Законот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница - Канал 5

Законот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница

Можни корупциски ризици во предлог законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ гледа Антикорупциската комисија.

Законот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница

По реакциите на граѓанските организации кои побараа стопирање на законот, антикорупционеритее бараат институциите да обезбедат јасни механизми за контрола, отчетност и спречување на судир на интереси при реализацијата на проектот.

-Доколку законодавецот оцени дека е неопходно донесување на посебно законско решение за реализација на проектот, ДКСК укажува дека истото треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност,- - ДКСК.

Иако предлог законот за спроведување на проектот денеска беше ставен на дневен ред пред пратениците истиот уште на старт беше повлечен.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека забелешките на организациите биле дадени без да биде прочитан законот затоа ќе следат консултации по што оставаат можност за амандмани.

-По реакции на опозицијата, донесена е одлука на вонредна координација да се повлече од дневен ред. Закопнот постои во собраниска процедура и ќе се разгледува по летните одмори,- изјави Никола Мицевски – ВМРО ДПМНЕ.

Реакции за законот има и од опозициските партии. Од СДСМ обвинуваат дека со вака поставеното решение ќе се заобиколат правилата на јавните набавки и ќе отвори простор за како што велат тендери без контрола.

-Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер. Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци,- изјави – Бисера Костадиновска Стојчевска – СДСМ.

Од плтаформата на граѓански организации за борба против корупцијата, претходно реагираа дека предложеното законско решение овозможува Фондацијата што ќе го спроведува проектот да биде изземена од Законот за јавни набавки и дека тоа отвора сериозен простор за корупциски ризици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојка преживеала напад на огромна мечка на позната планинарска патека- еден потег ѝ го спасил животот (ВИДЕО)

Професионалната атлетичарка Клер Роудс имала застрашувачка средба со диво животно додека трчала на патеката „Вулверин Боул“ во близина на Анкориџ, Алјаска.

Девојка преживеала напад на огромна мечка на позната планинарска патека- еден потег ѝ го спасил животот (ВИДЕО)

Инцидентот, кој можел да заврши трагично, се случил минатиот четврток, но девојката останала доволно смирена за да се одбрани и безбедно да се врати дома.

Таа не ги открива деталите за нападот

Клер е тркачка по планински патеки (дисциплина на атлетиката првпат призната од ИААФ во 2015 година), кога наишла на огромна мечка.

За среќа, таа носела специјален спреј што го користела за да го исплаши ѕверот, по што тој избегал. Подоцна била однесена во болница со рана на левиот колк, како и гребнатини и траги од канџи и заби на телото, објавува „Дејли меил“.

Таа не сакала да даде детали за „блиската средба“, објаснувајќи дека објавите на интернет честопати носат несакани мислења и коментари за тоа како некој требало да реагира.

„Јас бев единствената личност што беше таму и се чувствувам неверојатно среќна што излегов од тоа со релативно мали повреди“, рече таа.

Клер го опиша нападот како „кошмар што се оствари“, но рече дека е „горда на начинот на кој реагирала на застрашувачката ситуација“.

Таа рече дека можеби еден ден ќе ја раскаже целата приказна.

„Подобро би ја контролирала приказната отколку да дозволам интернет троловите да шпекулираат“, рече таа.

Нема учество на европски натпревар?

Одделот за рибарство и дивеч на Алјаска потврди дека девојката која трчала сама на патеката Wolverine Bowl била повредена на 13 август по средба со мечка.

Биолозите од дивиот свет разговарале со спортистката и ја пребарале областа за мечката и други знаци на нејзина активност.

На местото на нападот биле собрани примероци, но животното не било пронајдено.

Инцидентот се случил две недели пред Клер да се натпреварува во Европа, поточно во Франција. Сепак, по нападот, таа не е сигурна дали ќе може да учествува.

Таа додава дека жали што не ги завршила подготовките како што планирала, иако е свесна дека, во споредба со она што се случило, тоа е најмалку важно.

„Чудно е да се излезе од неверојатно трауматски настан со доволно мали повреди за да можеш сè уште да се надеваш дека ќе се натпреваруваш“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Се води битка за селото Крушевица, 20 тина километри е долга линијата на огнот

Огнот што опустоши делови од селото Чаниште, мариовско, кој беше локализиран попладнево повторно се разгоре и сега линијата на огнот е долга околу 20 километри и тоа од течението на реката Црна до врвот Маргаро.

Ангелов: Се води битка за селото Крушевица, 20 тина километри е долга линијата на огнот

Од Чаниште огнот се шири кон селото Крушевица, кое е на неколку километри оддалечен од огнот, рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во гаснењето на пожарот, освен пожарникарите од Прилеп, вклучени се и локалните жители, кои си го бранат селото. Ќе претстои битка со огнот во текот на целата ноќ.

Во Чаниште не е изгорена ниедна куќа, каде што живееле жители, кои се вратија во своите домови по стресот што го преживеаја. Постои можност да изгорела и некоја куќа, што била викендичка и каде повремено се престојувало, рече Ангелов.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците сакаат да копаат длабоко во Тихиот Океан

Министерството за внатрешни работи на САД во понеделник предложи продажба на концесии за длабокоморско рударство во водите околу Северните Маријански Острови.

Американците сакаат да копаат длабоко во Тихиот Океан

Предлогот е дел од поширока иницијатива на администрацијата на претседателот Доналд Трамп насочена кон обезбедување домашни резерви на клучни минерали, објавува Ројтерс.

Детали за предложената аукција

Администрацијата за морски минерали (MMA) предлага да се стави на аукција околу 271.000 квадратни километри од морското дно источно и западно од територијата на САД во Тихиот Океан. Аукцијата е закажана да се одржи на 16 декември во Калифорнија, а концесиите ќе бидат доделени преку процес на јавно наддавање.

Концесиите би им дале право на компаниите да истражуваат и потенцијално да експлоатираат наоѓалишта на клучни минерали, кои се користат во производството на батерии, електроника и одбранбени технологии.

Вршителот на должноста директор на MMA, Мет Џакона, објасни во соопштение дека предлогот има за цел да обезбеди пристап на Соединетите Американски Држави до минерали кои се критични за синџирите на снабдување, производството и националната безбедност.

Ставот на локалните власти

Во известувањето на MMA за предложената продажба се вели дека службениците ќе ги разгледаат коментарите од гувернерот на Северните Маријански Острови пред да донесат конечна одлука.

Портпаролот на гувернерот Дејвид Апатанг не беше веднаш достапен за коментар. Во јануари, Апатанг испрати писмо до администрацијата во кое рече дека не е против, но не го поддржува, рударството на морското дно. Тој објасни дека за да се заземе став, потребни се дополнителни информации за влијанието врз животната средина.

Пошироката стратегија на администрацијата

Минатиот месец, администрацијата на Трамп, исто така, предложи давање под закуп на повеќе од 125.000 квадратни километри морско дно во близина на Американска Самоа. Овие потези се дел од поширока стратегија за намалување на зависноста на САД од увозот на клучни минерали.

Поделени мислења

Еколошките здруженија се спротивставуваат на длабокото рударство. Тие тврдат дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања за неговите последици врз морските екосистеми. Од друга страна, поддржувачите на проектот истакнуваат дека рударството би обезбедило нови извори на минерали потребни за електрични возила, електроника и воена опрема.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер