Започна со работа првата дестилара за македонска ракија во Северна Америка - Канал 5

Започна со работа првата дестилара за македонска ракија во Северна Америка

Дестиларата на семејството Петровски, наши иселеници од Канада, викендов ги наполни првите шишиња, дел од нивното сериско производсто на ракија од грозд, дуња и круша во Канада.

Започна со работа првата дестилара за македонска ракија во Северна Америка

Може слободно да се каже дека ова е првата семејна дестилара за македонска ракија и алкохолни напитоци со рецептури од Балканот во Северна Америка.

Идејата за своја компанија за фармерски производи со потекло од Македонија на Петровски, нашинци од Куманово кои долго време живеат и работат во Сејнт Катеринс, Канада, се роди во 2018 година. Нивната фарма со овоштарник од неколку декари е лоцирана во плодниот регион на висорамнината Нијагара меѓу езерата Ери и Онтарио во близина на големите водопади. Дестиларата е во близина на магистралата „Квин Елизабет Мери“, автопат кој води од Торонто до канадско-американскиот граничен премин недалеку од Бафало, Њујорк. Во изминатите децении во регионот започнаа со работа многу микро винарии, пивари и дестилари.

По првичните тешкотии за набавка на суровини поради КОВИД-19 пандемијата во 2020 година, неколку милионската инвестиција на ова вредно македонско семејство од Канада е на пат да се исплати, бидејќи Канада и САД се земји каде домашните, земјоделски фармерски производи, посебно оние со назнака „органик“ што значи потврдено од Администрацијата за храна и лекови дека се одгледувани без употреба на додатоци или хемиски препарати, посебно се ценат.

-Ова е наш придонес во намалување на монополите на големите компании за алкохолни напитоци. Ние сме нивна конкуренција и имаме намера да произдуваме врвни произвиди од највисок квалитет, изјави Душко Петровски, претседател на дестиларата „Петровски фемили спиритс“ во интервју за МИА.

Висорамнината Нијагара е регион прочуен по одгледување кајсија и праска. Како и во другите региони на Северна Америка, како севериот дел на Вирџиниja или долината Напа во Калифорнија, винарството зема голем замав и овде, во државите Онтарио и Њујорк. Регионот фигурира во првите десет или петнеасет вински региони во светот.

-Не би рекол дека грозјето е со висок квалитет, повеќе се одледуваат ризлинзи, и други сорти бели грозја, за правање бели вина, и тоа се прави од иселеници од Холандија и Германија, истакна Петровски.

Тој откри и дека поднебјето во овој дел на Канада изобилува со вода и сонце, плодната земја со жешките лета и студените зими е добра за одгледување слива, круша или јаболко. Иако не и за квалитено грозје, пиперки или домати, како во Македонија, што тие се обиделе да ги засадат за продажба на големо.

Разговаравме и со таткото на Душко, Јордан Петровски, кој е всушност идеен двигател на компанијата, и кој укажа дека канадската држава дава иницијативи за развој на земјоделието а тоа се прави со лесно кредитирање и со пристап до врвна технологија со употреба на „најсофистицирани техники на земјоделие и овоштарство“.

Капацитетот на дестиларата е околу 40.000 до 50.000 шишиња ракии годишно, што пред сѐ ќе се прават од грозд и од друго овошје како дуња, круша или праска. На фармата моментално се одгледуваат јаболка, но се панираат уште седници, и тоа било услов властите во Канада да им дадат да отворат своја деестилара.

-Гроздова ракија се изготвува од вино донесено од Македонија, значи виното ќе биде исклучиво од Македонија, изјави Петровски.

Овоштарникот моментално брои 1.600 јаболкови садници, а се планира садење и на круша и слива за печење и дестилација на крушовица и сливовица, ракии кои се популарни во Србија, нашиот северен сосед. Компанијата планира да собира околу 120 тони овошје, од кое може да се произведе осум до десет илјади литри ракија годишно.

-Ова не се големи количини и идејата е да работиме како бутик. Ние сме занаетчиско семејство и работиме во духот на она што го правевме и порано, изјави Петровски помладиот.

Производите на дестиларата на Петровски се флашираат во линии за пакување кои тие ги изнајмуваат по потреба.

-Овде има стотици мали винарии или пивари и сите тие немаат можност да вложат во своја линија за флаширање и пакување за што треба да се плати и до 70 отсто од самата инвестиција за производство. Има две-три компании кои го работат тоа, за одреден надомест ги флашираат, етикетираат и пакуваат пијалоците на сите мали производители. Тие доаѓаат и до локациите на производителите и со мобилни линии, во приколки, изјави тој

Петровски помладиот истакна дека пласманот на ракиите ќе започне кога фабриката ќе се отвори официјално во јануари. Тие веќе добиле дозвола да продаваат по угостителски објекти и продавници.

-Сега започнуваме со продажба во Америка, бидејќи таму процесот е поупростен. На пример сега подготвуваме нашите производи да бидат застапени на фри-шопот на граничиот премин меѓу државите Онтарио и Њујорк, каде жителите од овој регион, од двете земји, ќе можат да дојдат и да уживаат во нашите производи, а пласманот ќе оди и кај другите македонски заедници во САД и Канада./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистина

Мишел Менар се сметал за осаменик во селото на југот на Франција каде што живеел. 

Во мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистина

Официјално бил невработен и поголемиот дел од времето го поминувал во трошна вила опкружена со лозја.

Неговата соседка го видела само кога поминувала покрај имотот. Потоа го забележала како неподвижно гледа низ прозорецот.

Никој не ги известил властите

Неговата смрт во 2012 година била подеднакво необична. Тогаш 58-годишен Французин бил пронајден во тоалетот на неговата вила, а неговото тело веќе било делумно распаднато.

Се верувало дека бил мртов со недели, без никој да забележи. После тоа, ништо повеќе не се слушнало од него - до сега, објавува HLN.

Имено, неговите останки биле пронајдени за време на инспекција на мртовечницата на Универзитетскиот медицински центар во Тулуз. Се покажало дека телото лежело во ладилник 14 години!

Во тој период, ниту еден член на семејството не се јавил да го згрижи покојникот. Во мртовечницата, се чини, со години никој не ги известил властите за присуството на телото на Мишел Менар.

Градоначалничката на градот каде што живеел, Вирџини Биспели-Беири, за француските медиуми изјави дека болницата ја контактирала уште во 2012 година. Во тоа време, прашале дали општината можеби знае за некој од неговите роднини кои би можеле да организираат погреб.

„Мислевме дека има семејство и им ги пренесовме тие информации. После тоа, не слушнавме ништо повеќе. Затоа претпоставивме дека останките се предадени на семејството“, рече таа.

„Бев без зборови од шок“

Сепак, тоа не се случи. Никој не се погрижи за телото на човекот, кое лежеше во мртовечницата.

Случајот беше откриен претходно оваа година, кога француското судство започна истрага за сомнителни неправилности во работата на мртовечницата. Таму, наводно, во вреќа за ѓубре биле пронајдени останки од два фетуса и две бебиња.

Истражителите отишле во објектот за да проверат што се случува таму. Тогаш го пронашле телото на Мишел Менар, кого француските медиуми го нарекоа „заборавениот починат“.

Пред две недели, градоначалничката добила телефонски повик од полицијата и дознала дека неговото тело е пронајдено во ладилник.

„Бев без зборови од шок. Некаде имало сериозна грешка, но каде? Кој ја направил грешката?“, рекла таа.

Француското судство го истражува бизарниот случај. Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, во кој се наоѓа мртовечницата, вели дека ќе ги почека резултатите од истрагата и дотогаш нема да коментира за случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Италијанските обвинители објавија дека покренуваат истрага против израелскиот министер за одбрана Израел Кац и голем број високи воени, полициски и затворски службеници. 

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс.

Канцеларијата на римскиот обвинител објави дека случајот се заснова на сомневања за тортура, киднапирање, нанесување телесни повреди, грабеж и штета. Горенаведените дела наводно се извршени во текот на 2025 и 2026 година, кога израелските сили пресретнале конвои со бродови на пат кон Газа.

Постапката е покрената врз основа на жалбите на 50 италијански граѓани. Тие беа приведени откако учествуваа во две мисии на Глобалната флотила Сумуд, едната помеѓу септември и октомври 2025 година, а другата помеѓу април и мај 2026 година. Кац сè уште не одговорил на барањето за коментар. Уште во јуни, Бен-Гвир ја отфрли веста за истрагата и рече дека „ќе продолжи гордо да стои со нашите борци“.

Детали за жалбите против израелските сили

Според обвинителството, активистите приведени по првата мисија пријавиле тепања, повреди, закани со смрт, навреди и обвинувања за тероризам. Учесниците во втората мисија, како што е наведено во соопштението за медиумите, пријавиле уште построг третман, што вклучувало тепања во темница и употреба на зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми.

Истражителите идентификувале повеќе лица од воениот и полицискиот команден ланец кои биле вклучени во тие операции. Покрај Кац и Бен-Гвир, обвинителството именувало уште 12 високи израелски функционери од воениот, полицискиот и затворскиот систем како осомничени. Началникот на Генералштабот Ејал Замир е меѓу нив.

Меѓународна правна соработка

Обвинителите потврдија дека во јуни испратиле барање до Израел за правна помош. Тие побарале информации потребни за реконструкција на настаните и утврдување на индивидуалната одговорност. Не е наведено дали израелските власти одговориле на барањето.

Исто така, беше потврдено дека се водени разговори со Евроџаст, агенцијата на ЕУ за судска соработка. Причината е што слични истраги за истите две мисии се спроведуваат во други, неименувани европски земји. Италијанскиот закон дозволува злосторствата извршени во странство против италијански граѓани да бидат судени во Рим.

Статусот на осомничен во Италија не значи признавање на вината, ниту автоматски води до судење. Меѓутоа, ако истрагата покаже дека обвинувањата се основани, обвинителите можат да поднесат формално барање за покренување судска постапка. Организаторите на флотилата нагласуваат дека целта на мисијата била да се пробие израелската блокада на Газа и да се достави хуманитарна помош. Израел, од друга страна, ја смета својата поморска блокада на Газа за легална.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата

Велика Британија ќе забрани порнографска содржина што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство .

Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата

Велика Британија ќе забрани порнографија што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство и возрасни кои лажно се претставуваат како деца под 16 години од 6 ноември, објави владата.

Мерките беа објавени по меѓупартискиот притисок поради загриженоста за негативното влијание на таквата содржина врз жените и девојчињата, објави Скај њуз.

„Владата има обврска“

Британските пратеници рекоа дека новите правила би можеле да доведат до тоа земјата да воведе некои од најстрогите прописи за интернет порнографија во светот.

Министерката за правда на Велика Британија, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата има обврска да го преполови насилството врз жените и девојчињата во следните 10 години, нагласувајќи дека штетната порнографија сè уште е лесна за пристап преку интернет.

Таа нагласи дека целта не е да се криминализира безопасно сексуално однесување, туку да се спречи ширењето на содржина што може да влијае на перцепциите за здрави врски, особено кај младите луѓе.

„Може да ја замагли линијата...“

„Содржината што го нормализира или дури и го величи насилството врз жените е опасна и може да ја замагли линијата помеѓу она што е прифатливо во реалниот живот“, рече Дејвис-Џонс.

Според студија од 2024 година на Институтот за давење, повеќе од една третина од возрасните на возраст од 16 до 34 години изјавиле дека доживеале давење или задушување барем еднаш за време на консензуален сексуален однос.

Анкета спроведена од истата организација покажа дека 43 проценти од сексуално активните млади на возраст од 16 до 17 години изјавиле дека биле изложени на такво искуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер