Започна ли конечно борбата против пиратеријата? - Канал 5

Започна ли конечно борбата против пиратеријата?

МВР приведе двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми.

Започна ли конечно борбата против пиратеријата?

На ден 30.03.2021 полицијата приведе двајца тетовци за незаконско реемитување на домашни и странски канали, од кои при претресите се одземени лаптоп-компјутери, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-а, андроид бокс и друга опрема, информираат од МВР.

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за економски криминал на ден 30.03.2021 во периодот од 15.15 часот до 18.15 часот, ги лишиле од слобода В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права", казниво по член 157 од Кривичниот законик.

– При претрес извршен со судска наредба во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185" и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска" и ул.„120" во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници, се вели во соопштението од МВР.

Полицијата одзела повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети и при претресот кај Б.О. кој, исто така, користел ИП-телевизиски портали за рееметување на домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист.

По целосното рачистување и документирање на случајот на В.О. и Б.О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки: „Заедно за иднина – Приклучи се!”: ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување

ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови.

Ковачки: „Заедно за иднина – Приклучи се!”: ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување

Заедно за иднина – Приклучи се

Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови.

Во следниве три месеци, до 30 ноември, сакаме да направиме уште еден голем чекор во развојот на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќедецениска историја, силна организација и огромно членство. Нашата сила се луѓето.

Луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои верувале кога било тешко, кои работеле, се бореле и придонесувале. Но и новите генерации кои денес имаат знаење, идеи, енергија и желба да бидат дел од создавањето на иднината на Македонија.

Затоа нашата порака е едноставна: Обнови го членството. Биди активен и биди дел од иднината.

Од 1 септември до 30 ноември секој постоечки член, ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци.

Истовремено, ги отвораме вратите на ВМРО-ДПМНЕ за секој граѓанин кој ја прифаќа нашата програма и сака да ни се приклучи.

Без препорака. Без некој да мора да ве воведе.

Ако имаш идеја – има место за тебе. Ако имаш знаење – има место за тебе. Ако имаш енергија и сакаш да придонесеш – има место за тебе.

Твоето место е со нас.

ВМРО-ДПМНЕ е отворено за нови знаења, нови вештини и нова енергија. Сакаме да го зачуваме тоа што сме го изградиле и сакаме да го надградиме.

И затоа правиме уште еден важен исчекор. За првпат во Македонија, една политичка партија воведува целосно дигитален процес на зачленување и ажурирање на членството.

Нашата партиска ИТ комисија изработи веб-апликација која веќе е ставена во функција во општинските комитети, а мобилната верзија е доставена до Google и до Apple и после нејзиното одобрување ќе биде достапна и на мобилните телефони, за што доплонително ќе ја известиме јавноста.

Тоа значи пријавата, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдата за членството ќе можат да се завршат дигитално, од телефон, за само неколку минути.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ кое се менува со времето, кое ги користи новите технологии и кое гради модерна организација за новите генерации.

Но никого не оставаме зад себе.

Дигитализацијата е дополнителна можност, а не замена за досегашниот начин. Секој што сака лично да го ажурира своето членство или да се зачлени ќе може тоа да го направи во општинските комитети.

Од 1 септември до 30 ноември, секој ден од 17:00 до 20:00 часот, нашите општински комитети ќе бидат отворени за членовите и за сите граѓани кои сакаат да ни се приклучат.

Личните податоци, како и досега, ќе се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци.

Почитувани,

Во ВМРО-ДПМНЕ ги поврзуваме искуството и традицијата со новата енергија. Ги обединуваме луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ со оние кои денес за првпат сакаат активно да придонесат.

Затоа ги повикувам нашите членови: ажурирајте го своето членство.

А до сите оние кои досега не биле дел од ВМРО-ДПМНЕ, а веруваат дека можат да придонесат за посилна и поуспешна Македонија, нашата порака е:

Твоето место е со нас.

Заедно сме посилни. Заедно одиме напред. Заедно за иднина – Приклучи се!

За ВМРО-ДПМНЕ. За Македонија.

YouTube video

Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Седум недели поминаа, каде е документот за водата во Гостивар?

Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија во болница.

СДСМ: Седум недели поминаа, каде е документот за водата во Гостивар?

Поминаа седум недели.

Каде е документот за водата во Гостивар?

Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај?

Нема одговорни. Го нема обвинителството. Сите на екскурзија.

Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации.

Водата прво беше прогласена за безбедна а по само неколку дена потоа за небезбедна за пиење.

Потоа од владата на Мицкоски рекоа дека може да се корсти само за техничка употреба.

Тошковски спроведуваше хиперхлорирање.

После тоа Ангелов и Клековски кажаа дека има бактерии во водата.

Додека Мицкоски и Клековски беа на екскурзија функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.

Клековски објавуваше некои половични извештаи.

Но, никогаш во овие седум недели не се објавија целосните резултати од анализите на водата.

Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар?

Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на лаги и хистерија

Инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година, СДС ова не може да го поднесе и шири лаги и паника меѓу граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на лаги и хистерија

СДС на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на лаги и хистерија. Очигледно тоа е резултатот кога ова раководство на СДС не може да се помири со реалната ситуација во државата.

И во период на една од најголемите светски кризи на Блискиот Исток, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги задржа цените на нафтените деривати на најниско ниво од земјите во регионот, а има и доволно нафтени деривати и од соседните држави доаѓаат по гориво во Македонија.

Дополнително и состојбата со цените е стабилна. Според Државниот завод за статистка инфлацијата во континуитет се намалува и сега изнесува 2,3 проценти. За разлика од периодот на владата на СДС, кога инфлацијата беше високи 16 проценти.

За почетокот на учебната година пак се донесени посебни мерки. Одлуката на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги обврзува трговците на големо да ги намалат цените за најмалку 10 проценти, а во малопродажба да се намалат најмалку 15 отсто. И мерката опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците ранци, тетратки, блокови, моливи, пенкала, боици, пластелин и слично.

Состојбата во Македонија говори само едно, инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година. И секако дека СДС сето ова не може да го поднесе. Очигледно единствено на што се сетиле е продолжување на серијата ширење лаги и паника меѓу населението.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер