и одговорноста на министерот. Борко Ристовски во минатото јавно ги критикуваше спортските легенди како Кире Лазаров, Перо Антиќ и Игор Стефановски – Иџе, поврзувајќи ги нивните рекламни ангажмани со игрите на среќа. Сега кога средствата на самофинансирачката сметка значително растат, Борко да одговори каде ќе завршат овие пари, по кои критериуми се распределуваат и каква е нивната намена. Дополнително, предвидено е зголемување на средствата за стоки и услуги за 25%. Значи, за спортистите помалку, за федерациите помалку, за спортската инфраструктура помалку, но за трошоците на министерството повеќе! Спортот го создаваат спортистите, тренерите, клубовите и федерациите. Македонските спортисти заслужуваат влада која ќе инвестира во нив, која ќе ги поддржува и им овозможува услови за успеси и награди, а не влада која гледа како да украде и од нив за да има повеќе за своите лускузи и бизниси. Прес - конференција на СДСМ - Панче Милевски-Панта, Комисија за спорт СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook